Wow bravo zracis so lopatata vo tvoi race мала шега, прочитај се уште еднаш, не се грижи од начинот на кој пишуваш се гледа дека се бориш ама научи дека секој своето чудо на свој начин го бара и сосдава. Се надевам дека ќе успееш со лопатата зш ако не ја фатиш Бог од небо не фрла ништо Поздрав, девојче Инаку мене чудо ми се случило, родив здраво право детенце.
се согласувам со тебе без господ сме никој и ништо. се што имаш напишано е апсолутна вистина. јас отсекогаш сум верувала во бог и ден денес верувам. бидејќи имам лично искуство не само јас туку и сите членови на моето семејство
Од непознатни не примам подароци Нека продолжи секој што сака да прави, ама ако веќе го изнесува на јавен форум, нека очекува и прашања Тоа ти е како да си напишеш на куќата, на фасада нешто, и да се лутиш на поминувачите што гледаат, прашуваат, не се согласуваат...
Јас не очекувам од Бога бидејки верувам во него да ми подари на астал се што посакувам тоа е фактот. Крај краева секој е кројач на својата судбина, како што и кажале " кој што ќе си посее тоа и ќе си жнее" . Но сепак покрај моето верување и почитување на мојата вера јас го наоѓам мирот, спокојот и помошта за работите коишто јас сама си ги создавам и се борам. Ете всушност тоа ми беше искажано и во првиот пост, а и ти го посочив и сега, се надевам дека ќе ја разбереш мојата поента на постот и репликата.
Јас сфатив дека тебе ти доаѓа душевен мир, и тоа не го спорев. Нешто друго беше во прашање, на пример, како се чувствуваш кога знаеш што твојот Бог мисли генерално за женска популација, зошто се образоваш кога тоа ти е забрането - според истиот тој Бог, дали сметаш дека е нормално што жените христијанки не си ја покриваат косата (а треба) и дали си океј со сексуални односи пред брак? Имам уште многу прашања, ама ајде, ќе застанам на овие неколку. Едно е да бараш душевен мир во рекреација, а сосема друго е да тврдиш дека си не знам каков верник, а уствари, селективно да си веруваш и следиш правила посочени од избраната религија.
Верници во Господ затоа што така се чувствуваат подобро, затоа што во црква кога ќе запалат свеќа и ќе однесат дар си го наоѓаат мирот, затоа што кога ќе згрешиш и ќе му се покаеш на Господ простено ти е (игнорирај го слободно тој на кој си згрешил, небитен е), битна е само твојата совест, а си ја периш преку верба во Бог. Освен за своја корист, што друго почитуваш од Божјите книги? Ова општо прашање за сите.
Според мене ја претеравте малку ... јас не одам во црква баш редовно, не постам ама се сметам себе си за верник. Еве сега едно прашање,што направиле тие луѓе што одат во црква? Холокауст ??? Дај, не зезајте, веројатно има и такви што сметаат дека Бог простува што и да сториш ама не верувам дека е така, што исто така не ви дава за право да ги исмевате оние кои одат во црква, немате основа за тоили имате и која е таа ако смееме да знаеме ?
@CameliaMiller jas se soglasuvam so tebe no ne mi e jasno kaj pisuva deka ne treba da se obrazuvame...???
^ Не ги исмевам, и јас знам да влезам во црква, да запалам свеќа, ова ретко го правам и тоа кога сум на мака нешто ме влече. Демек сега ќе го поткупам Бог со една свеќа или зејтин, ќе ме види така натажена, ќе се смилува и опрости се што не сум правела по негови правила досега и ќе ми ја олесни маката. Небитно дали одам ретко со ваков став или дремам во црква дури не ми ја подобри ситуацијата, исто е. Лицемерна сум, или си барам утеха само. Ама јас сум свесна што правам, си признавам и не велам дека сум голем верник. Или од голема несигурност во себе и страв огромен од животот ќе одам комплетно по негови правила затоа што сама не си ги знам границите? Ова за големите верници кои скоро опседнати се со вербата во Бог. Можеби не знам точно што треба да претставува вистински верник, ама има многу што се декларираат како такви, тука на форумот исто, а немаат ниту скромност ниту покорност каква што би требало да извира од нив, за трпение и други карактеристики ич да не зборам, па како да се убедам? Дека постат, одат во црква и тераат обичаи?
За мене вербата е индивидуална работа и за да се молиш според мене не мораш да бидеш во црква, Бог е секаде, а пред се во нас. Не знам ни јас што е идеален верник, само да не е човек фанатик во билокоја вера. Верувам дека вербата не ти ја одезема СЛОБОДНАТА ВОЉА, Бог те остава да избереш и чудно ама ми се чини некогаш точно сме одбрале по кој пат ќе одиме и она што треба да се прегази што се вели во животот порано или подоцна ќе биде и ако не во овој живот во следниот. На овие теми со години читав, истражував, прашував да си ги најдам одговорите и дојдов до нив на некој начин. Така што релакс, основно е да се почитуваме меѓусебе и да се помагаме во животот.
