Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    305 глас(а)
    15,6%
  1. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    не се согласувам со тебе бидејќи бог е еден и единствен и на сите нас ни помага и е наш спасител. за тоа дека не треба да се образуваме не е точно, на маж се молчи само кога е во право а иначе не
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Жените не смееле да ги прашуваат мажите јавно за време на службите некогаш кога биле одделени за време на службите ( и денес е ова практива во св Јован Бигорски), за тоа е и кажано да си прашуваат дома. Ама за ова треба многу да се пишува а немам време. На почетокот на основањето на црквата имало и жени ( свештенички) кои ги држеле литургиите, но подоцна е тоа укинато ( некои велат пред инквизацијата, а некои околу 8 век) поради што мажите не можеле да се молат искрено додека жената им будела настрани мисли.
    Има повеке теории за ова но нејзе, денес црквата си прави и кажува како нејзе и одговара.
     
  3. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Верувам многу.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775

    Види, ти го доживуваш Бог како љубов, тоа е сосема океј, ама во Библијата воопшто тој не е толку полн со љубов, напротив, своите поданици ги учи на страв. Од друга страна, Господ им е узречица на повеќето, па бабиве со Дедо Боже катадневно кршат едно од најбитните правила

    Излез 20:7 - Не ќе Го изговараш напразно Името на Господа, твојот Бог, зошто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото Име.

    Останатиот дел од твојот пост се однесува на лично доживување на религијата, тоа не можам да го дискутирам, затоа што е нешто лично и интимно, а не институционализирано :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    bog da cuva bog ne bil ljubov e kako gi uci na strav cccc....
     
    На Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Извадокот што е во самиот пост, ти звучи како казна или како љубов?
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Камелиа со еден извадок не се порекнува се останато што Бог го љуби. Не ме разбирај погрешно но навистина зар нема такви “верници“ кои на лага или на празно се колнат и во Бога? Зошто таквиот да не биде казнет. Бог ги сака сите, но ако некој не го сака него и прави богохулие тогаш нека биде и казнет.

    Според зборовите на Светиот Дух, нашиот „Бог е љубов“ (16.03.2014)



    Ревноста е огнена; духот кроток; љубовта милосрдна или, подобро кажано, всушност таа е милосрдие; надежта е долготпелива. Ревноста пламти; духот нѐ прави кротки; надежта нѐ оживува; љубовта нѐ поврзува и не дозволува да се раздвои она што кај нас е прекрасно, иако по природа ние сме разделени. Љубовта: таа, или престојува во срцето, постојана е, или, колебајќи се, повторно станува, или, ако се оддалечи, повторно се враќа. Таа личи на растението кое ако насилно го згазиме, а потоа ја дозволиме неговата слобода, повторно раззеленува и се враќа на претходната, незгазена состојба. Со тоа растението го покажува својството според кое можеме насилно да го скршиме и згазиме, но не можеме да го исправиме. Вистина е дека порокот преку природата ни е придодаден, а склоноста кон лошото е многу силна; тоа е потокот што се бори со стрмнината; тоа е лесно запаливата трска или барската трска која од искрата се претвора во пламен и согорува; огнот е пород на создаденото, го истребува како што порокот ги уништува порочните луѓе, но истовремено и исчезнува со нив, бидејќи тие, всушност, му се храна. Ако некој, пак, се втемели во доброто и таа навика ја усвои, тој многу потешко ќе падне; имено, секое добро, со време втемелено во трезвеното расудување, се претвора во природа; исто како и љубовта која е во нас и со која ние го извршуваме служењето на вистинската љубов, љубената и, од наша страна, одбраната како наше раководно начело во текот на целиот живот.

    Кога другите не ја чуваат согласноста, настанатиот раздор нема да ги одведе кон ништо добро. За некои, меѓутоа, поубаво е да се живее во хаосот, отколку во солидарноста. Кој од оние што здраво размислуваат може да го пофали сојузот втемелен на лошото дело? Ако некој нѐ праша: што почитуваме и на што се поклонуваме? Одговорот би бил: ние ја почитуваме љубовта. Според зборовите на Светиот Дух, нашиот „Бог е љубов“. А што е значајно во законот и во пророците? И на ова евангелистот не дозволува да одговориме поразлично.

