Veruvam.....so radost kazuvam deka sum pravoslavka. Toa sepak ne me pravi podobra od onie koi ne veruvaat,niti duhovnata opredelba treba da bide most ili granica za ljubov medju ludjeto. Gospod se projavuva vo secij zivot,samo ne sekogas e prepoznaen....dlaboko sum sigurna deka e taka Osobeno onie koi diskutiraat na ovoj podforum,bez ogled od koja duhovna pozicija,veruvam deka go pronasle ili go baraat,svesno ili ne. Imam potreba tokmu denes,vo prviot den od Bozikniot post da napisam deka nitu site vernici se sovrseni i bezgresni,nitu pak onie koi ne veruvaat se nuzno izgubeni i gresni. Cudni se i malku poznati patekite Boziji,no so Bozja pregratka mnogu polesno se odi.
Дали верувам во Бог? Често ми го поставуваат ова прашање и секогаш имам ист одговор: не верувам во Бог бидејќи не постои никаков научен доказ за неговото постоење.
Многу верувам, чувствувам дека Господ секогаш ме штити и ми помага и кога ми било најлошо и многу сум благодарна за тоа. И мислам дека верата и науката не одат заедно, или веруваш во Господ или во науката.
И јас мислев така, или Господ или науката, но наука е широк поим. Едни научници велат не постои, други велат постои и имаат докази, секако. Па сега, на кои ќе веруваш...
Кликни на линков: Научни аргументи за Божјото постоење @Capricorn96 исто и ти погледни го линкот. А еве ти тебе и уште еден линк: Науката и Вербата
Науката вели дека човекот настанал од човеколик мајмун, а верата дека Господ го создал човекот, на тоа мислев. Или веруваш дека Господ те создал како човек или дека си се развил од мајмун, тоа сакав да кажам. Јас лично верувам во Господ и не барам научни докази за неговото постоење, едноставно верувам. Не можам да тагнам па морав да ве цитирам
Можеш ли да ја цитираш науката каде го вели тоа? Поентата ми е дека не постои нешто такво како „портпарол на науката“. Едни научници веруваат дека човекот настанал од човеколик мајмун (од алката што не постои), а други научници велат дека Господ го создал човекот. Ако многу те интересира, истражи ги двете гледишта и сама донеси си заклучок. Ти стојам на располагање за научна литература која го подржува гледиштето дека Господ го создал човекот, како и се друго во Универзумот. И воопшто не е важно кои научници се мнозинство, бидејќи во науката работите не одат со гласање. Едно време мнозинството научници веруваа дека Земјата е рамна плоча и дека се се врти околу неа, дека атомот е неделив, дека просторот е изотропен, дека постои етер итн. Денес никој научник не верува во тоа.
Јас како дете верував во господ, најверојатно под влијание на околина, семејство... Наметнато. Сега веќе не. Не дека сум нешто огорчена или разочарана, ниту имам его-проблеми (во смисол - додека не видам, не верувам, никој нема да ме прави глупав) едноставно common sense ми е дека не постои господ. Верувам во наука. Можеби религијата за мене има превисоки стандарди, за да ги исполнам. Целиот концепт околку Господ, никогаш не ми правел смисла. Религијата била измислена за контрола на луѓето. И ден денес е вака. За мене дека тоа дека жената била створена од реброто на не знам кој, мислам, и Хари Потер е подобра фантазија. Факт: Скандинавските држави имаат најголем број атеисти, а се и прогласени за нации кај што луѓето се најсреќни. А и онака ако приметите, колку поразвиена е една држава, и богата, толку луѓето се помали верници. Така гледано, нормално дека на балканот има мн верници хахах Сиромашен, мизерен народ, конзервативни луѓе... мора во нешто да верува, да се надева, да бара спас, да си даде објаснување... Чиста психологија. Претходен пат по толку години влегов во црква, и не знам... се згрозив од тоа да гледам несреќни луѓе, не наоѓаат решение на работите, што и да е, нема кај да се свртат - па ај кај Господ спас ќе бараме. Зошто воопшто мораш да веруваш во нешто повеќе од тебе, од нестабилност е тоа? Од што? Не си си доволен себе си? Па ајде ќе си смислиш дека постои виша сила, што ќе биде со тебе и до тебе, во добро и лошо. АЛО БРЕ. Толку ти е гаден животот тука, па мораш да го осигураш оној задгробниот? Самата идеја за рај и пекол е апсурдна. Настрана од ова, има верување дека сепак верниците ќе преовладуваат за неколку години од сега, дека повеќе се парат дечките.
Да верувам во Господ, христијан сум, одам во црква, се молам пред икони Мајка Богородица, Исус Христос, еве за десет дена ми е именден, НО не верувам на попови, поготво нашиве. Јас лично пред 2 години на семафор кај Соборна Црква чекајќи со колата до мене имаше џип Land Rover LR4 кога свртив поглед внатре беа 2 попа и еден позади едниот опуштен како мафијаш со мобилен Iphone 6s ... мислам со кое право се лукзуризаат така, тој џип чини 485 илјади евра!! Толку сиромашни луѓе има со 40 денари на ден, гладни деца кои ни леб да си дозволат купуваат бајат леб... Вистинските попови НЕ смеат И НЕ СЕ материјалисти, одат во сиромашните семејства ги посетуваат им помагаат материјално или со прехрабени продукти.
Искрено порано можеби можев да се сместам во втората опција но повеќе не. Веќе и ретко го спомнувам зборот Бог, моли и слично и најчесто ги заменувам со зборот надеж. Не сум била религиозна, а сега веќе и не верувам во постоењето на Господ.