Тимотеј 2: 9 - Исто така, сакам жените да се облекуваат пристојно, а притоа да бидат скромни и разборити, да не се украсуваат со плетење на косата и со злато или со бисери, или со многу скапа облека, 10 - туку со добри дела, како што им прилега на жени кои велат дека го почитуваат Бог. 11- Жената нека прима поуки молчешкунм со потполна подложност. 12 - На жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку нека молчи. Еве накратко. Опасна работа. А носиш злато? Се украсуваш себеси (со облека, накит, шминка)? Како стоиш со сексуални односи пред брак? Ќутиш и се придржуваш кон Петар 3-1: „Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови.“ или? Абе мене ептен ме здоболува што грдни пари во земјава се даваат на цркви, споменици и врагови. Не му треба на овој народ црква. Книга му треба, книга, да се описмени, да се мрднеме од дувлово во кое сме. Иначе, реков, едно е да се релаксираш во црква, друго е да веруваш дека не си доволно добра за некого (Бог) и цел живот треба да се осеќаш како грешник. Ајде, кажи ми, како ќе ги образуваш новите верници, освен ако не ги читаш официјалните преводи - МПЦ? Кој стих сакаш да го разглабаме колку е буквално или небуквално сфатен? Дали сметаш дека верниците треба селективно да си ја сфаќаат Библијата? Што не е буквално во 10те Божји заповеди? Да, да, хирургот со раѓање сфаќа како да оперира Не бе душо, со многу учење, многу неспиење, така се станува хирург, молитва нема да го направи истото. Башка, скоро сите горе-доле се раѓаме со иста интелигенција, зависи кој за што (и дали) ќе ја употреби.
Не се сеќавам дали претходно ја имам отворено темава, случајно налетав на неа и ги прочитав последните неколку страни. Искрено, не очекував дека ќе прочитам такви грди зборови, особено од некои помлади членови. Па и да не верувам во Господ, Исус, Алах, или едноставно некоја натприродна сила и енергија, никогаш со такво потсмевање и таков речник не би зборувала за ничија религија. Кој во што верува и кој во што го пронаоѓа својот мир, е негово право на избор. И не разбирам зошто некој некого би убедувал и би поентирал во темава зошто верува во Господ. Не знам како да ви објаснам, ама вербата е чувство кое го носиш во себе, едноставно го имаш. Не се учи од книги, не се чита на интернет. Затоа бесмислено би било да се аргументира.
dobro kaza i e tocno deka taka pisuva deka zenata ne treba da se nakituva da se bla bla no ne znam kaj pisuva da ne se obrazuvame....inaku se soglasuvam so @butterfly* gospod e ni pomaga preku hirurg ili nekoj drug doktor zosto gospod go e sozdal da bide toa i da pomaga na lugeto a sekako deka gospod e so primer so toj hirurg za da bide se ok....
Nemam namera da se zamaram so tebe,ako gospod ne mu pomaga da svaka i 100god da uci pak nema da nauci,od spermatozoid kako nastanuvaat lugeto,zarem toa ne e bozja darba na mazite,ako nemalo gospod nemalo da postoime nitu nie,ajt ne zamaraj poveke i pred da citiras procitaj ubavo sto sum pisala a pos citiraj pozz
Форум е - колку сакам ќе цитирам и ќе дискутирам, белким еден ден ќе научиш. Господ не му помага да сфаќа, душо, да имаше грам образование во тебе, или да си обрнела малце внимание на часовите, ќе знаеше како се “добива“ интелигенцијата. Иначе, ако не знаеш научно, бар теолошки нешто знаеш околу сперматозоидите, или онака ти дојде да си кажеш?
