Напишав и погоре, упатство за живеење да но твоја воља е дали ќе го прифатиш тоа.Никого не можеш со сила да го натераш да живее според Библија. А не може да се докаже натприродна сила, може само да се почувствува.
Не се контрадикторни тие термини бидејќи СЕКОЈ ИМА СЛОБОДНА ВОЉА дали ќе ги прифати тие упатства и ќе ги следи или не. Работите се толку едноставни незнам зошто ги комплицирате со сила.
Сите имаме слободна воља, да, така би било само кога би можеле да го слушаме внатрешниот глас во самите нас, без да ги гледаме надворешните фактори..или како што сакаше ЕвАнгелчо да ме убеди, демек ако има улица на која само можеш на десно да завртиш, мое дали ќе сакам да завртам десно...така де, знам дека треба да вртам десно, но ако на патот на кој треба да завртам ми се препречи било што оддеднаш, нели ќе морам да вртам лево и да застанам,не по моја воља, туку поради новонастаната ситуација. Слободна воља е илузија...Јас верувам во Бог, верувам во творецот..но во библијата како што е пишана целосно, не верувам.
Да немаше слободна воља сите ќе си живеевме онака како што Бог ќе наредеше и сите ќе си бевме среќни па така немаше да има убиства, грабежи и сл
А што правиме со пожарите. со поплавите, со торнадава..последните месеци дали знаеш колку илјадници луѓе загинаа?
Сега ти го мешаш изборот на човекот како да живее со природните катастрофи.Да јас верувам дека ништо не е случајно во животов и сите незгоди вклучувајќи ги и овие се од Бога.А да живеевме сите среќно, нели, можеби немаше да ги има овие незгоди
Е ова е веќе контрадикторно некој работи вечно одат рака под рака заедно една со друга, ако кажеш Јас верувам во Бог, ама не верувам во тоа што е напишано е исто како да не веруваш воопшто, бидејќи тоа слово е напишано од него и има дел кај што вика дека колку и време да помине збор нема да биде променет од Библијата, и луѓе ќе се трудат да го уништат Божјото слово но никогаш нема да успеат, и јас верувам во тоа дека е така.
Не е контрадикторно. Има многу различни форми прво на божества (религии други од христијанството - значи не поврзани со Библијата), а потоа и на верување - и во христијанскиот Бог, и во останатите. Гуглај за агностички теизам, деизам, пантеизам итн. (Патем, wow, ми се виде океј пост на баба Рада... овој датум треба да се запише некаде )
Она е тоа??? Да не е хакната божемеопрости ?!?!? Ептен е праведен тој ваш бог. Нека му се заблагодарат на добрината и луѓе кои деца губат во природни непогоди, и цели фамилии кои губат се во дел од секундата, сето нематеријално и материјално богатство на овој свет. Како ве заслепија бе до толку ? Како ?
Ова слободно можам да кажам дека ми е омилениот твој пост Како, како бе златен Маунт Рашмор го поврза со Госпо, к а к о. И кај коагулацијата имаш грешки патем, 11те фактори кои ги имаме на коагулација ги делиме со сите суштества што имаат 'рбет, значи се појавиле во исто време еволуциски. Како резултат на таа еволуција најчесто подложени на мутации се 8, 9 и 11. Ако не се како што треба тие фактори хемофилија има човекот. Госпо твој ако ги правел а не се продукт на еволуција немаше да бидат подложни на мутации, ќе беа "совршени". Нејсе, Маунт Рашмор Како е конструкција која е прво правена на карпа која е стара 1.6 билиони години (а твојот креационизам тврди дека Земјата е 10.000 години), затрупана од песочна бура, па откриена пред 70 милиони години дело на Господ жити се. Секако дека не е случајност, Гатзон Борглум ја почнал изградбата, син му ја довршил пошто починал човекот. Цела група на луѓе со години работеле на Рашмор, се користеле динамити, специјални техники на бушење за да можат убаво каменот да го моделираат, неколку пати е преправан, прво требало цели да бидат претседателите, ама не било изводливо тогаш. Л е л е. Каков едноставен дизајн, знаеш ли колку денови, месеци се посветени за да изгледа вака како што е сега? Каков едноставен дизајн, кога важи за едно од најкомолексните и најсовршените конструкции, анализирано и поддржано од стручни луѓе? А да, внатре е во специјален дел е напишана кратка историја на САД, биографија на Рузвелт, Линколн, Џеферсон и Вашингтон и декларацијата за независност. Госпо да не го изрезбарил тоа? 1990 е завршено иначе, Госпо тогаш колку што знам не се врткал тогаш на Земјата Едноставен дизајн
Го закопа. Што да кажам освен тоа дека менталните нарушувања доаѓаат во безброј форми, среќа па лесно препознатливи се. На пример фанатиков од прв пост ми се виде шѕо сорта е. Греотичка.
