Бог треба да заслужи почит и верба или ти треба да си добиеш во животот тоа што си заслужила? Не ви е Бог крив што си добивате казни за вашите нечесни дела.
Па тогаш не сакам ни да знам што си грешела ти златна, да имаш до толку лош живот, да бидеш до толку огорчена и повредена до тој степен да се радуваш на туѓата несреќа,а толку млада... А да не зборувам дека се сметаш за совршена, па си земаш за право сите да ги осудуваш, па уште и да се жалиш дека на жив човек не можеш да му веруваш, и дека сите те повредуваат, а ти толку кротка, чесна и мила... Со кои нечесни дела ти заслужи ваков живот?
Нека се размислат како би им било ако се во животот им одело без мака, лесно, безболно.. Би немал смисла животот нели? Нека се сетат на какви маки бил Исус со споредба со нивните како на пр. ''момчето ме остави'' се ништо, и дека само со верба во Господ има спасение. Побезгрешни од Исус се прават ваквите, а секој потег им е од грешен погрешен, наместо да побараат совет и да се покајат за грешките тие грешка во Господ бараат зошто не помогнал. Најубаво да не комуницираме со вакви, затоа и се обраќам индиректно, ги опседнал рогастиот.
Така е @Vitaly Добро ме надополни. Како ќе ја цениме светлината ако не останеме во темнина некое време? Како ќе ја цениме храната и водата ако не почувствуваме глад и жед? Како ќе го цениме здравјето ако не се разболиме? Како ќе ја цениме среќата ако не почувствуваме тага? Како ќе го сакаме животот ако биде се така лесно едноставно и како подмачкано? Ама ум треба за тоа. Никого јас не терам да верува во Бог ама апсурдно е него да го обвинуваме па и да викаме не заслужил почит....ова што го прочитав беше смешка на годината
Некои луѓе едноставно го замислуваат Бог како адвокат.Го браат и тражат само кога им треба.А кога им е се добро,се пијанчат,блудосуваат,коцкаат,оговараат и што не.Тогаш се либерали.. И кога нема да се одзве на нивната наредба ,,Дојди одма! Помогни ми!"... тогаш почнуваат да го плукаат и да стануваат атеисти Тоа не е вера туку лицемерие.Таквите никогаш не ни верувале во Него,туку биле "верници" само за корист.Додека го имале...
Јас пак од мала не верувам... од кога почнав да размислувам за овие работи, таму некаде на старт од адолесценција. Не ми правеше никаква смисла А немам ништо против религијата, црквата и т.н. Немам проблем ниту да се претставам како припадник на религијата на предците, чисто онака
Верувам во еден Бог на сите светови. Тој кој што створил и небо и земја и луге и животни и се што е на небо и земја. и верувам дека тој е најмилостив и дека ке ни се смилува на сите еден ден
Јас верувам во бог но не мислам дека тој треба да е милостлив и да се сожали на нашето самосожалување туку треба ние самите да се потрудиме во овој живот такозвана игра и да престаниме да бараме оправдување за се и сешто. Да, има некоја виша сила одговорна за се она што постои НО цркви, џамии и што ти јас знам НЕ ПО ШТО ВАМ.
Верувам во Бог, го чувствувам и секогаш му се заблагодарувам за се убаво што ми подарил. Кога сум несреќна нему се исповедам, чувствувам како некој да ме ислушал и ми олеснува.
Фала Лелке што го сподели ова, сеа знам како да се дефинирам Agnostic theist сум, што верува во наука и кога станува збор за настанокот на светот - повеќе сум за еволуцијата уште back then (во 5-то одделение најверојатно) кога првпат сме учеле за истата. Пронаоѓам мир во религијата и радост во празниците, почитувам начела што нè прават подобри луѓе. Но имам можда за по некоја тема либерални ставови што не се прифатливи стриктно по религиското учење, и не прифаќам хардкор влијание на религијата во животот што може да доведе до некаква поделба или нетолеранција.
@Lella само еден проблем има во логиката на сликичкава: се докажува постоење, а не непостоење. Тргнувајќи оттаму, „Не верувам дека постои бог и имам докази за истото“ е тотално нелогична реченица.
Може бе. Зами ги во предвид двете спротивставени страни еволуција vs. креационизмот. Можеби човекот е еволуционист и има докази за тоа. Со самото тоа што има докази за еволуција се побива теоријата за постоење на бог-создавател како што е во креационизмот. Така да он располага со докази за непостоење на бог. Еве уште едно логично прашање. Дали ако нема докази за постоење на бог, истоимената ситуација може да се искористи како аргумент во доказот за непостоење на бог ?
Па да, ама не вика "I don't believe there is a God and I have a burden of proof for that". Едно е да веруваш, друго е да ставаш knowledge claim, како што вика. Јас не би го нарекла докажување на непостоење, туку истакнување на недостатокот од докази за постоењето. Ама на сликава така го пишале за да се исти со теистот.
Како надополнување на сликата на @Lella, eве ја градацијата помеѓу различни степени на теизам и атеизам, предложена од страна на Ричард Докинс.
Ако животот настанал со еволуција тоа не значи дека нема Бог. Може има Бог, а ние не сме го „спознале“, да го употребам речникот на верниците.