Dali go procita mojot post kade sto ne te citirav a ti si me citirala?I da forum e samo koj te saka na forumot koga so site se kontras i gi provociras,a jas ne ubeduvam koj saka da veruva neka veruva si gledam za sebe zatoa i ne te citirav,i fala sto me rasoni vaka nautro
Жената во многу биолошки процеси е посилна и побогата од мажот, но во процесот на преживување, опстанок во природата, ловење, војување, одбрана од друг маж и милион други работи мажот доминира не затоа што така сака, туку затоа што тоа му е природната улога. Не случајно жените сакаат високи и крупни мажи, затоа што тоа ги асоцира на заштитник, на доминантност, на маж. Самиот збор рамноправност е научно неиздржано ако толку се повикуваме на науката, а не на религијата. Можеби еднакви можности, но рамноправност никако. Со самото време поквалитетните единки ќе се издвојат, затоа што тие ја имаат улогата на лидери. Ние имаме потреба од лидери и духовни водачи. Многу работи во Библијата се со научно покритие. Не случајно и многу научници биле и се дел од Православието. Луѓе коишто поставиле научни стандарди. Зарем Чепреганов е неписмен човек? За да не би одел со светски научници и доктори, туку еве со наши локални. Ако зборуваме околу образованието теолошките факултети се едни од најтешките. Не затоа што нив ги подготвуваат да го лажат и манипулираат народот, туку затоа што тоа е обемна духовно-филозофска надградба која бара многу време и љубов, но никогаш нема да бидеш совршен верник, туку искушението ќе го бараш целиот свој живот. За себе не би рекол дека сум православен, затоа што православен не е одење во црква заради рекреација и попатна станица за до кафич или дискотека, туку животно искушение и духовна надоградба надвор од сите животни клишеа. Почитување на православието како традиција на своите претци и верување во православието се сосема две различни работи. Во Македонија многу мал број луѓе веруваат во православието и секојдневно се надоградуваат духовно. Дали Православието нам не учи дека жената треба да е понизна и потчинета на мажот? Ниеден православен маж кој го живее светото писмо нема да дозволи неговата жена да е духовно и физички повредена и празна, затоа што знае каква светост е жената во светото писмо. Таа блажена жена која ќе ти роди пород, дечиња, ќе те надогради како татко, ќе биде твој духовна мека во животот, со својата љубов и насмевка секој ден ќе те полни со енергија за да ние мажите сме секогаш на вистинскиот пат во животот за да ги пораснеме нашите поколенија во чесни и храбри луѓе, патриоти и родољубци, добри и среќни луѓе задоволни самите со себеси. Не го сфаќај православието како верување во фигура и страв од истата, туку како твоја животна духовна надоградба и филозофија. Православието треба да биде избор и потреба, а не обврска. Никогаш не го сфаќај православието како обврска, туку како твоја духовна потреба, твое духовно катче да останеш сама со себе.
@Крадам Шахти , многу убаво напишано, се согласувам, но би сакала да го истакнам овој дел од твојот коментар Ова важи буквално за сѐ, не само за религиите, и не само за една од нив. Кога некој човек започнува да чекори по еден пат, верувам дека треба целосно да се посвети на него. Вербата во себеси е најбитна, тоа е основниот фактор кој за жал многумина го занемаруваат, па се обидуваат да се пронајдат во други нешта, притоа губејќи се себеси. Затоа пред сѐ, треба да започнеме од себе.
Убедувањево за тоа кој е во право на темава, ме потсети на еден интересен дијалог од книгата ,,Светот на Софија” од Јостен Гордер. Руски космонаут и Руски неврохирург ( мозочен хирург ) еднаш си седеле и дискутирале за религијата. Космонаутот бил атеист, а неврохирургот христијанин. Космонаутот вели вака: ,,Многу често сум бил во вселената, ама ниту еднаш го немам видено господ, ниту некакви ангели.” Неврохирургот му одговара на тоа : ,, И јас имам често оперирано мозоци на паметни луѓе, но ни еднаш не сум видел ниту една мисла. “
Одличен одговор, конечно! Баш така - некој кој го познава христијанството, никогаш не би бил како квази вернициве, што поим немаат ни во што веруваат. Било која религија, која е сфатена како философија на живеење, а не како беспрекорна понизност и покорност кон невидливо и недокажано битие, не е воопшто порозна - напротив, можеме дури да забележиме одредени позитивни карактеристики дирекно придобиени од таквиот начин на живот. Ама, мавањето од гради со крст на чело дека се не знам какви верници, а истовремено ги мразат свекрвата и золвата, носат зејтини и чорапи по цркви, и никако, баш никако не се однесуваат во склад со религијата која ја избрале - тие се, крајно и недвосмислено, неписмени луѓе, во најмала мера неписмени за она за кое се удираат во гради најмногу.
