Секако дека верувам, и тоа со целото мое срце. Многу често се молам и го имам тоа чувство дека тој ме слуша и е до мене. Не ги разбирам навистина луѓено кои не веруваат во Господ, а навистина чуда се случуваат. Кога ќе видам на колку луѓе само им се подобрува здравствената состојба кога одат во манастири, ми кажувале и за Св. Петка и за други светци. Само што ете.. на некој му е поубаво да верува дека од мајмун сме настанале. Жално...
Исто така има мал милион луѓе на кои не им се подобрува здравствената состојба кога одат во манастири. Зошто не ги сметаш нив? Прво, не сме настанале од мајмун, не знам зошто оваа дезинформација е толку масовно раширена кај луѓето. Мајмуните и ние имаме заеднички предок (кој не бил мајмун). Овие предци живееле на дрвјата. Некои од нив евентуално решиле да слезат и да бараат храна на земја, а некои останале на дрвјата. Тие што слегле со тек на време се развиле во луѓе, а тие што останале со тек на време се развиле во мајмуни. Второ и поважно, зарем толку е битно да сме настанале со некоја divine purpose? Од каде потребата да бидеме некои специјални видови кои биле специјално створени со специјални приказни околу тоа, дотолку што сте спремни да ги игнорирате бројните докази кои го укажуваат спротивното? Зошто потеклото од мајмун (што, како што реков, не е точно) го претставувате како да е нешто засрамувачко, демек, пфф, ние не сме животињи? Зошто е тоа жално, ќе ми објасниш ли? Поубаво ли спиеш со помислата дека не си им братучетка на мајмуните, зошто тоа ти претставува непријатност?
Можеби затоа што Дарвинистичките уметници постојано ја фураат онаа нивната уметничка слика (парадата на мајмуните) по учебниците и кај луѓето потсвесно се врежало тоа. Докажано е дека луѓето повеќе запомнуваат при визуелен приказ, отколку со слушање. Така што џабе ќе им зборувате дека не поттекнувате од мајмуни, кога визуелно го прикажувате тоа со сликата. Многу живописно раскажуваш, како да си била сведок на овие настани, да му е милина на човек да те чита Дури и филм си направив у глава, сличен на Трансформерс Туку лето иде, треба по плаживе да стават знаци: Опасност: Не ги оставајте децата многу во длабокото, може нивните правнуци риби да станат Знаеш, тоа „тек на време“ чуда прави.
Ако сте до толку да си вадите заклучоци од слики, никој не ви е крив. Сите сме учеле биологија во школо (се надевам), нема оправдување за такви заблуди. Леле види кој најде да збори, мистер земја и ребро.
Fantazii sakam ama ova so Gospod ne. I kako fantazija ne mi se svigja ova lugevo i u toa pocnale da veruvaat. Zaso nikoj ne veruva deka Makeodnija u fudbal ke osvoi liga na sampioni ? E poso ne e realno de fantazija ili gospod taka sakal. I sakal seeedno 2 fantazii u edno hahaha
Верувам дека постои Господ, има некоја виша сила што не можеме суштински да ја видиме, но во некои ситуации може да препо3наеме таа виша сила, сите ние сме доживеале нешто такво дали по3итивно или било негативно. Само треба да веруваме во него. И дасе држиме до неговите 3аповеди.
Не верувам во Господ/Бог, меѓутоа сум open-minded, верувам во факти, чие постоење е експериментално или емпириски потврдено. Не сакам никого да навредам, но постојат индивидуи, верници кои не сакаат да ги разгледаат останатите можности, едноставно имаат многу фиксиран поглед кон оваа проблематика, тоа е така и точка, но многу работи се менуваат науката и технологијата одат напред. Причинско-последични корелации постојат за секоја појава, за дел од појавите тие се докажуваат, за дел СЕУШТЕ не, па зошто и бог доколку би постоел, не би можеле на ваков или онаков начин да го докажеме неговото постоење? Како на еден природен закон.
Искрено не верувам во Господ. Верувам дека човек не треба да наштетува на човека ама во постови за да се прочистиш духовно не верувам. Не ги делам луѓето на верници и неверници, секој со своето мислење на оваа тема ама како што е кажано погоре верувам во Дарвиновата теорија дека луѓето настанале од мајмуни затоа што имаме 99% слична ДНК со шимпанзата и нешто помалку со орангутаните.
Друже, ја тебе не можам да те разбирам. Некаде имаш спомнато дека според тебе Господ е личност,поседува чувства, знаење, интелигиенција, креативност ,дека не треба да го нарекуваат "виша сила" бидејќи силата е безлична категорија. Ај ако имаш време и живци изјасни се на што точно мислиш кога велиш дека веруваш во Господ. Поздрав.
Да, така имам кажано. Не ми е јасно каде имам кажано поинаку, па поради тоа ти делувам конфузно? Верувам дека Господ е духовно битие, верувам дека е личност бидејќи ги поседува карактеристиките на личност: разум, знаење, чувства, слободна воља. И верувам дека на човештвото ни се објавувал преку библиските пророци и најпосле преку Својот син Исус. Се надевам сега е појасно.