Па има луѓе кои се молат за здравје, и пак умираат во болки, а некои се фалат дека Господ им одговарал на молитвите. Да не сепак не се сите еднакви во Божјите очи? Во Библијата пишува контрадикторни нешта, јас се обидувам да го поврзам она што најмногу кореспондира во реалноста. Кога Исус се помоли да го одмине таа чаша, Бог не го услиша, така што не ми е логично дека би одговарал на молитвите (желбите) на останатите. Сега некој ќе напише дека ете, Бог ги сака луѓето повеќе од единородниот син. Да, но испаѓа не сите луѓе. Зашто некои страдаат многу, а некои не. И тоа не е праведно. Има теории дека во овој живот Бог остава на слободната волја на човекот и ретко интервенира, а просторот го користат демоните. Нели самиот Исус кажа дека неговото царство не е на овој свет?
Ме замисли ова тврдење. Што на пример е контрадикторно во Библијата? Тоа е единствената неисполнета молитва на Исус. А исто така и за ниту една друга, не е напишано дека Исус три пати усрдно го молел Таткото. Исус ја молел оваа молитва во силна агонија и дури и барал поддршка од своите најблиски ученици Петар, Јаков и Јован. Тој барал од нив да бидат будни покрај Него, веројатно затоа што се осеќал многу осамено и напуштено. Но не ја добил, затоа што им се спиело. Исус не барал ескивирање од мисијата за спасување на човештвото. Сè што барал е поинаков алтернативен начин, не толку болен и срамен, АКО Е МОЖНО! Валидно прашање е: Дали Таткото ќе дозволел Исус да помине низ тоа физичко, душевно и емоционално страдање доколку постоел барем еден алтернативен начин за спасување на човештвото? Се разбира дека не. Така што неисполнувањето на таа Исусова молитва е силен доказ дека не постои ниту еден друг начин на кој што може грешниот човек да се спаси. Платата за гревот е смрт и никој не можел и нема да може да ја плати таа казна. Единствено Исус немал Свои гревови и по Божјата воља бил определен за тоа.
Не можам да размислувам во моментов, имам преокупации, ама накратко ќе се потрудам да се искажам. Библијата вели Бог е љубов, а од неа знаеме со каков гнев се соочиле тие што го изнервирале Бог и Бог ги намразил. Каде е љубовта тука? Пa вика дека тешко богатиот ќе влезе во Царството Божјо, полесно камила ќе влезе низ иглени уши, а во Стариот завет ветува богатства како награда за послушност и богоугодност. Зошто не бил изводлив друг начин штом е Бог семоќен?
Во Библијата не пишува дека Бог се изнервирал, ама има дека се разгневил. Да постои нешто што се вика Божји праведен гнев, но тој гнев е секогаш во релација кога Бог ја извршува правдата. Љубовта Божја не ја искучува и не може да ја исклучи правдата. Со други зборови, Бог не е само љубов, туку и Бог е свет и праведен. Стариот завет е посебен завет (пакт, договор, legal agreement) кој Бог го имал со Израелската заедница. И да таму Бпг ветувал просперитет на израелците ако се придржуваат до Мојсеевиот закон (Тората). Но сепак дури и за Израелците богатството знаело да биде пречка за нивната богоугодност, моралност, праведност. "Божјата семоќност" како што ја прикажуваат атеистите и онаа што е прикажана во Библијата се две тазразли работи. Божјата семоќност не подразбира дека Бог може да лаже, да мами, да не си стои на зборот, да прогледува низ прсти за гревовите итн. Бог е семоќен во смисла дека има моќ над секое живо и неживо суштество видливо или невидливо. Бог рекол дека казната за гревот е смрт и затоа Бог мора да си стои на зборот и да го казни гревот. Затоа Исус морал да помине низ Голгота. И тоа го направил доброволно за нас, зстоа што не љуби, затоа што Бог е љубов која се дава себе си за нас. Малку е тешко дс се сфати ваквата љубов, бидејќи ние грешниците ретко гледаме искрена безусловна љубов, а камо ли пак пожртвовна љубов.
Јас не напишав дека во Библијата стои „Бог се изнервирал“, туку го пренесувам тоа што го пишува таму со мои зборови. Не мора да се фаќаш за ситници за да ми одиш контра, нема потреба да се инаетиш со мене. Камо да беше праведен овој свет - Божја креација, во тој случај, јас немаше да го водам овој разговор. Исус рече дека не дошол да промени ниту збор од Стариот завет. Не ми е тешко да сфатам искрена љубов, ама не е толку безусловна. Ништо не доаѓа гратис. Треба да го сакаш Бог и да му се потчиниш, инаку ќе завршиш таму каде што неговиот бивши миленик - уште една Божја совршена креација - знае што ќе прави со тебе.