Неинформираноста е страшна работа и често те води на друга страна. Црквата како институција гледа што повеке да огребе, а нашиве верници ( кои поим немаат како излгда свтото писмо) ги слушаат поповите, бабите и тук там по некоја комшика. Па оставаат еден куп глупости како маици, кошули, зејтини, шекери, чорапи, крстиња итн и мислат дека го завршиле делот пред Бога. Не. Ништо не направиле освен што покажале себичност. Наместо тие глупости да ги оставаат во црква- која подоцна ги продава за повисока сума, би било многу по христијански, кога би ги дале на семејство кое нема. Арно ама некои не ја свакаат пораката на Бог- дека тој е љубов и дека само преку ДЕЛАТА ние ке го најдеме вечниот мир, Не го разбираат делот на несебичност и помош. Често во црква се носат погачи на пеење и после ги носат дома за да ги споделат со блиските ( за здравје), а скоро на никој не му текнува да земе тој ден вреќа брашно, или пак ако нема толку, барем да купи уште 2 погачи и да ги даде на сиромаси, на сирачиња или да појде до болница и да ги подели на болните. За Велигден има семејства кои не може да си дозволат да имаат на маса 100 грама месо, за Божиќ немаат за сарма. Тогаш зошто јас да палам свека од 150 ден кога можам да дадам на некој што нема, па бар пола кг мелено месо да купи. Ке запалам од најефтините кога веке “така треба“ Вујна ми ми се налути дека облеката што ми е сочувана, ја носам во манастирот во Рајчица ( пошто веке не носам во црвен крст бидејки си ги делат меѓусебе), наместо да и дадам на братучедка ми. Таа има исто колку и јас и може се за си дозволи, но во манастирот има девојки кои го изгубиле својот пат и сега се борат да се вратат на правиот. Многу од нив изгубиле се што имале и навистина им треба тоа парче облека. Не оставам пари по цркви и манастири ( освен некоја ситна сума од 100 ден), но затоа никогаш не ми е проблем да однесам 5 кг ориз или компир. Бар знам дека нема владиката да ги собере за новото бмв.
Дали модерниот феминизам и атеизам ја долови родовата рамноправност, ги “ослобди“ жените од православните патријахални стеги или од жените создаде нови мажи? Дали модерниот феминизам и атеизам ја почитува вашаа женственост или на секаков можен начин се обидува од вас да создаде мажи, да ве облекува како мажи, да изгледате како мажи, да мислите како мажи? Дали модерниот феминизам и атеизам ги направи жените посреќни, побогати, духовно и физички побогати? Феминизмот го ставам во оваа конотација, затоа што секогаш е анти православно настроен. Статистиките од западноевропските земји каде што има поголема популација коишто се декларираат како атеисти покажува дека разводите се зголемуваат, насилството врз жената е во пораст, анксиозност, депресија и самоубиства кај жените се во константен пораст, употреба на алкохол и опојни дроги е во константен пораст, генетски, полови и стерилитетни болести се во постојан пораст ( заради зголемената животна доба кога се стапува во брак) и др. Денешната филозофија, психологија и социологија не учат на секаков начин дека мажот и жената се еднакви како род и пол нарекувајќи го тоа како еволуција на свеста сведувајќи ја жената на средство за работа во име на еманципација создавајќи илузија за своја економска, политичка и родова независност. Да не зборувам само колку системот денес ја убива женската природа и сака да ја тргне од нејзе и да им ја одземе една од најубавите природни работи коишто ја чинат жената посебна-мајчинството. Тоа доведе до разорни психички и физички последици по многу жени коишто во доцните години се обидуваат да станат мајки. Колку модерниот атеизам ја почитува женската изворна убавина? Девојки, колку пати ви се случило во друштво на мажи да бидете третирани како парче месо коешто цела вечер се обидуваат да ве одведат во кревет, а вие толку убаво се трудите да бидете само рамноправна со нив и да зборувате за сериозни теми или било што? Дали такво нешто сте доживеале во угнетувачките православни цркви и манастири? Не е ова некоја теза дека атеистите се зли луѓе без никаков концепт на постоење. Далеку од тоа, далеку... Познавам многу луѓе себе декларирани атеисти, а живеат православно. Нив Бог многу повеќе ќе ги награди ( хипотетички зборувам). Мојата баба беше заколнат атеист, комунист, дури поп не пееше на погреб, но далеку под нејзината перница таа си чуваше икона од Мајка Богородица за да не чува нам блиските од сето она што може да не повреди. Тоа никако не ја потврдува тезата дека Бог постои или не постои, но си имала некое народски кажано терало кои најверојатно духовно ја смирувало. Беше многу добра жена.
