Бев верник, сега несум.Од мал почнав се сомневав, малце е чудна приказнава, ама таков бев: Откога моите родители ми кажаа дека се ќе добиеш ако се молиш и се надеваш нешто да се случи, сакав да го тестирам ова, зедов едно пластично 0.5л шише ставив земја во него и го однесов надвор, го закопав и се молев на господ недела дена гром да го мавне шишето и земјата да стане зелена течност.Ништо не се случи, саат време дури и плачев, не им објаснив зошто и така се бидна.Од тој ден ја почнав да се сомневам, но престанав некој период и се си беше нормално.Но од прва година средно па навака, добив интерес во мојата религија, јас ретко одам на македонски форуми/читам на македонски, и многу користам Reddit. Овој сајт не е многу христијански, повеќето се само атеисти.Според subscriberi на subreddit(2,041,000 атеисти спрема 120.000 христијани). На почеток незнаев ни што е тоа атеизам, но се подолго што читав, се повеќе одев на страната на фактите и доказите, отколку фантазијата и само вербата. После овој премин, се заинтересирав дали постојат страници кои објаснуваат дека целата библија е полна со лаги, и ? Се разбира, илјадници и тоа.Сега може да ме запрашаш, зошто им веруваш на нив , не ги ни знаеш. Па се разбира не ги знам тие луѓе, но тоа што го кажуваат држи вода, има детални докази, и највеќе од се, има смисла.Кажи ми зошто да верувам на некоја стара книга која е полна со абсолутни лаги, наспротив нешто што е логично и ако направиме разлика, Јас немам причини да верувам во бајка.Ај докажи дека постои летачки розев еднорог кој не гледа кога спиеме.Неможеш.Исто што и бог.Двете нешта немаат смисла, затоа заклучувам дека непостојат. И што ако верувам во православниот христијански господ?Постојат 4200 религии, и во сите нивата причина да одиш во пеколот е различна.Што ако на пример Мормонизмот е вистинската религија?Ох штета, сите останати хајт у пекол.На сите вие што верувате во господ не сте виновни, или недоволно интелигентни, или ви било наметнато но сега го сметате за вистина.Или вашата сообразност е причината.Или пак страв од смртта, се плашите да одите во пеколот, да не грешите.Се извинувам за мојата агресивност.Никој irl незнае дека сум атеист бидејќи имам пререлигиозни родители, додека ме знаат, нека ме знаат религиозен.И јас имам грижа на совест.
Кои се тие? Можеш да наброиш некои? Едит: Зошто си го избриша коментарот? https://en.m.wikipedia.org/wiki/List_of_Christians_in_science_and_technology Знаеш да пресметуваш проценти? Еве и овие види ги и пресметај колку точно се атеисти а колку Христијани само.
Го избришав мојот коментар, грешка. 93% of Националната Академија на Науки се атеисти. Ако мојата грешка во нешто ја рачунаш како доказ за постоењето на господ, тогаш немам збор.Луѓето не се перфектни.
Ve veruvam , ne mi ni smetaat luge koj veruvaat dokolku ne se nametlivi. Vo toa sto jas veruvam ne go komentiram niti go nametnuvam. Naj ubavo e sekoj da si gleda svoja rabota taka moze da bideme vecni priateli.
Не, само интересен ми беше делот што го цитирав, дека 93% од научниците биле атеисти. Ама ајде, да не бидам погрешно разбрана, подобро да се повлечам од темава, и онака веќе мојот став го имам напишано претходно. Поздрав, секое добро.
