А малку да се едуцирате, да ги проширите видиците пред да поставувате вакви прашања? Божество е само Аврамовиот Господ, мора да верувам дека баш тој е креатор на се што постои? Само приказните од Библијата се оние кои се важат, другите се измислици, демек? А што ако сум политеист, или пак, будист? А што ако сум атеист кој не сака да се декларира така? А што ако сум деклариран атеист, ама не сакам да се објаснувам на форумот? А што ако воопшто не сакам да ги откривам моите убедувања?
Велиш „Господ реално не постои“. Тоа по дефиниција е атеист. Зборот „атеист“ доаѓа од грчкиот збор ТЕОС што значи Бог. Префиксот „а“ во „а-теист“ е негација во грчкиот јазик. Еве ти неколку примери: том - дел (книга во 2 тома е книга во 2 дела); атом - неделив симетрија асиметрија гносис - знаење, агносис - незнаење теист - човек што верува во Бог, атеист - човек што не верува во Бог.
Ти зборуваш за бог, а јас за Господ, како што стои во насловот на темата. Не сум чула некој да ги нарекува Зевс и Один - Господ, таквата пракса е ретка, скоро непостоечка. Тие се други богови. Вие овде пишувате за христијанскиот Господ, и јас го изразив мојот став околу него. Ако речам дека христијанскиот Господ не постои, не значи дека сум атеист. Што толку не е јасно, навистина.
@sjdgo ти си неопаган? интересна поента патем. А имам забележано многумина кога велат дека не веруваат во Бог всушност не веруваат во Бога за кој зборуваат библиските легенди и митови и традициите на свештениците, учењата на теолозите (било да се тие свештеници или теолози христијани или муслимани). Во таков Бог ни јас не верувам но не сум атеист.
Темава е : Дали веруваш во Бог ? А не е: Убедиги тие што неверуваат да веруваат и обратно.Ај да си кажам за мене , јас верувам во љубов затоа што Бог е љубов.
na 12 mart vo 13 casot na plostadot vo strumica ke ja donesat ikonata na bogorodica pred koja deteto prozbore vo sveta gora posle ke ja odnesat na svetite petnaeset tiveropolski macenici
Да верувам. Моите родители се православни христијани и тие се темелот на мојата вера. Ме запознале со православието, Бог, но јас сум таа која одлучи да оди по таа патека и да научи повеќе за својата религија. Причини поради кои верувам ... Не се опишува со зборови, се чувствува. Бог бил покрај мене, иако многупати сум грешела и се` уште грешам.
Да, верувам. Татко ми е комунист , а мајка ми верува но не пости и не оди во црква секоја недела. Исто и јас. Интересно е што мајка ми не е крстена, а татко ми да
Порано верував во бог,но со тек на време тоа верување некако ми се измеша Ако постои бог зошто се случуват вакви лоши работи?зошто луѓето патат,зошто лошите и грозомните луѓе владеат со светот,зошто постојано слушаме само за лоши работи???зошто бог не ги казнува лошите ,а ги наградува добрите? Ги остава лошите да владеат и да ги мачат добрите? Зошто не слушнеме вести за добри работи ?? Не е дека не верувам,само овие прашања ми го мешат паметот и не ми дават целосно верување во бога
Тоа се навистина тешки и валидни прашања. Поентата е само да не избрзуваме со заклучоци доколку не ги знаеме одговорите. Библијата има одговори, но секако дека ги нема буквални сите детали и одговорите за сите прашања на сите луѓе во светот. Човечката љубопитност е незауздана, а Библијата не може да биде милијарда страни за да одговори на сите овие прашања. Затоа сме повикани да истражуваме, но и да веруваме. Еве ти еден линк каде што имам пишувано на овие прашања што ги потегнуваш: http://www.apologetika.mk/?p=339 Битер-свит, ај пиши ми порака да те прашам нешто, пошто немаш опција ја да ти пишам прв
Да верувам во Господ, сите не мачат некои работи, ама сепак постои Бог, и сакам да постои-само добар да е нели, не сакам така да сме настанати од биг бенг и да нема никаква смисла нашето постоење, туку само роди се, мачи се, умри и точка..... тоа си е мое мислење, став и верување, а се разбира секој си има право на свое