Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    305 глас(а)
    15,6%
  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Кажав зошто не се сметам за христијанка. Не се пронаоѓам во тоа, не сакам да одам по пишани "правила" и наводно со тоа ќе завршам во "рајот". Не сметам дека луѓето се марионети на некој надмоќен кој што ни одредува "судбина". Исто така не сакам да се ставам во група луѓе кои прво ќе ти изнафрлаат навредливи зборови, ќе те испоколнат, па како капак на тоа ќе ти подарат христијанска, света, "љубов"... Навистина благодарам на "милосрдната" понуда, но можам да живеам со мојата црна сатанистичка душа. (Ова не беше упатено кон окцензи)
     
    Последна измена: 29 септември 2015
    На КикиМаус, Ketchup, Bescheiden и 3 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас на многу места имам кажано дека не верувам во виша сила. Во никаква. Не знам ни дали тоа ме прави атеист или агностик, не ми се некако јасни по што се различни или пак ме интересира и тоа.
    Кога ќе видам општа некултура по темиве за религија, убедувања и паметувања од двете страни(религиозни и нерелигиозни) за нешто што само по себе се знае дека е понекултурно од ставање рака во туѓи гаќи без консент, не ве прави паметни, и не е дискусија туку чист безобразлук... Јас имам нешто интересно што ми се врти во глава, не за на темава туку генерално во религија ама не гледам тема, прашање од претежно историско поврзано со религиско. Интересно ми е, ама ќе си ќутам, и без тоа мене нема да ми смени во што верувам или не, а немам сила да читам, скролам поточно страници и страници на меѓусебно вреѓање ако прашам што мисли некој друг по тоа прашање.
     
    На eloves, Jordanovska-K, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.771
    Имелда, поентата е да дискутираме, АРГУМЕНТИРАНО.
    Да, верувам многу
    Не, не верувам

    не се дискусија.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @imelda Ако некогаш те заинтересира

    агностик- Претставник на учењето дека вистнската суштина на постоењето, на Бога и на натприродното не може да се спознае.

    атеист-: безбожник Спротивно од: теист

    Односно првите се верници без религија ( веруваат во Бог и натприродно, но не ги признаваат религиите) а вторите не веруваат во ништо натприродно
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ОК штом не се пронаоѓаш во христијанството. Но не спомена дека не се пронаоѓаш и во други религии, правци, учења итн. Или пак си атеист?
    Сакам да си дискуритам со атеист ама оние похардкор што се.
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Па со тоа како е поставено прашањето на темава доста е и таков одговор @CameliaMiller без разлика што не те стимулираат нечии одговори по ова прашање. Може некој одговара колку да собере мислења за да влезе во скриено катче. Не е битно. Не вика темата, дали верувате и зошто, или зошто не верувате, има подоле многу теми со покана за дискусии од двете страни. Или секогаш на форумот е добредојдена е нова тема, за конструктивна дискусија ако ја нема претходно.
    Која потреба од дискусија има овде ако рече некој верувам или ако рече не верувам. Па чекај јас да ти кажам како јас знам дека немаш поима ако јас сум од спротивната страна, тоа е тој безобразлук за кој спомнав.

    Скица. Нека биде Бог некој град, Москва еве. Некој кој верува дека ќе стигне до Москва, тој веќе тргнал, по пат ќе се изгуби можеби, ама знае каде тргнал, па и ќе праша по пат, додека оној кој не верува го убедува дека го има проучено патот до последната раскрсница и знае подобро како се стигнува, па и козјите патишки за на превар, и ај да тргнеме, а на вториот од старт му се промушени сите четири гуми.
     
    На eloves, Sky-butterfly и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.771
    Окензи девојчето има околу 15год мислам, иако е многу начитано и паметно, па делува многу постаро :) Премногу е млада за да биде што било хардкор. Него, каков е тој хардкор атеист?
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.771
    И? Смислата на пребројувањето е?
    А што се однесува на Москва, сите ќе стигнат вака или онака, не е важен патот, важно е колку пати овие првиве ќе ти ја забришат прашината на шофершајбна, не гледајќи дека шлајфуваат во кал.
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Во ред баш ми е драго кога ке сретнам млада девојка а толку паметна и зрела.
    Него реков сакам да разговарам со тврдокорен атеист, зошто до сега не сум сретнала на форумот таков. Има и такви кои се сметаат за атеисти, но сепак по млаку се двоумат, јас барам некој кој нема сомнежи во неговиот став.
    Небитно ако има таков ке пиш некогаш
    Имелда не ја сметам во нив, пошто си тера свое гајле таа и не му се замара да се објаснува.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Статистика ебате :D Во се живо бараш смисла во животот? Релакс
     
  11. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека постои човек кој барем еднаш во својот живот не бил во ситуација да го повика Бог (без разлика дали се декларира како верник или не).
     