Тој процент од 93% е добиен од една селективна листа од 517 членови на националната академија за наука во САД (која брои околу 2000 научници), додека во цела Америка има над 2 милиони вработени научници. Значи самата академија претставува само 0.1% од сите научници во Америка и само во Америка. Бидејќи 517/200 е околу 25%, значи анкетирани се 25%*0.1% = 0.025% селективно избрани научници од Америка. А во таа селективно избрана листа биле земени само биолози и физичари. Имајќи предвид дека биолог што не го подржува Дарвинизмот не може да влезе во националната академија за наука во САД (каде биолозите го подржуваат само Дарвинизмот), јасно е дека анкетираните биолози биле дарвинисти т.е. атеисти. и плус од тие 93%, само 72.2% кажале дека не веруваат во Бог, а другите 20.8% се изјаснале дека се сомневаат во Божјото постоење или дека се агностици. Според едно друго попрецизно истражување на познатиот центар за статистика Pew Research Center, дури 51% од научниците изјавиле дека веруваат во Бог или во некаква виша сила (значи не се атеисти) http://www.pewforum.org/2009/11/05/scientists-and-belief/ Еве ти и една друга статистика: Од сите добитници на Нобелова награда, 64% се христијани (доминантно протестанти), 22% се Евреи (повеќето од нив верници), 10% се атеисти
Затоа го избришав тоа во мојот оригинален пост, поради тоа што направив грешка и добив информација која не ја наменив? едит:глупи информации
Сериозно? Од каде ти е статистикава? Мојата е од книгата „100 Years of Nobel Prizes" од Baruch Aba Shalev.
Тоа Чарлс Дарвин што го кажал е факт, само луѓето го игнорираат бидејќи не се слага со нивните верувања, и верувањето на Чарлс Дарвин не те носи во рајот, ох да и верувањето на господ не те носи во рајот бидејќи рај не постои.Или избери да си паметен и да учеш или да си игнорантен и арогантен ,се знаеш ти за светот а всушност ништо незнаеш само веруваш во древна бајка. Факт или Фикција?
Секогаш верувам во Господ, а не само кога имам тешки моменти. Се обидувам да се придржувам до 10-те Божји заповеди. Повеќе пати месечно одам во црква, а секојдневно се молам, после кажаната молитва чувствувам мир. Преубаво чувство
Атеист сум, по сопствено убедување и сметам дека сум ''поголем'' човек од самите религиозни луѓе. Зошто? - ги прифаќам сите луѓе, без разлика на верската, националната, сексуалната определба, баш ме заболе кој шо е...( 90% од религиозните луѓе се однесуваат дискриминирачки во поглед на останатите религии, истите тие претежно и се хомофоби, пошо Господ ги напраил Адам и Ева, нели.... ) - не ми треба мене некоја книга, напишана за контрола врз маса на народ, да ме учи за морал и етика, доволно сум свесна и паметна да распознавам што е правилно, а што не е. -алтруист сум, не очекувам награда за направеното добро дело, ниту пак да правам добрина за после смртта да идам во рајот. -живеам надвор од кутијата, отворена сум да дознаам нешто повеќе од она што веќе се знае за светот, за човекот итн. - и ред други работи. Зошто ми е криво што сум атеист??? - кога се борам со сопствените демони, нема да ми помине ако кажам три пати молитва. - го немам тоа мислење дека после смртта, животот продолжува, баш напротив, моето тело ќе се распаѓа и ќе ме јадат разно разни штеточини од почвата. -едноставно нема да го уклучувам мозокот и да си ја прегрејувам матичната плоча, пошо има кој да мисли за мене - за секоја погрешна одлука, ќе кажувам, епа Господ така сакал - за секој скршнат пат, ќе кажувам, епа судбина, Господ така сакал - затоа што религиозните луѓе се посреќни луѓе, колку повеќе знаеш за околината и се поврзано со светот, те пука тешка депресија - затоа што одењето во црква и палењето на свеќа за религиозните е еквивалентно на хелексот кај нас богохулите. Но сето ова незначи, дека не ги сакам или пак мразам оние што имаат спротивно убедување од моето. Само страшно ме нервира кога некој нешто ми наметнува или пак убедува дека нивното е правилно а моето не е.
