Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    305 глас(а)
    15,6%
  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Те праша ли некој?
    Па замисли години наназад без никаква технологија колку брзо се раширило Христијанството а за денес велиш не се нашле во такво опкружување. Проблемот е што некој не сака да се запознае со тие правила или пак не му одговараат или пак работи на нивно уништување и заборав.
     
    На sonuvana, Snowflake97 и Rama им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Концептот на слободна воља не значи дека ние можеме да правиме што сакаме без да имаме последици. Не може на кривина за десно да свртиш лево и да се чудиш зошто си завршил у ендек и да го обвинуваш Бог дека не ти дал слободна воља да вртиш кај сакаш без да имаш последици.
    Бог го мисли најдоброто за нас, а слободна воља значи дека имаме право да мислиме дека сме попаметни од Бог и да делуваме во полза на наша деструкција.
     
    На Feminka22 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Токму технологијата, современото живеење ги одвраќа луѓето од христијанството. Луѓе како луѓе, несвесно прават како што диктираат околностите, не се тие виновни што толку им е дадено... та нели Господ давал?
     
    На Lianna Anna и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Па да, технологијата а посебно интернетот ги одвраќа луѓето од христијанството ако користењето на интернет се сведува на фејсбук, инстаграм и порнхаб. Не, Господ створил еднаш и сега сами се унаказувме.
    Еве на пример 5Г мрежата е актуелна деновиве. Да си близу до 5Г трансмитер е исто како да влезеш во микробранова. Тоа влијае на околината, на новородените деца кои поради тоа се раѓаат со разно разни болести па после Бог ни е крив.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Се е дел од Господовиот план. Господ така сакал, Божја волја. Он барем може во секое време да преземе мерки, но молчи. Молчењето значи одобрување.
     
    На Lianna Anna и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Точно се е дел од Господовиот план, но и во Библијата стои тоа дека ќе дојде време на Богохулење, ќе дојде време кога луѓето ќе се оттргнат од него и ќе биде се полошо и полошо, затоа што Ѓаволот не спие, он посебно работи на неговиот план и Бог знаел за тоа и тоа веќе и ние можеме да го видиме по мал милион примери околу нас. Многу пати ме имаат прашано кога сум зборувала на оваа тема ако Господ е толку семоќен зошто му дозволува на ѓаволот да манипулира со луѓето, зошто он да завладее со светот сега, бидејќи и тоа е дел од Божјиот план, на некој начин тест, за да се одреди кој на која страна ќе се сврти, а и доста ни е познато дека сите повикуваме кон Бог кога сме најочајни.

    Пред некој ден гледав една емисија каде што имаше некоја анкета и ги прашуваа луѓето кога подобро се живеело дали порано или сега, сите одговорија порано, имало љубов, слога, разбирање, знаеле да се дружат пред се, ретко кој на кого завидувал, не биле исполнети со злоба луѓето, а денеска каде и да се свртиш само омраза, луѓе преполни со гнев, себичност, време каде што брат на брат му завидува и се скарани и сето тоа не е без причина, а баш Библијата е таа каде што зборува за ова дека ќе се случува дури ќе биде и многу многу полошо од сега за неколку години. Сега ти види зошто Бог молчи
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Затоа што многу не сака, а сепак планот му е мнозинството од нас да не изгони во пеколот. :D Убаво прашање ти поставувале, но ти го немаш одговорот. Дали разбираш дека не се станува зол онака, од себе? Околностите и условите предодредуваат каков човекот ќе стане. Или е случајност, или е Божја волја. Недоследно е да веруваш во семоќниот, а да го обвинуваш човекот за животот кој му се погодил да го живее.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Јас не обвинувам ничиј живот, сите водиме свој борби на различни начини.
    На тоа прашање што ми го поставуваат јас веќе одговорив зашто е тоа така само ти не си го пронашла одговорот.
    Не сака толку многу што за нас го жртвувал својот единороден син, толку голема љубов не постој,самиот Бог е ЉУБОВ, доколку секој во себе, во своето срце го има Бог ќе биде исполнет со љубов и тогаш нема да постој ова што постој, планот не му е мнозинството да го фрли во пеколот, туку да го спаси од таму можеби на некој или на секој ни приредува пеколен дел од животот за да го извикаме неговото име, да побараме помош и простување на нашите гревови.
     