Зависи во кој Бог веруваш Ете ти припаѓаш на христијанска религија, и основата на христијанството е Христ, Месијата, Спасителот. Би требало Тој како основа на твојата (или нечива)вера да биде водич во животот, неговите учења, неговиот пример додека беше на земјата, Тој ЧовекоБог. Библијата учи дека Исус дојде на Земјата да спаси "болниот" (на здравиот не му треба лекар), да спаси грешниот, бидејќи некој да е совршен во своето поведение, тогаш не би имал потреба од Спасителот. Понатаму, тој што верува дека Исус е Негов Спасител, кој му дава вечен живот ако верува во него, и го исповеда и со устата и со срцето, би требало да го менува својот грешен живот и навики, не затоа што Бог му наредил, туку од љубовта кон Бог затоа што го спасил од гревот и пеколот. Значи, за мене Бог не претставува ништо посебно од она што го праша во погорниот пост. Тој е небесен Татко, кој се грижи, кој сака и кој ми посакува најдоброто. Јас како љубено дете кое го почитува својот Татко не би сакала да правам нешто што не е добро за мене, ниту мојот татко да не се гордее со мене. За мене вербата е однос, взаемен.
Јас веривам али ипак неможам да кажаам многу али пак верувам секад кога ќе ми е тешко си плачам и си викам ГОСПОДЕ БОЖЕ СЧУСНИМЕ И ГЛЕДАЈ МЕ И ЧУВАЈМЕ ОД НЕВОЉИ!!!! ЧУВАЈ ГИ СИТЕ ПА И НА МЕНЕ
Не пишува дека не треба да се образува, но пишува дека не смее да образува други, не смее да има авторитет врз маж и треба да молчи. Ова е една од причините зошто не го сакам Христијанството за своја вера. Исто така, анадр фан фект: не смеете да зборувате во црква Не знам за вас, ама јас не би живеела по вакви правила поставени од рандом луѓе во историјата. Сега, покрај толку научни докази, објасненија за скоро сите природни појави, не можам да сфатам како уште, упорно верувате дека некој надмоќен маж го контролира светот и тој е објаснение на сè што се случува со вас и околината.
^^ Библијата може да биде многу контрадикторна ако се чита вон контекст и ако не се земаат сите фактори како и кога е напишана. Таа е пред се историска книга и како таква треба да се проучува и чита. Ако апостол Павле има кажано дека жената треба да биде тивка во црквата и / или да молчи, а на друго место ја поддржува службата на Прискила и Фиб (жени) и ги смета како за своите соработнички, значи очигледно е дека постои причина поради неговата изјава и дека нема ништо против жените. Тој пишува писмо до една од црквите во тоа време, знаејќи ја тогашната културна состојба, проблеми и поредок во црквата. Пример во тоа време мажи и жени седеле во црквата едни наспроти другите. Жените комуницирале со мажите така оддалеку, па за тоа што ги интересирало требало дома да го прашат мажот. Никаде ни во Стариот Завет во Законите не постои наредба од Бога жените да бидат во потчинета положба. Напротив има многу жени кои воделе Божјиот народ и/или биле вклучени на некоја функција за водење луѓе во славење Бога. Историска позадина на спорниот стих од Тимотеј 2:12 е дека во време на пишување на ова посланието, Христијанство се брзо ширило и верниците претставувале непријатели помеѓу Римјаните и Евреите, а токму во нивниот поредок жената беше во пониска положба. Ако би жената поучувала мажите во таква средина, таа автоматски ќе била во опасност знаејќи како Римјани и Евреи гледале на жените. Павле всушност ги заштитува жените. Ако се погледне пишаното од тој аспект приказната добива потполно друго значение. Ово само накратко, нафрлани мисли. Пишувам од мобилен. Не може се Библија читати така стих по стих. Постојат луѓе, теолози, кои ја студираат на нејзини оргинални јазици, на Еврејски и Грчки, секоја книга ја тумачат земајќи во предвид времето, културата, настаните кои го одбележувале времето во кое една книга/послание е напишано, за да се добие вистинскиот контекст. Наравно, постојат и такви кои ја тумачат како нив им одговара и на неуките им ја пренесуваат "својата порака". А тоа се случува со векови. Интересно е и многу битно дека тие раните манускрипти во Новиот завет, на изворен јазик, се во тоа време пишани без интерпукциски знаци. Тие покасно беа додавани при преводите, а знаеме колку смисол на една реченица може да се измени само со една запирка. Во едно сум уверена: Бог никогаш не направил жената да биде помала во однос на мажот. Луѓето во текот на историјата да, ама Божјата првична намера не беше таа. Ние сме создадени два пола, со различни улоги да, ама рамноправни во очите на Бога.
@Sky-butterfly Ubavo objasneto. No zoshto Bog e definiran kako mazh? Zar mozhe mazh ili voopshto lichnost da bide prichina za postoenje na svetov?