Бог нема пол. Тој на многу места се претставил во улогата на таткото, ама има места каде се претставува и како мајката. Не како пол, туку ги истакнува особините на таткото и/или мајката. Ако мислиш зошто се нарекува Троедини Бог, како Таткото, Синот и Светиот Дух, тоа Таткото и Синот повеќе означуваат еден божествен однос, една релација, поврзаност. Не дека таткоto е битен, а мајка не. Друго, Исус (Божји Син) дојде на Земјата како маж од повеќе причини. Гревот на светот влезе преку човек Адам, преку човек требаше да дојде исцелување (спасение). Месијата кој се чекаше требаше да заземе тронот на цар Давид, а тоа требаше да е машко. Некое друго објаснување сметаат дека Исус требаше да е машко за да може да одолее на сите искушенија за да човекот може да биде оправдан. Нели Адам згреши бидејќи поклекна пред својата жена Ева, машка слабост на жените : Шега на страна, јас не сум школуван теолог и ова се само моите размислувања и она што читав на оваа тема. Секако, дека од Бога не доаѓаат поделби, машко и женско е еднакво пред Бога. Впрочем, да беше доволен само маж на овој свет, не би било потреба од жената. Божјата замисла е овие два пола да се надополнуваат, оно што нема едниот да има другиот, и затоа се вели дека двајцата ќе станат едно тело (не во физичка смисла ) туку во секоја сфера. Убаво е да прашуваш, убаво е да размислуваш. Јас на пример кога читав Библија (не дека престанав да ја читам, ама немам многу време да и се посветам) читав повеќето преводи. Например, на англиски NIV (new international version), NLT (New living translation), Amplified Bible (со фусноти за објаснување и студирање), King James i New King James ми се многу тешки, потоа превод на македонски и еден на српски/хрватски. Ќе прочиташ некој стих на еден јазик, ќе го прочиташ истиот на друг превод и ќе ти даде уште една перспектива. Тоа само како сугестија ти давам, да пристапиш без предрасуди и самата да истражуваш. Некој спомна МПЦ. Не знам, не сакам да навлегувам во учењето на православната црква и да кажувам што функционира и што не, само сакам да споделам она што лично за себе сум спознала и во што сум уверена и дека верувам во Господ од длабочината на мојата душа, не затоа што некој така ми наложил или сум родена во такво семејство, па по дифолт и јас сум во таа религија. Беше погоре цитиран стих каде апостол Павле дава инструкции дека жените треба да молчат и како да се однесуваат. Тој истиот Павле на друго место изјавува (парафразирам) дека нема веќе машко, женско, роб, или слободен, Јудеец или Грк, сите се едно во Христа Исуса. Сака да каже нема поделби, нема да е еден побитен од другиот, еден привилегован, другиот не. Од човекот доаѓаат поделби, од Господ не. Сепак, никогаш не можеме да знаеме сите одговори, на мене како верникот не ми е толку битно, не можеме да проникнеме во Божјиот ум и неговите мисли, ама верувам дека еден ден ќе ми се разјасни повеќе. Моја препорака е дека секој сам за себе треба истражува, никогаш да не прифати нешто наметнато, ама смирено да бара одговори. Сепак, верата доаѓа преку слушањето (читањето), читањето ни дава откровенија, ни го продлабочува ум и отвора нови димензии за кои не знаевме порано, ако пристапиме само со отворен ум и без предрасуди. Има многу да се пишува, и пак не може да се сподели се, дури може и да биде сфатено поинаку од што треба, затоа темава не е добра за дискусија, барем за мене, многу е подлабока и навистина захтева вистинско интересовање и почитта пред се.