Вербата не зависи од лоши или добри периоди во животот. Барем не за мене. Верник сум. Како и секој човек, се соочувам со подеми и падови. Мојата верба кон Бог не е нарушена ниту ќе се наруши од надворешни влијанија. Мојата верба кон Бог е двигател во сите периоди во кои се наоѓам. Вербата доаѓа од срцето. Од душата. Не дозволувам друг да ми ја преиспитува вербата, како што настојувам да не преиспитувам нечија верба. За мене Бог е симбол на љубов, љубов која ја носиме во нас, со нас. Омразата не доаѓа од Бог, омразата ја шириме, ние, луѓето. Постојат многу стереотипи за верниците. За тоа какви треба да бидат. Какви не треба да бидат. А јас сметам дека секој е верник на свој начин. Јас верувам во Бог. Верувам во наука, астрономија, живот на други планети. Верувам во истополова љубов. Во љубов меѓу луѓе од различна раса, религија, националност. Верувам дека љубовта е над сѐ. И верувам дека Бог не ја осудува љубовта, но затоа луѓето ја осудуваат. Поради моите ставови, размислувања, чувства, за некои сум т.н. верник. Но таквите ставови (навреди) не допираат до мене. Ги прифаќам како такви и не дозволувам да ми влијаат на било каков негативен начин. Религиозните фанатици се оние кои ги избегнувам затоа што тие најчесто шират пропаганди, а со тоа не помагаат ниту на себе, ниту на друг. Без разлика дали е некој религиозен или не, омразата е онаа која треба да се стремиме да ја искорениме. Во мојот живот има луѓе кои се атеисти, луѓе кои се религиозни, луѓе кои не се религиозни но се спиритуални, пред сѐ се луѓе кои поседуваат во себе - човечност. Посакувам луѓето да си ја пронајдат својата човечност, без оглед на нивните религиозни или нерелигиозни ставови, погледи. А вербата во Бога не е натпревар меѓу верниците, ниту пак треба да служи како потсмев за оние кои не веруваат. Секој со свои убедувања, но со почит кон туѓите.
Се напишано е ок, но овој цитираниов дел, ако ја имаш прочитано Библијата, немаше да го имаш напишано во коментарот. Библијата ги забранува тие работи. Може и ја имаш читано, не знам тоа, но очигледно не допрела до тебе. Коментаров е само забелешка, се надевам нема да го сфатиш поинаку.
Девојката убаво си рече дека не дозволува друг да ѝ ја преиспитува вербата, ниту пак таа го прави тоа Камо сите верници да беа како неа и вака да го сфаќаа верувањето во Господ. Секоја ти чест @BlackAndWhiteSwan
Битер, како што кажав претходно, секој е верник на свој начин. Сосема нормално е некој да не се сложи со моите ставови, како што е сосема нормално некој да не се сложи со твоите. За мене хомофобијата, расизмот, национализмот се производ на негативни чувства, чувства кои за среќа не ги поседувам. Сѐ додека се третираме човечки и со почит кон нашите разлики, ок сме, we can agree to disagree @Bitter-Sweet
@BlackAndWhiteSwan не кажа дека е христијански верник, така што не се очекува да ја прочитала или пак да се согласува со Библијата. Сепак мене ме интересира, се разбира ако сака да сподели, во каков "Бог" верува? Дали е тоа некоја безлична сила која нема ни разум ни интелигенција или пак во Бог кој има разум, интелигенција со помош на која го создал универзумот и човекот? Или пак за тебе "бог" е нешто сосема трето?
Тоа што сакав да го кажам веќе е кажано, повеќе не би образложувала. Темата гласи дали веруваме во Бог, а јас го дадов својот одговор. Поздрав, @EvAngelos
Не, не верувам. Вербата ограничува. Го спознавам преку директно искуство и знаење. Го сакам. Бидејќи љубовта е темел и суштина на се. А верата, таа го убива знаењето. Можеш да веруваш дека надвр врне дожд цел ден, но можеби грее Сонце. Затоа, Бог е искуство, не слепа верба. Можете слободно да ми дадете титула гностик, наместо сатанист ве молам.