Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    305 глас(а)
    15,6%
  1. NeoX

    NeoX Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Машки
    Ne, ne veruvam vo gospod.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Да верувам
     
    На Erika.greeneyes, elimkd и EvAngelos им се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ne veruvam
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ники.

    Ники. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Да верувам.
     
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Не знам ни сама во што верувам, разумната страна ми вели не, не постои ништо, сите се раѓаме и умираме и тоа е тоа, но од друга страна кога сум во тешка и безизлезна ситуација молам бога на крај се да биде во ред.
     
  6. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Не верувам.Како мала одев често на црква и верував во сето тоа најмногу поради недостатокот на информации и моите родители,но со тек на времето кога пораснав ми се разјаснија многу работи и според мене немаше логика повеќе да верувам дека човекот го создал некој,и дека целиот жив свет е создаден од истиот тој Бог.Ова е прилично широка тема.Јас немам ништо против било која религија,тоа си е мое лично мислење.Во текот на моето досегашно образование заклучив дека верувањето во богови започнало со тоа што луѓето не можеле да ги објаснат појавите околу нив,а појавата на еден Бог е тоа што почнале да веруваат дека постои еден Бог само со различни имиња.Денес,кога технологијата го достигнува својот максимум,мое мислење е дека нема логика да верувам дека ако заврне дожд или има невреме,тоа е поврзано со Господ.Христијанството настанало како резултат на безизлезната состојба на Римјаните,кога државата пропаѓала,верувале дека Богот ќе ја спаси,па така луѓето и денес кога се во таква безизлезна состојба,веруваат дека има таков Бог кој ќе ги спаси.Јас останувам на тоа дека сами си ја креираме судбината,ова е мое мислење и не би сакала некој да се навреди :)
     
    На LittleGirl626, *Amethyst* и Пилот им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Интересно е како некои поради недостаток на информации биле верници, а некои поради истиот недостаток атеисти. Исто така некои со образованието и напредокот во науката станале верници, а други атеисти. Очигледно има нешто повеќе од информации и наука во однос на тоа дали некој ќе се определи за теист или атеист.
    Во мојот случај јас бев атеист околу 20 години и со проучувањето на науката (математика, физика, астрономија) токму тоа ме доведе до вера во Бог.

    Ова популарно се нарекува „God of gaps“ т.е. пополнување на празнините во знаењето со Бог. Оваа логичка грешка ја правеле најмногу античките пагани, но и ден денес многу луѓе празнините во знаењето ги пополнуваат со Бог или некои суеверија, празноверија, паганштини (за жал најмногу во православието).
    Но мора да бидеме свесни и искрени да признаеме дека и многу атеисти празнините во знаењето за теологијата ја пополнуваат со атеизам. На пример не знаат зошто Бог дозволува зло и страдање и тоа незнаење го пополнуваат со атеизам т.е. велат дека штом Бог не го уништува злото сега, значи нема Бог. Ова се нарекува „Atheism of gaps".

    Падот на Римската империја е во 4-5 век. Христијанството настанало во 1ви век, кога Римската држава била во цутот на својата светска превласт и Римскиот мир (Pax Romana) бил прилично сигурен во територијалните граници на империјата. На Римјаните не им требало христијанството. Впрочем на Римјаните им пречеле христијаните бидејќи предизвикале немири меѓу евреите кои одбиле да го признаат Исус за Месијата и Син Божји.
    Така што настанокот на христијанството не може да се должи на некакви политички ситуации во тогашната Римска империја, бидејќи и евреите и Римјаните биле против таа тогашна „ерес“. Никој немал политички интерес за настанок на христијанската вера и да тврди дека Исус воскреснал од мртвите.
     
  8. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Се уште сум средно образование и доволно памтам од работите што ги имам учено во прва година :) Сепак,не мора да значи дека напишаното таму е точно,и не,падот на Римската империја е 4 века по новата ера,а не пред :) И очигледно им било потребно и затоа таму се прво појавило,нели?
    Јас сепак си напишав мислење,и не побарав анализа на истото,сепак во ред е секој да си го искаже неговото :)
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Da veruvam vo Gospod, sekogas koga imam prilika odam vo crkva da zapalam sveka za mene i moeto semejstvo, se raduvam na golemite pravoslavni praznici, koga mi e tesko sekogas go spomnuvam imeto negovo no isto i vo momenti na sreka ne go zaboravam.
     