    Зошто ние, почитувачите на љубовта, толку мразиме и сме мразени? Зошто ние, почитувачите на мирот, немилосрдно и непрестајно војуваме? Зошто ние, втемелените во каменот, пропаѓаме, утврдени во аголниот камен, се распаѓаме, повикани на Светлина – потемнуваме? Зошто ние, слугите на Словото, се доведуваме во... празнословие или... не знам веќе како уште тоа да го наречам?

    Како едната и иста земја станува стабилна за оној што е здрав, а за оној што лута со очите или кој самиот се врти таа станува нестабилна, и како ваквата состојба може да се пренесе и на предметите или, ако сакате, како едно и исто растојание меѓу столбовите е поголемо за оној што гледа од поблиску, а помало за оној што гледа од подалеку; дали затоа што воздухот ја намалува раздалеченоста, а погледот ги доближува предметите поголеми по обем; на ист начин и ние сме измамени среде омразата и немаме исти сфаќања за едни и исти лица, ако тие ни се другари или туѓи. Кај нас времето лесно од многуте прави светители, а многумина, напротив, безбожници.

    Свети Григориј Богослов

    ,,Возљубени, да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога, и секој, кој сака, е роден од Бога и Го познава Бога; кој не сака, тој не Го познал Бога, оти Бог е љубов.’’ (Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов 4:7,8)



    Тема на денешната тема е љубовта како главна карактеристика на Бог. Апостолот Јован запишал дека ,,Бог е љубов’’. Бог има и други карактеристики: Тој е праведен, добар, силен, величествен... но никаде Светото Писмо не вели дека Бог е правда, добрина, сила или величие. Љубовта е до тој степен главна Божја карактеристика, што дури апостолот напишал дека Самиот Бог е љубов.



    Внимавајте, тоа што Бог е љубов не значи дека важи и обратното, односно дека љубовта е бог- иако за многумина љубовта е бог во нивните животи. Сепак, љубовта не е бог, но Бог е љубов. Љубовта е до тој степен одраз на Неговото Битие!



    Сепак, за каква љубов зборуваме? Многумина се повредени од љубовта- тогаш како може Бог да биде љубов ако љубовта боли? Некои велат дека љубовта престанала- тогаш ако љубовта престанува како може Бог да биде љубов? Некои велат дека љубовта не постои- тогаш ако љубовта не постои како може Бог да биде љубов?



    Човечката и Божјата љубов драстично се разликуваат. Човечката љубов е слаб одраз на Божјата. И така, иако понекогаш човечката љубов ги има во себе карактеристиките на совршената Божја љубов сепак на многу начини е несовршена. Човечката љубов понекогаш е чисто сентиментална, телесна, себична, ограничена, условена... Божјата љубов е самата есенција на Неговото Битие- таа е совршена, несебична, неограничена, неусловена...



    Апостолот Павле ја напиша прекрасната ,,Ода на љубовта’’:



    ,,Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува. Сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува. Љубовта никогаш не престанува...’’ (Прво соборно послание до Коринтјаните 13то поглавје)



    Ете го најубавиот приказ на љубовта, која на толку многу начини е различна од човечката несовршена љубов. Но, ако го замениме зборот ,,љубов’’ со ,,Бог’’ ќе бидиме каков е Самиот Бог: Тој е долготрпелив, полн со добрина, не завидува, не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не го бара Своето, не се срди, не мисли зло, не се радува на неправдата туку на вистината, се’ простува, верува, се надева, претрпува, никогаш не престанува.



    Ние честопати се нарекуваме христијани, но во нас ја нема љубовта Божја. Апостолот Јован, пак, во стиховите цитирани на почетокот ги поврзува вертикалата и хоризонталата, односно нашиот однос со Бога со нашиот однос со ближните. ,,Возљубени, да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога, и секој, кој сака, е роден од Бога и Го познава Бога; кој не сака, тој не Го познал Бога, оти Бог е љубов’’- не’ повикува апостолот.



    Од друга страна, Бог е љубов, но во светов и во нас го гледаме спротивното на љубовта. Луѓе кои се нарекуваат христијаните мразат, лажат, крадат, војуваат, изневеруваат, стануваат негрижливи и бесчувствителни, се радуваат на злото и неправдата, егото им е пред се’ и пред секого... И ако добро погледнеме длабоко во себе ќе успееме и во нас да ги препознаеме овие карактеристики. Се нарекуваме христијани, но не сме љубов. Велиме дека сме чеда Божји, но во нас нема љубов.