А што е со невините деца па и возрасни кои умираат од (неизлечливи) болести? Никој не одбира тоа да го снајде, едноставно се случува. И тоа е волја на тој Господ, да згаснуваат млади животи?
Па веќе кажа дека не е случајно, а некаде назад и јас имам пишувано за тоа дека повеќето работи се случуваат со причина. Но зошто секогаш се фаќате за тие лоши работи, зошто никој не ги гледа тие добри работи што Бог ги приредува, колку што има луѓе што умираат од лоши (неизлечливи) болести, исто и секој ден има некој што се спасени од тие болести, лично јас познавам многу луѓе што се излечени од тие болести бидејќи се свртеле и барале помош од Бог за својата болест и се препуштиле на неговата воља, тоа што е напишано во Библијата дека Исус лекувал болни, лепрозни, слепи прогледувале, мртви ожувувал тоа не се само приказни, ниту митови, тоа е вистина се случува и денеска само што не сте запознаени со тоа. И пак ке кажам се се случива од некаква причина, секое лошо за добро е !
Ако некои ги излекувал тогаш сите нека ги лекува. Верувам дека имало многу и од тие што не се излечиле што се молеле и верувале во него, а и нивните фамилии. Зошто некои да се спасени а други не? Никој не спори дека се случуваат убави работи во светот, но не треба ни лошите да ги игнорираме.
Значи Бог знае однапред дека нема да се покајат и не презема ништо за да допре до нив и да ги промени, туку си стои на истата тактика? @Vitaly, сметај го ова како одговор и на твојот цитат.
Да,се е негова воља. И чудни се неговите одлуки некогаш.А ако сум верник не значи дека ќе ми тече мед и млеко у животов.
Не го поврзав со Господ, туку со атеистичката логика. Читај малку подобро, види со колку голем фонт буквите се напишани Еден таков фактор случајно не може да настане, а камо ли пак 11-те одеднаш. Тоа е како слеп човек да погоди со ласер непознат атом во најодалечената галаксија од нас. И тоа 11 пати. Искрено ви завидувам на оваа фанатичка вера во Дарвинизмот Погрешно. Бог на почетокот ги создал совршени и таа совршеност и дизајн ја гледаме и во тоа што постојат 6-7 вградени механизми за поправање на грешките во ДНК молекулата. Како настанале механизмите се поправање на грешките, се дополнителна главоболка за дарвинистите и дополнителна непремостлива провалија. Проблемот настанал откако гревот, а со тоа и смртноста влегла на сцената. Тогаш почнува деградацијата и деконструкцијата. Така што Библијата си има одговор и за тоа. Апсолутно погрешно. Библијата ниакде не вели дека Земјата е стара 10,000 години. Кажи ми го тоа на твоите соверници - атеисти Тоа е заради големината. Дизајнот не се мери според големината. Истата скулптура и два метри да е голема, ќе ја има истата комплексност на дизајнот како и оваа. Опавчето што ја движи бактеријата е неспоредливо покомплексно од тој дизајн. Само едно делче од ова микробилошко моторче (роторот) се состои од 494 амино киселини подредени под точно одреден редослед. Збори ми за случајност...
Го прашале некој евреин кој го преживеал холокаустот (но го загубил неговото семејство): - Како можеш ти кој си го преживеал холокаустот да веруваш во Бог? Тој одговорил: Како можете вие да верувате во човекот? Бидејќи Аушвиц го направил човекот, а не Бог.
Златен, Маунт Рашмор го поврза со религија, со Госпо, во тема дали верувате во Бог, дека резбите не настанле од луѓе, нема враќање од тоа, ќути жити се. Ќути и дај да завршиме тука, те молам