Види, не треба да си верник за да бидеш човек. Затоа секогаш го викам истото - луѓето кои ја познаваат сржта на христијанството, знаат дека МПЦ нема врска со она што христијнството го проповеда. Католичката црква во РМ е најблиску до она што тврди дека е - пример, за погреб, црквата ги покрива сите трошоци, додека МПЦ има да те одере бре, по тарифа дере. И кутар народ плаќа, е тоа е тоа што пржи! Најјаки верници се оние кои во двор црквички си градат, а до нив, прв комшија, скапува во мизерија. Се додека куќите на поповите се најубави и најраскошни во заедницата, МПЦ е на крив пат. Самото христијанство поучува на скромност: Матеј 19:23 - Тогаш Исус им рече на Своите ученици: Навистина, на богатите ќе им биде многу тешко да влезат во небесното царство. и повикува на хуманост: Лука 6 34 - И ако им позајмувате без камата на оние од кои се надевате дека ќе го добиете назад, каква заслуга имате? И грешниците им позајмуваат без камата на грешници за да им се врати исто толку 35 - Туку, сакајте ги своите непријатели, правете добро и позајмувајте без камата, не надевајќи се на ништо, па вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Севишниот, зашто тој е милостив кон неблагодарните и кон злите. 36 - Бидете милосрдни, како што е милосрден вашиот Татко. Што се однесува до Рајчица, еве еден поздрав и до сите незапознаени, на тие битија таму им е потребна и облека, и зејтин, и хулахопки и пешкири, наместо да ги оставате во локалните апашки цркви, подарете им на нив. @Крадам Шахти јас живеам поправославно него повеќето православни што ги познавам, ама таква ни е средината, затоа викам јас книга треба на народов @Papillon.Papi Бог не е дефиниран како маж или жена, туку повеќе е игра на зборови во преводот - затоа и малце е нејасен почетокот Мојсеева 1 26 - Потоа Бог рече: Да направиме човек според нашиот лик, сличен на нас, и нека владее над морските риби, над суштествата што летаат по небото, над домашните животни - над сета земја - и над сите други животни што се движат по земјата! 27 - Тогаш Бог го создаде човекот според својот лик, го создаде според Божјиот лик - ги создаде машко и женско 28 - Потоа Бог ги благослови и им рече: Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја, и владејте над морските риби, над небесните суштества што летаат и над сите суштества што се движат по земјата! 31 - Потоа Бог го погледна сето она што го беше направил, и гледај, беше многу добро. И дојде вечер, и дојде утро — шести ден. Мојсеева 2 5 - А на земјата уште немаше никакви полски грмушки и уште не беа никнале никакви полски растенија, бидејќи Јехова Бог уште не беше пуштил дожд на земјата и немаше човек за да ја обработува земјата. 6 - Но, од земјата се креваше магла, која ја наводнуваше целата површина на копното. 7 - Тогаш Јехова Бог го направи човекот од земниот прав и му дувна во носниците здив на животот, и човекот стана жива душа. 20 - И човекот им даде имиња на сите домашни животни и на сите небесни суштества што летаат и на сите полски диви животни, но за човекот не се најде помошничка како негово дополнение. 21 - Затоа Јехова Бог пушти длабок сон врз човекот и, додека тој спиеше, му зеде едно ребро, а местото го затвори со месо. 22 - Од реброто што го зеде од човекот, Јехова Бог направи жена и му ја доведе на човекот. „Сличен на нас“ е исто игра на зборови, кои малце чудно звучат вака на Македонски Не се мисли на неколку Богови еден до друг седенка А вака делува дека некако два пати човек направил, првиот пат според својот (нивниот) лик - и маж, и жена, а вториот пат е кога го прави машко, па му прави жена од реброто