    На sonuvana и Rama им се допаѓа ова.
  9. LaCHICALATINA

    LaCHICALATINA Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Не верувам во Господ, барем не во Господ кој е опишан како таков во Бибијата.
    Верувам во нешто сосем друго .
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Во Библијата е запишано дека повеќето ќе завршат во пеколот, значи Бог одлучил (освен ако не се премисли, зашто во некои библиски приказни и тоа го прави, но овој пат не верувам).
    Прочитај во главниот извор на твоите убедувања пред да ги наметнуваш.
    Одговорот мене ми е познат, Бог полага право да бара љубов и понизност за него, по цена на секаква тортура, што сметам дека е премногу за човек.
    Инаку, мнозинството и заслужува да оди во пеколот ако се прашувам, проблемот е што и мене ќе ме повлечат со нив.
     
  11. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Не. Али сметам дека книгите и објектите од историски и културолошки аспект се интересни моменти и на мое дете ќе бидат претставени како такви сите подеднакво.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Ако те разбрав нешто!!!:?:

    Која слободна воља, ајде објасни ми од што е ослободена...а од друга страна наметнати ни се божји закони и страв во коски од пеколот???
    ПОпаметни од Бог????? :?::?:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не не не. Јасно пишува во Библијата дека нема судбина или пишано како што велите. Би немало логика кога Бог би ги програмирал луѓето да грешат па после да им суди. Превземал мерки, но пак се изопачени луѓето се повеќе и повеќе така да сами ќе се уништиме за некоја деценија.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Бог ти дал заповеди но твоја воља е дали ќе ги почитуваш. Ти дал Свети Тајни како исповед, причест и сл.Твое е да одлучиш дали сакаш да му веруваш, дали сакаш да се покаеш за гревовите и да добиеш опростување.
    Твоја воља е дали ќе му се помолиш, ќе го побараш.Бог никого на ништо не тера.
     
    Последна измена: 20 ноември 2018
    На sonuvana, Rama, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Сте сретнале ли атеист што верува дека резбиве можеле да настанат случајно со милиони години ерозија на карпите? Ни јас. А сепак нивниот дизајн е поедноставен и од опавчето на една бактерија.


    Mount_Rushmore_(1).png

     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.709
    Пол:
    Женски
    Каква е таа слободна волја под постојана закана од казни, вечни маки во пеколот по смртта, апокалипса за „неморалното“ човештво и сл.? Под ваква премиса, Библијата ти наметнува упатство за животот, како да одлучуваш за сопственото тело, ти ја ограничува и управува љубовта и врските, едноставно целиот ментален склоп. Тоа е сѐ, само не слобода. Напротив, морално ропство е.

    Слободна волја имаме како еволуиран интелигентен вид да одлучиме дали, во што и до која граница ќе веруваме. Кога ќе одлучиш да бидеш хардкор верник посветен на религија и правила во света книга - си ја одземаш.
     
    На candy.cane, KateKane, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Не сме ние во никако ропство.Не ми управува Господ со врските и љубовта туку разумот мој и срцето.Ако јас сум неспособна да задржам машко поред себе сама сум крива не Господ.
    Ако сакам ќе бидам во врска со Евреин,Будист, муслиман итн...никој не може да ме спречи во тоа.И ние верниците имаме слободна воља.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Библијата ти дава упатство како треба да живееш а тоа што ти го сметаш дека сето тоа е погрешно и мислиш дека твојот стил на живот е правилен е тоа е друга работа.
     
    На sonuvana, Rama и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Не, јас немам намера да наметнувам нешто посебно не некој да верува во Бог, вербата се прифаќа со срце и душа, тоа мнозинство што ќе заврши во пеколот ќе бидат тие што нема да се покајат ни во последниот час.
    Секој бира каков живот ќе живее, колку и да сакаме безгрешни не можеме да бидеме, ама тоа си оди како еден ланец денеска некој ќе ти направи нешто лошо и ти му враќаш два пати полошо, додека во Библијата пишува дека секој ќе го стигне Божјата казна, секој ќе одговара за своите постапки. Со ова не мислам дека на секој треба да му дозволуваме да ни се понаша или погазува, секогаш треба да се штитиме самите себе, ама едноставно на зло да не враќаме со зло и на крај краева доброто секогаш го победува злото!!
    Има една стара добра мајка ми од секогаш ја кажувала Бог бави, но не заборави.
     
    На sonuvana, Rama и afrodita94 им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    55.795
    Пол:
    Женски
    Од една страна велите упатство за живеење од друга слободна волја. Контрадикторни се тие термини. Нема правилен/погрешен начин на живот, се' додека го правиме она што не' исполнува и не' прави среќни и не повредуваме некој друг не е грешно ништо. Господ ако е толку милостив и семоќен би го сакал тоа за нас. :)

    Не знам дали имам пишано на темава, јас сум агностик. Нема никогаш да докажеме дали има/нема некаква натприродна сила.
     
    На lovestoneddd, Briar Rose и Someonespecial им се допаѓа ова.