    Александар Велики имал еден војник кој се викал Александар. Но, војникот бил многу плашлив и честопати бегал од битките. Еден ден Александар Велики го повикал војникот Александар и му рекол: ,,Или смени си го однесувањето или смени си го името!’’ Не можело царот и плашливиот војник да го носат истото име. Слично на оваа сторија и ние имаме избор: или да си го смениме однесувањето или да си го смениме името- односно да не се нарекуваме христијаните воопшто ако решиме да не направиме чекор кон Бога- Кој е љубов.
     
    На Таа Сум, ***nekoja*** и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Окензи утре ќе напишам пост како доликува, од телефон сум па нерв ме фаќа кога куцкам :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.321
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller , извини вака да те прашам, зошто мислиш дека си постигнала нешто во животот ако се ругаш и расправаш со верници??? Гледам страни наназад се трудиш да докажиш дека ти си најпаметна што не веруваш, а другиве се глупави што веруваат. Дали тоа те исполнува и те прави посреќна во животот? Дали сметаш дека си исполнала некаква мисија ако се инаетиш на форум дека верувањето во Бог е бесмислено? Па Боже мој, ако не веруваш, не верувај.... кажи си тука дека НЕ ВЕРУВАШ и толку... И ние верниците сме образовани луѓе и знаеме да мислиме со свои глави. Не ни требаш ти со денови да не разубедуваш! Кој во што сака ќе си верува и тебе нема да те праша!
    Те молам, во името на верниците, да ги оставиш и да не ругаш цитирајќи постови, текстови итн. Имаш теми за атеисти, развивај дискусии таму, овде чисто е прашањето дали веруваш или не. Ако не веруваш кажи си зошто не веруваш во постот и стави си точка. Некои атеисти знаат да бидат доста напорни... бетер од јеховините сведоци (facepalm)
     
    На ***nekoja***, vitamina, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    @okcenzi

    Речено - сторено :)

    Зависи што е богохулие според тебе.

    Стариот и Новиот Завет се доста обемни и мислам дека за нив би ни била потребна посебна тема за да ги разглабаме од сите аспекти, а овдека сме офф топик - прашањето е дали веруваме во Бог (било кој, не стрикно христијанскиот).
    Накратко би рекла дека секаде, ама баш секаде низ Библијата, условот за да не бидеш убиен (или казнет) е да почитуваш се што ќе нареди Бог, накратко погледни ги само 10те заповеди, а секаде е истото.

    Некој што ми се заканува постојано, дека ако не го слушам како кученце, за мене не е љубов.

    Можеби имаме различна перцепција на љубовта :)

    Ооо, душичка ;(

    После опсежната анализа на мојот лик, морам да те одбијам, за жал.
    Со ад хоминем напади, ништо не правиме.

    ПС Зошто бе не им се обрати на овие богобојазниве, што па тие имаат да објаснуваат??

    А ако не молчиш... што?
    А ако е жената во право?
    Ова е толку шовинистичко, што косава ми падна. Па ако него му се будат страсти, зошто жената е банирана? Кој не знае да се контролира, тој марш надвор!
     
    Последна измена: 29 септември 2015
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Камелија за последните 3 реченици: ТОЧНО не е тајна дека мажите владееле до минатиот век, за срамење е ама тоа е. Нема врска тоа со христијанството, туку со општеството. Еве во исламскиве земји и ден денес жената е потчинета. Е сега тоа што јас цело време го зборувам е дека поповите ( оние кои се замислиле Бог) го наметнале ова, а не е религиски. Денес попот ја нема таа моќ која ја имал некогаш, како на пр во 7ми или 13 или 18 век.
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.321
    Пол:
    Женски
    Јас не направив анализа на твојот лик, туку кажав дека си досадна!!!! Фала! А тие 'богобојазните' ТИ прва ги нападна, и затоа си пак ќе речам - досадна. И во сите теми ја тупиш, само твои постови се читаат, и трет пат ќе речам досадна си!!! Дај уживај... во право си, најпамента си, олабави малку! ДУШИЧКЕ!!!!
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Јас се сфаќам ама.. Диши!! Ако сум досадна, не ме читај.. As simple as that. Ама да ти удоволам нема, жал ми е. Дека сум најпаметна, веројатно не сум, ама дека повеќе ви ја знам верата, тоа е вистина. Нејсе, некој ќе чита и ќе формира свое мислење врз база на прочитаното, некој ќе чита само наслови и ќе мисли дека е "образован".
    О да, и јас никого не нареков досаден, а сакав да вриштам од простоќа, ама можам да дискутирам, може тоа ми е дарба од раѓање...