@CameliaMiller токму тоа е поентата. Но види ова, ти велиш дека не треба да си верник за да бидеш човек. Точно. Но Христијанството те учи да бидеш човек. Безразлика дали е некој верник или не, мирот и спокојот побрзо се најдуваат кога споделуваш, отколку кога сам си подаруваш. За МПЦ како институција нема да зобрувам а исто и за нашиве свињести попови ( па кој сака нека се лути) освен за монасите и калуѓерките-оние навистина посветените. Сестра Атанасија во Рајчица секојдневно готви, чисти, го отвара манастирот, држи литургија, ги помага девојките кои се тамо и се моли за сите. Изравотува рачни гердани, нараквици итн. Зошто ја споменав оваа калуѓерка. Има девојка која денес ми паѓа фамилијаа од страна на мм беше зависничка од хероин цели 5 год. Пред некои 3 год кога веке го допре дното, овој манастир и беше последна надеж. Да не опишувам каква беше девојката јасно ни е на сите. Тамо беше цели 8 месеци и со помош и молитва на оваа сестра, таа се спаси, излезе од пеколот. Веке 6 месеци е мажена и бремена во 4 месец. Не работи, но нејзиниот маж работи. Пред два дена се слушна со мм и кажа дека подигнале кредит од 3000 евра за да го уредат станчето, зошто ете си чекаат принова и си почнуваат нов живот. Девојкава не се препознава. Толкава смиреност има во неа што не можам да ви опишам. Ете вербата во Бог и помошта од овие сесрти спасија живот. Од неа научив за овој манастир пред 3 год, до тогаш ми бесе само познат.
Знам за Рајчица, моја позната и драга личност остана жива благодарение на манастирот. Бек он топик, човек учиш како да бидеш дома, многу пред да можеш да ја сфатиш концепцијата на било која религија. Дома кај мене бар, никогаш не била присутна религијата, па сите деца од таа фамилија израснавме во луѓе кои се или атеисти или агностици, нема верници, ама и сите до еден студиравме и работме работа која е дирекно поврзана со помагањето на останатите луѓе. Некои вредности се негуваат независно од присуството на религијата. Моите родители никогаш не ја прочитале Библијата, ама на попис ќе се пишат православци, оти така е редот Јас повеќе пати во мојот живот ја прочитав, затоа што на различна возраст различно ја разбирав или не ја разбирав, ниту мене ме направи тоа верник, ниту моите атеисти. Секако дека проповедите се еден од начините, меѓутоа за мене барем, тоа е опасен пат каде што кај детето може да се всади чувство на пониска вредност, плашливост, премала самодоверба (се е во божји раце) итн. Преферирам малце помалку идеалистичко гледање на работите, колку сакаш биди ти добар, ако сам не се избориш, нема Бог ништо да ти даде. Додека се молиш, можеше да направиш нешто, итн. Со други зборови, почитувам религија со дела, а не со молитви.
Го подржувам твоето размислување и помошта што ја даваш на облека во манастирот како и на тоа да се помогне на некој што стварно нема,ете на пример мајка ми ја дава мојата облека и нејзината на една женичка што е сиромашна и таа си ја носи додека пак свекрва ми ја чува во вреќи на таван и скапува глувци ја јадат барем во црвен крст нека ја дава барем некој ќе ја носи а вака скапува али тоа е се е до човекот и неговата душа,иначе и јас сум за да не се оставаат пари по црквите и манастирите доколку имам и ссакам некако да помогнам ќе дадам на луѓе на кои навистина им требаат тие пари дали се работи за болни или гладни затоа што ниту еднаш немам слушнато на вакви луѓе црквата да им излегла во пресрет да им помогне ,знам дека по манастирите само се организираат трпези во кои може гладниот да се нахрани ,така да мислам дека на овие луѓе им се многу потребни пари отколку на црквата што после ќе ги собере некој.
