Јасно, ама зошто тогаш секоја добра работа се препишува на Неговата волја? Како така ако те мавне кола е случајност, ама ако преживееш - Господ те чува? Ова не ми е јасно кај повеќето верници..
Не е Господ така сакал ... Ние можеби не сме свесни, но ние живееме во паралелен универзум, каде што постој добро и зло и тие две страни се во постојана борба, сигурно имаш слушнато дека сите имаме ангел чувар, како што го имаме него од друга страна секогаш постој демон што не "демне". Друго, сакам да кажам после воа некој да не помисли дека и секој наш чекор е предвиден и предодреден, доста работи ни се случуваат од несвесност или сл. Ама неможе да се порекне фактот на тоа дека не е така.
Високата комплексност на крвта и силен доказ дека постои Господ кој ја дизајнирал, бидејќи не само што случајно не можела да настане, туку и сите научници да ги соберете на купче, не можат да дизајнираат нешто такво како кртва. Покрај тоа што крвта ги снабдува сите наши клетки со храна, кислород, врши детоксикација, се бори против вируси, ја регулира топлината во телото, таа има одговорност и да залепи дупка во вистинско време, на вистинско место и само таму, и притоа не смее да претера во тоа. Системот на коагулација на кртва вклучува високо кореографирана каскада од десет меѓусебно зависни чекори кои користат околу дваесет различни молекуларни компоненти. Погледнете го видеово од 2 ипол минути, за да видите колку е тоа маестрално дизајнирано во нашата крв.
^ Можда би ти држеле вода аргументиве, да беше само спиритуален (spiritual but not religious што би се рекло) и да веруваше на твој начин во создател како енергија и сл. Ама да наведуваш комплексност на градба на организмот во одбрана на Библијата и сите бајки во неа (или било која од светите книги)... цк. Баш така совршен организам се создава за еден ден, па од реброто на машкото - жена, ахам. Виша наука (посебно биологија, хемија, физика) во одбрана на ова е голем оксиморон.
Баш напротив. Безлична енергија не може да создава вакви мастерпис високо коплексни дизајни. Енергијата е безлична и во физиката се дефинира како способност на некое тело да изврши одредена работа. Имаш кинетичка енергија, гравитациона (потенцијална), еластична, хемиска, топлинска, нуклеарна - сите овие се безлични и немаат капацитет да креаираат нешто како примерите погоре. Од друга страна, многу е поразумски и пологично дизајните да се препишат на Бог кој има разум, интелигенција, воља, креативност, отколку на некаква си недефинирана „енергија“. И што е проблем што Господ го создал човекот за 1 ден? Ако сакал можел да го создаде и за 1 мили секунда. И што има везе тоа дека мажот го создал од земниот прав а жената од реброто на мажот? Ако сакал можел мажот да го создаде од воздух, а жената од вода, или пак од ништо - како што го создал целиот Универзум. Не сфаќам каде е тука „оскиморонот“? Само затоа што тебе не ти се допаѓа тоа, не значи дека истото е оксиморон.
Јас сум Боκонониста! Веρувач во безболни невистини! Догма со κоја можеби се живее добаρ живот. Живеејќи здρавκи и сρеќничκи.
И ДНК молекулата е доказ дека постои Господ. Информациите што се содржат во ДНК молекулите кај човекот (3.2 милијарди букви) се еквивалентни на една библиотека од 5800 книги. По една библиотека во секоја наша клетка од телото. Ако овие 3.2 милијарди букви ги напишете како една непрекината реченица, таа ќе се протега од северниот пол до екваторот. (1 буква = 3мм) Ако некој дактилограф, кој просечно куца по 300 букви во минута, се нафати да ја напише оваа реченица куцајќи по 8 часа дневно (без паузи) и 220 работни денови годишно, ќе му бидат потребни 95 години за да ја искуца целата оваа огромна реченица. Тоа е дигитален програмски код кој како оперативен компјутерски систем е одговорен за образување, раст, развој, одржување и репарација на целото тело. Не постои програмер и инжинер што направил пософистицирана и поефикасна машина од човечката клетка. Овие информации се зипувани и заштитени во јадрото на клетката. Клетката не може туку така да чита од нив кога ќе и текне. Си постојат молекуларни машини и програмски клучеви (ензими) кои ја одзипуваат (расплетуваат) ДНК молекулата, кажуваат од каде точно да почне да се чита, каде да се сопре, а притоа и поправаат евентуално настанати грешки. Потоа... кликнете на видеово, трае само 2 ипол минути.
^многу е апстρаκтна тематиκата во видеото и тешκо ρазбиρлива, ете да си κажам свое ρазмислување. А, Вонегут е интеρесен доста...
Па не знам зошто баш на земјата не испратил,сигурно ќе го дознаеме тоа после второто Негово доаѓање на земјата,и тогаш секој според заслугите ќе замине на заслуженото место... И во мои очи не бил некогаш праведен,ама тоа траело со секунди,многу поважни ми се мирот и стравопочитта кон Него,и пак ќе кажам да не беше Тој,јас одамна немаше да бидам овде. Оставете ги луѓето да веруваат во она што сакаат,и им дава сила,не се потребни никакви осуди,ни исмејувања,на крајот од денот не знаете кој низ што поминува и кој со што се бори.
Зошто сега не го доделува заслуженото? Туку ги тестира луѓето. Некој имал потенцијал да биде добар, ама се разлошил поради околината. И нема да заслужи влез во рајот. Форумот служи за размена на ставови. Јас никого не исмеав и осудив во случајов. Се надевам дека не се однесуваше на мене последниот дел.
Не се сите запознати со правилата, бидејќи не се нашле во опкружување кое би ги запознало со правилата. Секако дека тестира. Има примери во Библијата.
@sjdgo Повеќе пати нагласив дека за некои прашања единствено Бог го има одговорот,а ние можеби ќе го дознаеме одговорот кога еден ден ќе се сретнеме со него.... И не реков дека ти осуди или исмеа некого,баш намерно го одделив тој дел,за да не се пронајдеш,кажав општо,бидејќи ние верниците сме исмевани и етикетирани често баш поради тоа што немаме одговор на некои прашања,и баш што испаѓа како се да е "слепа верба"....
Ама на прашањата за кои велите дека нема одговор, одговорите се обично во Библијата А, ОК. Зашто и вториот дел ти е одвоен, па сепак е реплика на нешто што јас го напишав. Не бев сигурна дали и третиот е за мене или не.