    сеедно, постов ти вришти од христијанска љубов, со вакви верници, не ме ни чуди што толку истомисленици наоѓам.
     
    На Lella, kim.k и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.321
    Пол:
    Женски
    Сето ова што го напиша не го менува фактот дека си ОТОК!!! Поздрав и ти ја испраќам мојата христијанска љубов :*
     
    На ***nekoja*** и Rama им се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    @Sky-butterfly
    Но, зошто аkо кажам на христијанин дека Бог е жена (не кажувам дека вистински е жена), веднаш се контра дека е маж? Дали тука станува збор за неинформираност? Што би значело дека многу (па скоро сите) верници не си ја знаат сопствената вера.


    (следново не е упатено кон тебе)


    Не сакам да ме сфатите како да се контрам, сакам да ве сфатам вас, верниците. Ако сте се навредиле од некој мој збор, Онисион ќе ве расплаче.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Добро темава е дали веруваме во Бог ( христијани, евреи, муслимани, хинду, будисти, јеховини сведоци, црни ружи, богомили. Некако се сте запнале за првите. Во ред.
    Ајде @Papillon.Papi кажи ни ти зошто не веруваш и/или мразиш христијанството? Зошто веруваш/ неверуваш во Бог? и дали веруваш во некој Бог од овие религии или секти итн, па да имаме можност и ние да поставиме прашања и да се развие нормална дискусија.

    Камелија и тебе сакам да те прочитам, ако не ти е мака, зошто и од каде потекнува твојата одбивност/неверство ( нез како да го кажам правилно) спрема христијанстото, Бог, општо религиите.
     
    На CameliaMiller и imelda им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Сум бе, сум, среќа бар сум слободна што сакам да правам, немам бог кој ќе ме казни за нељубезност и судење на пример ;)

    П.С. Те поздрави Матеј 7:1-5
     
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.321
    Пол:
    Женски
    Браво!!! Многу се радувам за тебе што нема да те казни Бог.... срцка си... ајде оди најди си некое хоби сега ;)
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Окензи, некако ми се чини дека погрешно ме разбираат тука :) Немам ништо против христијанството како една философија на живеење, нема тука што. Имам против оние драги, со крст на чело. Такви се младите христијани.

    Оние мажи со златни ланци кои креваат мишки на некои сељачишта и урлаат муштулуци, а 5 стиха немаат прочитано од Библијата, сомнително е дури и нивното образование. Ама битно урлаат и гњават наоколу со рисјанското во нив, тетовираат крстови и носат икони обесени по коли.
    Тука се и рисјанките, женки со сомнителни погледи на светот и местото на жената во истиот. Од нив посебно ми се одмилува, библиски се скоро по правило неписмени, дупчат уши на бебиња, носат зејтини по цркви, се оправаат колку е "Господ" голем во секој можен муабет и со нив нема теорија да направиш конкретен и концизен муабет за иднината, они на секое кажуваат "како Господ никој не е", "ќе даде Бог" итн.
    Во суштина ич не би ми сметале кога би си ги мафнале рацете од мојот живот (најчесто ми викаат дека предолго живеам во "грев"), и од моите права - како што "поштена" знае да суди на други, никој не знае.

    Во суштина тоа е тоа што ми смета.

    Самите религии ич не ми сметаат, ама не верувам во нагприродни работи, генерално, а не знам што би ме убедило дека постои било каков бог, после дуплото читање на Библијата и некаков превод на Куранот, ни едниот не ми се виде бар малце веројатен.

    Извини ако има печатни грешки, трауматично ми е куцкањево на телефон :)
     
    На eloves и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Одлично се забавувам, еве си најдов муабет со Окензи иако имаме различни гледишта, ама сепак фала на грижата :)