Ти ги читав сите мислења и ставови погоре нема да навлегувам во тоа секој има право на избор и слободна воља, ниту пак сакам да наметнувам мој мислења на некој. "Тука не испратил" затоа што се се случува според Божјиот план.
Јас одговарам кратко и јасно, не секое прашање и наша радозналост мора да има одговор, и сите знаете колку долго и низ историјата и сите научници сакале да дознаат нешто повеќе во врска со ова. Бог и ден денеска претставива мистерија и никој нема да ти одговори зошто е тоа така, некој работи ќе ги дознаеме кога ке дојде време да ни бидат откриени, а некој работи некогаш е подобро воопшто да не ги знаеш. И претходно заборавив да пишам, да верувам дека Бог постој, и во неговата милост и љубов, имам у последна секунда избегнато 100%на смрт, што за тоа кој сака нека кажува и докажува Господ ме спаси во тој момент.
Библијата нуди одговори и јас врз база на тие одговори ги формирав моите мислења и ставови што не ви се допаѓаат. Прашањата кои ги поставувам се повеќе реторички, со намена да ве поттикнат да размислите.
Да.Сите кад-тад ќе умреме.Тоа ни е незибежно за жал.Некој порано некој покасно. Затоа треба да уживаме во животот, јас си се водам по девизата ,,Живеј го денот како да ти е последен” никогаш не можеме да знаеме што ќе се случи
Во прилог на темава ќе постирам неколку примери за интелигентен дизајн во живите клетки - што е доказ дека тие биле плански дизајнирани, а не случајно настанати како што тврдат атеистите. Тоа лево е електричен мотор кој работи на електромагнетна индукција, а гориво е електричната струја. Коефициентот на корисно дејство му е околу 80-90% т.е. толку % од ел. енергија ја претвора во корисна работа, останатото е топлина. Тоа десно е бактериски флагелум - фасцинантен микробиолошки мотор со големина од 2.5 микрони кој го има секоја бактерија. Верувале или не, гориво му се протоните. Коефициентот на користно дејство му е ~100% т.е. целокупната енергија ја претвора во корисна енергија, практично без никакви загуби - нешто што е сон за секој инжинер. Флагелумот достигнува брзина од 10,000 вртежи во минута, сопира за четвртина вртеж или 1 милисекунда и за уште 1 милисекунда може да ја достигне истата брзина во обратна насока. На него се прикачени систем од сензори кои му кажуваат кога да почне да врти, кога да престане. Го водат кон храна, светлина или што и да бара друго. Интересно е што има луѓе што веруваат дека тој лево е плански дизајниран, а тој десно настанал случајно, со случајно, едновремено и хармонизирано поврзување на случајно настанатите протеински делови. Секој од тие делови се состои од стотици помали делчиња (амино киселини).
Па види вака ние постоиме во Божјиот план уште пред да постој човештвото, секој со причина е роден во времето кога е роден, што по афтоматизам уште кога се раѓаме Бог има план до кога ќе живееме, а тие што во дел од секундата доживеале смрт сигурно тогаш требало да ја доживеат. Јас во случајности не верувам
А зошто би те довел во ситуација кај што речиси ќе умреш, само за да преживееш? За да бидеш физички (некогаш и психички) повредена?
Како што веќе реков се се случува со причина, за тие што се оддалечени од Бог а веќе можеби 80% од луѓето имаат заборавено на него, секој ден он можеби на сите ни праќа по некој мали сигнали и мали "непријатности" но ние не ги гледаме, се со цел да повикаме кон него и негова помош, утеха, милост, здравје, итн. И наеднаш се дешава нешто како гром од ведро небо и тогаш почнуваш да гледаш.
Па не е сè на Господ дело. Ако ти искочи кола пред фаца не значи дека Господ така сакал. Верник сум ама не верувам дека секогаш е сè воља на Господ.
Кога ке видам дека криминалците владеат со светот и ништо за тоа не им се случува а напротив им се случува на чесните луѓе малце се и подзамислувам. Или пак кога ке видам маж како си ја малтретира жената се ена нејзин грб тој пијаница недораснат и на крај умира жената од мака а овој живее 100 години среќно. Треба да си суров и безчиуствителен за да бидеш среќен не ти треба за да веруваш во господ.
Не верувам и сметам дека ми е навика да си се тешам со ''ај со Господ напред'' како што се тешат и повеќето што подобро ги познавам.
Еве уште еден доказ за постоењето на Господ: За сите љубители на цртанот „атомската мравка“, ви го претставувам Кинезин - мотор протеинот кој што го имаме во секоја наша клетка. Т.е. ги имаме повеќе. Тој изгледа баш како некој мини вонземјанин, се движи со две стапала со брзина од 100 чекори во секунда, на главата носи протеини десетина пати поголеми од него и е одговорен да ги пренесе од една комора на клетката до друга. Кога не носи голем товар, тој оперира во energy saving mode за да заштеди енергија. Знаеме дека кога поминуваат високи политички функционери, полицијата ги гаси семафорите и ги затвара улиците за тие да поминат. Епа кинезините се уште појаки фраери бидејќи пред тие да поминат, одредени молекуларни машини градат автопат по кој треба да поминат, а веднаш штом поминат и се изврши транспортот, автопатиштата се рушат и нивните материјали се користат за следно нивно поминување. На тој начин екологијата на клетката е запазена и нема гушење од непотребни патишта и улици.
Ако докажете дека еден природен број не е парен број, тогаш автоматски сте докажале дека е непарен број. Слично и овде. Доколку покаете дека одредени нередуцирачки високо комлексни системи не можат да настанат случајно, автоматски сте докажале дека морало да бидат создадени. А создавањето подразбира создател. Позз.