    На Danchy и korisnichka им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Каде јас напишав дека било 4 века пред новата ера? :) Горе јасно пишав дека падот на Римската империја е во 4-5 век, дури и ти приложив линк од сајт за историја.
    Па не би рекол дека е очигледно дека на Римјаните им било потребно христијанството, па затоа се појавило. Ако беше така, немаше Римските императори како Нерон, Максимијан, Диоклецијан, Галериј крваво да ги прогонуваат христијаните, да ги распнуваат, да ги спалуваат живи на клада или пак како Нерон да организираат гладијаторски забави во своите арени каде што ги облекувал во јагнешки кожи христијаните и ги пуштал да бидат распарчени од кучиња, лавови и сл.

    Поочигледно е дека Исус навистина воскреснал од мртвите и затоа овие христијани биле спремни да го дадат и своето тело живо да им изгори а сепак да не се откажат од својата вера. Ништо друго рационално не може да ја објасни верата кај тие првите христијани. Не можеш човек туку така да го излажеш дека некој оживеал од мртвите. Можеби од знак на почит и ќе рече дека ти поверувал, се додека не му дојде нож под грло нели? :)

    Супер што си средно образование. Пред тебе допрва следи подлабоко образование на овие теми, се разбира доколку ти се од интерес. Јас одамна ги учев овие истории и тоа на академско ниво.
     
  11. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Кога учев за Диоклецијан и Нерон христијанството никаде не беше спомнато,туку дури кога Римската империја почнала да пропаѓа и запамтив дека поради беизлезноста верувале дека Бог (дали Исус или било кој од нивните многу богови од други религии) ќе ги спасат од таа состојба а тоа го поврзав и со ден денес што е случај кај многу луѓе и никој не осудувам.После прочитан голем дел од Библијата и под некои други знаења,информации и ставови што ги имам за мене е бесмислено верувањето дека постои некој кој што ги диктира работите на Земјата,и дека тој истиот ја створил.Пак ќе кажам тоа си е лично мислење а секако има многу време додека да го завршам моето целосно образование,ама засега ќе останам на тоа :)
     
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Верувам!
     
    На Erika.greeneyes и EvAngelos им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Ок, разбирам, очигледно професорот не сметал дека важно или на него не му било интересно појавата на Христијанството и односот на римските императори кон христијаните. Сепак историски факт со стотици современи историски докази од први и втори век е дека Христијанството се појавува со раѓањето на Исус. А Исус се раѓа околу почетокот на првиот век, впрочем и тој ја разделува историјата на пред наша ера и наша ера. Затоа на англиски пред наша ера се пишува BC (Before Christ = пред Христос), а нова ера - AD (Anno Domini = Година Господова). Значи ние денес го мериме времето според раѓањето на Исус. На први Јануари прославуваме околу 2017 години од раѓањето на Исус.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Господ реално, не постои, и нема што јас да верувам, да не верувам, или да дебатирам.
    Наредна тема на дискусија: Дали верувате во Дедо Мраз? (facepalm)
     
    На LittleGirl626 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Затоа се вика ВЕРБА.
     
  16. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    Да верувам, иако не мислам дека господ постои како човек или личност, сепак е присутен како сила или енергија....Секој различно си го толку во зависност од она во кое верува и дали воопшто верува но факт е дека постои нешто кое го движи светот :)
     
  17. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Да, верувам во Господ.
    Го гледам како математичка небесна машина - причинско последичен фрактален организам, временско-просторна дистрибуција на енергија, универзум, мултиверзум од кој што и ние сме дел и како такви делумно ја носиме неговата форма.
    Така што, да, верувам во Господ, математика, наука.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Извади ги бе тие атеистички очила од себе и пробај да ја видиш реалноста од друга перспектива? :)
    Од каде си толку сигурна дека не постои?
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Каде пишав дека сум атеист?
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    А што си кога тврдиш дека не постои Бог?
     
    На elimkd, Erika.greeneyes, Rakometar и 1 друга личност им се допаѓа ова.