    На Danchy, elimkd, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.016
    Допаѓања:
    51.996
    Пол:
    Женски
    Темава е мачна за читање, не заради обидот за дискусија, туку заради начинот на изразување на некои членови. Не можеш да нападнеш некого и да очекуваш дека тој ќе ти врати смирено и ќе се развие дискусија.


    Јас сум атеист. Израсната сум во христијанско семејство, а луѓето за друштво ми се главно атеисти, иако ама баш ич не ми пречат верници, затоа што обожавам луѓе со различни гледишта од мене.
     
    На Ketchup, eloves, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.771
    :D
    Да! Професионална деформација (smajlistosekezi)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Ајде оставете ја темава да се изјаснат и дρугите дали веρуваат или не и зошто, си стои во воведот на почетното мислење. Пρефρлете се во тема за атеисти или неκоја слична, аκо мислите деκа нема таκва и ви фали тема слободно отвоρете нова. И едно потсетување на пρавилата на фоρумот за дисκутиρање:
    Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно.
     
    На sugarlips, eloves, ChocholateLover♥ и 6 други им се допаѓа ова.
  15. ChocholateLover♥

    ChocholateLover♥ Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Гордо кажувам дека верувам,и со сигурност верувам дека постои!!
     
    На Danchy, HUNK, ***nekoja*** и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.064
    Допаѓања:
    12.800
    Некогаш се случуваат чуда во животот и затоа верувам дека постои виша сила.
     
    На Danchy, sugarlips, Hindsighter и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Pig

    Pig Нов член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Не верувам во господ .Нема ни докази што покажуваат дека господ стварно постои. Постоењето на бог не е сеуште логично докажано од страна на некој, така да за мене нема смисла. Јас мислам дека религијата само ги контролира и ограничува луѓето. Да не почнувам за светите книги,за мене се тоа е измислица :) . Немам ни ништо против тие шо веруваат во бог, сите со своето мислење
     
    На Anon и Kaetana им се допаѓа ова.
  18. mizerija

    mizerija Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Ја да,верувам.Ама не се сложувам во тоа кога викаат-животот и судбината така му се на него/неа(така му било пишано на некој).Секој сам си го креира својот живот,тој е во наши раце и во никој дург.
     
    На Ana Chio, HUNK и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Одамна не... Закоравен атеист сум...

    Верував, до оној степен да ми идело да плачам кога сум гледала на филмови како го распнуваат...
    Кога сум влагала у црква, телото ми треперело...
    Со сребрен крст во рака сум спиела ( подарок на татко ми од Сирија, од најдобар другар - муслиман ).

    Кога најмногу ми требал, никогаш не бил тука, па дури и уште повеќе ме ,, казнувал ,,...
    Никогаш не ми беше јасно со што јас , или пак било кој заслужил таква казна, а оние кои најмногу грешат живот си живеат...
    Затоа го мразев едно две недели, и на крај си реков будало една па тоа е поентата, за се лошо во животот да си викаш дека така требало, Господ така сака, па дури и да го мразиш, а виновниците да ги оставаш на негова ,, милост и немилост ,, т.е. неказнети...

    Да не правам муабет дека скоро сите документарци за религии ги изгледав, за да научам повеќе за мојата религија, а всушност сомнежот се повеќе и повеќе растеше...
    Едноставно, и да има доказ дека постои, јас пак нема да го почитувам, оти не заслужил...
    Престанав да верувам на 16 години, и на сите им кажав, баш ми беше гајле...
    И ден денес кажувам...

    И од лично искуство кажувам дека се е тоа психа, од она блажено чуство кога ќе влезев во црква, па се до онаа паралела кога ми идеше да се изнасмеам кога последен пат влегов...