Со делот од текстот кој го исеков се сложувам целосно. Човек можеш да бидеш и без религија. За болдов е сосем точен. Останатиов текст за децата. Многу родители погрешно го толкуваат постоењето и значењето на Бог. Поради тоа и на децата им кажуваат дека Бог ке ги казни ако лажат, крадат, не јадат итн ова како пример. За тоа децата уше од мали или им е всадува страв или пак дигаат баиера и го потсевсно сакаат Бог да не постои. Негирањето на Бог ги ослободува од тие стравови за казни. Родителите ни сами не се свесни дека Бог е љубов а не казна и судија. ТОЈ не суди, туку ние си пресудуваме. Тој е трпелив и чека. Чека ние да го побараме и тој да дојде во нас. Чека да се покаеме и да не прими кај него. Спојлер: . Често пати сите слушаме дека добрите порано заминуваат од овој свет, а лоите живеат долго. Што е животот во споредба со вечноста? НИШТО. Добрите се очистени од гревовите, душата им е мирна и заминуваат каде е вечната љубов, мир,спокој. Лошите пак живеат долго, доволно долго да поминат многу маки, страдања, загуби..... Јас често размислувам вака. Ке дадам пример. Имав другарка која почина пред 2 ипол год, Цел живот бевме заедно, тоа беше вистинско пријателство. По смртта нејзина откако го поминав периодот на сите се виновни, мојот гнев кон светот, Бог, опшеството, пријателите итн, потоа периодтот на тага, дојде периот да размислувам на пошироката слика и тогаш дојдов до оваа мисла- дека чистите и праведните си одат побрзо. Да признавам, многу беше подобра од мене. И мене баба ми ми викаше дека ако не јадам ке го налутам дедо Боже и ке ми дадеше пример: ке врне, ке грми, нема да ти даде оваа,она. Секако таа знаеше од што се плаши едно дете и што посакува. Комунизмот на овие простори остави голем траг. Црквата го исскористи периодот после тоа и не изремети до крај. Немаме ние мисионери на нашиве прсотори, оние кои те учат на православие. Имаме секти како јеховини сведоци, црни ружи итн. Точно е и тоа дека Бог нема ништо да ти даде, но ако побараш тој ке ти каже како да најдеш и каде да бараш. Молитвата е разговор со Бога. Баба ми кога и да одеше во црква ( сега е многу стара) секогаш шепотеше погласно, Господе личен и бричен бла бла дај ми малку појше пари, здравје за децава бла бла. Ниту еднаш не се заблагодари за тоа што го има, ниту пак знаеше како духовно да го побара тоа што го нема. Мене ми е глупаво да едам пред икона од св Никола а да барам од Бога пари. Мислам ми нема логика. И ова молењево на светциве е малку чудно.Луѓето не знаат дека кога се молиш на светец, ти му се молиш да ја пренесе твојата молитва на Бога, а не на светецот. Само Бог може да даде. Е сега има и верници без религија. Почитувам и тоа. Едноставо се моли на Бог, знае дека постои ама не меша религии, закони, светци, пости итн. Ок негов избор. Мислам дека потсвесно и ти спаѓаш во овие. Очигледно не се пројандуваш во православието, затоа и зборуваш општо за христијанството. Ок и тоа е супер. Бог е тука за сите и сите ги сака. Точно. И сигурна сум дека на мајка ти и е многу подобро во душата кога помага на таа жена, отколку на свекрвати кога оди во црква. А и помило му е на Бог, пошто тој не е во градбите од дрво и камен, туку е во нас и на секаде околу нас.