Не се инаетам и не ти одам контра. Слободно изразувај си се со свои зборови, не ми пречи, ама морав да го корегирам зборот со мои зборови за да можам и јас слободно и прецизно да го коментирам. Точно, ниту еден збор не е променет од Стариот завет. Сегашниот Стар завет е оној истиот кој и Исус го користел и оној што пред Исус го користеле. Не е променет. Ама тоа не значи дека е во важност или е „во сила“ после Исус. Напротив, во истата реченица каде што Исус рекол дека не дошол да ги промени Законот и Пророците, вели дека дошол да ги исполни. (ев. Матеј 5:17) Законот бараше смрт за гревот и Исус тоа го исполни со тоа што самиот се даде како жртва за гревовите и го исполни Законот во своето сопствени тело на крстот. Затоа после Исус нема потреба некој по втор пат да го исполнува Законот, бидејќи Исус веќе го исполни она што Законот го бараше. Исто така и за пророците. Пророците пророкуваа за Исус, има преку 100 пророштва што се однесуваат за Исус, и Тој ги исполни сите нив. Значи не ги промени, ама ги исполни и нема потреба да чекаме да дојде нов Месија да ги исполни истите пророштва. п.с. И повторно не се инаетам, ниту ти одам контра, туку сакам да ти послужам со мојата теолошка едукација во разјаснување на овие прашања што ги имаш за Библијата. На Бог не му треба нашата љубов, ниту нашата послушност. Ние сме тие кои имаме потреба од таква љубов и послушност. Тоа е исто како дете кое вели: „Мама бара да и бидам послушен и затоа ме мачи со заповеди да не ставам прсти во струја и да не скокам од тераса! Мама е тиранин што бара да и се потчинувам!“ Не, мајката нема потреба од послушноста на детето, туку детето има потреба од послушноста на мајката. Заповедите се за доброто на детето, а не за доброто на мајката.
Ама родителот активно учествува во воспитувањето и се би направил за да го заштити детето, ако застрани да го врати на вистинскиот пат... Бог остава на слободната волја.
Да,точно е дека има луѓе кои се молат за здравје а сепак дел од нив умираат во болки,ама така требало да биде ете,плус животот кој го живееме овде е минлив и ништожен во споредба со тоа што не чека после нашата смрт.... И да,не го одмина Исус чашата,иако тој се помолил ако е можно да не биде се на тој начин,ама и тоа требало да биде така,и тој не се спротиставил да умре на нечесен и незаслужен начин,се поднесол поради нас грешниците,поради цело човештво...
Верувам во Господ. Тоа ми дава сила. Господ не може да се види,но може да се почувствува. Имаше неколку ситуации во кои можеше да ми заврши животот,но се уште сум жива поради Божјата љубов и милост.
Порано многу верував,ги почитував сите божји заповеди до еден,бев предобра,на сите помагав,на сите простував а само лошо ме наоѓаше и уште ме снаоѓа само лошо,видов дека тие што прават лошо и се себични подобро поминуваат во животот а тие добрите страдаат цел живот како мене,не дека станав лоша но станав гневна,не видов тотално ништо добро од добрите дела,веќе не верувам,верувам само во тоа дека како ќе си ја наредиш така ќе живееш,дека не постои никаква сила што ги контролира работите,ако постои зошто само добрите луѓе страдаат,зошто цел живот ми е заебан,џабе и добрина и се,можда има нешто врска она со моќта на потсвеста а дека постои Господ,не верувам.
Повторно се работи за тортура, траума низ која минуваат душите. Колку и да е кратка и минлива споредено со вечноста, кому му е потребна?
Да верувам во Господ, благодарение на неговата волја и милост ми се случија многу работи за кои сум преблагодарна.
Некои прашања немаат одговор,не ни е дадено се да знаеме,крај краева сите ќе умреме,и мене ми е жал кога некој умира во тешки маки,посебно млади личности...ама пак ќе кажам не сме вечни и што и да е нашата тортура која ја поминуваме на земјата,ќе биде минлива,бидејќи овој живот тука е "лажен" и не сме за тука...(секако,секој со сопствените верувања,не сакам да наметнувам ништо)
Не знам. Не можам да се наречам атеист, затоа што во НЕШТО верувам. Ама не мислам дека тоа е стриктно Господ. Комплицирано.
Во општествениот калап на развивање на една личност постојат религиски одредби кои се наметнати од околината , семејството и секако периодот на развој на таа личност , за секоја верба или убедување ,било тоа во господ или вонземјани или дали земјата е округла или рамна заслужно е оноа што е вкоренето во општествените норми правила и ука. Дека нешто натприродно постои - не би алудирала на недокажани теории , но во секторот на религија и верба во господ онака дизајниран како што го претставуваат свети писма и верски домови останувам на ставот дека сето тоа е само најмоќното оружје за воспоставување масовна послушност-првичната причина зашто и воопшто започнало неговото распространување.... да не ја проширувам темата на тоа дека одлуката за тоа во што ќе верувам за што учам и во кого ќе верувам сепак и не е лично моја ниту била лично ваша .....