А од каде знаеш ти дека не презема ништо, кај Бог нема тактики ниту игри, едноставно е или се покајуваш и продолжуваш да живееш според Божјата боља, милост и љубов, или живееш како што ти сакаш и сметаш за тебе дека е океј го отфрлаш него од твојот живот, тие се два избора исто како на раскрсница или десно или лево. Бог секој ден преку нешто и на различни начини пробува да допре до нас (до секој што го нема Бог во неговото срце) Еве на пример и сега во овој случај Бог пробува да допре до тебе преку мене и некој други што не цитираш и не се согласуваш со нас и постојано одиш против неговото име. Не го кажав ова за да наметнувам нешто на некој, ама секојдневно имаме некој мали можеби незначајни за нас работи што не повикуваат кон него но ние не ги дешифрираме.
O, да, сигурно Бог дејствува преку тебе за да допре до мене. Како мене овие работи што ми ги кажуваш да не ми беа познати па сезнајниот Бог не знае дека ти нема да ме премислиш со тоа што од почеток ме цитираш. И што ме мешаш мене, што се има по светот, мене најде да ме посочуваш ко грешник. Ако легитимните и логични заклучоци кои не ви се допаѓаат и затоа се правите дека не ги гледате е одење против Божјото име, ОК тогаш.
Eве @afrodita94 вели дека и такви трагедии и катастрофи се волја на Бог, нели дека сè со причина (поука) се случувало. Договорете се Ти, пак, објаснуваш преку наука на највисоко ниво - дека причина да веруваме во твоето замислено другарче е градбата на организмите, неспоредливо посложена од технички пронајдоци за кои сме свесни дека имаат креатор (постоечки луѓе од крв и месо со цела биографија за нив). Ние ти велиме дека дури и за тие пронајдоци месеци и години се потрошени за нивно создавање, а не пак човекот да бил создаден за еден ден - а ти со детски инает ни се натегаш дека на Бог сè му се може. Е па, ако му се може ако посака дури и за секунда да создаде природа, релјеф, нов вид организми; и да нè збрише при second coming според бајкиве - како тоа и зошто не можел да спречи еден Хитлер, еден Сталин, една пандемија на чума во средниот век, еден катастрофален земјотрес/торнадо/ураган, да им пружи нормални услови на цел трет свет што живее во глад, итн итн.? А, ако може и не го прави тоа - какви луѓе сте вие што му се клањате? Ниедна морална личност која длабоко размислувала за овие прашања, не може да го оправда ова.
Не се договарам со никој овде на форумов, ниту правам табори „наши“, „ваши“. Ако ти си правиш табори „црвени против плави“, прави си, ама не ме ставај и мене во таа игра и не ставај нечии други зборови во моја уста. Објаснувам, ама на кого? Слеп човек да беше, во тие примери ќе видеше јасен и недвосмислен доказ дека Бог постои. Не само Хитлер, туку и тебе и мене не не спречил кога сме грешеле, кога сме повредиле некого било со збор, било на дело. Ете Господ не ни ставил рака на уста, ниту ни ги врзал прстите кога сме пишувале на форумов навреди, понижувања, оцрнувале некого, кога сме користеле сарказам. Во нашата околина има луѓе кои кога би имале половина од моќта на Хитлер, би убиле двојно повеќе од него. И на форумов сум осетил таква омраза кај некои луѓе. Лесно е да се посочи на грешници како Хитлер, ама малку потешко е да се погледнеме во огледало и да се потсетиме какви гревови и ние имаме направено. Ако Бог реши денес да го уништи сето зло, можеби ќе треба да почне од форумов, па натаму. Но Бог си има свое време и на свој божествен начин. Бог не би бил бог доколку се води по паметот и советите на луѓето. Да знаеа луѓето како се решава злото, до сега имаа векови и милениуми да го докажат тоа со разните влади и општествени уредувања. Очигледно, човекот во својата гордост не докажал дека знае подобро од Бог. Е сега, на нас може не ни се јасни и нема да ни бидат познати многу одговори во однос на Божјото делување или неделување, ама тоа не значи дека Бог не постои. Тоа само значи дека ние не го знаеме одговорот на тоа прашање „зошто“. Глупаво би било таа празнина во знаењето да ја пополнуваме со атеизам и од нашето незнаење да извлекуваме заклучок дека Бог не постои - кога постојат многу јасни докази за тоа.
Хаха па очигледно ти сама не се сметаш за важна, а за Бог сите подеднакво се важни, и зошто не би дејствувал преку мене сите што го шират Божјото име Бог дејствува преку нив на овој или оној начин, порано христијанството сигурно не се раширило туку така, туку живи луѓе сведочеле за Бог, проповедале во негово име и луѓе неверници се покајувале и ја прифаќале верата.
Не е така. Можеби за Бог сите се подеднакво (не)важни, ама видиш јас самата се сметам за најважна... и некако не ми одговара божјиов план. Ти почна со светии да се споредуваш, пази да не си забегала.
@EvAngelos, се шалев со договарањето. Барем ти се трудиш да се претставиш како кул и вицкаст (одамна веќе не ти пали, де), па немаше потреба на тоа да реплицираш (сериозно). Инаку, мислев на тоа дека се гледа оти и самите сте конфузни и се разидувате во (слабите) аргументи. Т.е. некои верници ќе речат дури и ако се работи за најранливи и невини луѓе со болести/катастрофи - дека сепак има некоја поука и лекција зад тоа; некои ќе го оправдуваат Бог со слободната волја и сите зла ќе ги припишуваат на човекот - а добрите исходи на Бог и вербата во него... Ама на крај сепак е СЕмоќен и добар, мда. Сарказам, вербални расправии и несогласувања во никој случај не можат да се споредат со масовни воени злосторства. Тешко нас ако на секој чекор би имало потенцијални психопати и социопати што би испоубиле милиони луѓе. Повторно она познатото верничко клише - омаловажување на сопствениот род и патетична недоверба во цело човештво, за сметка на славењето на имагинарно другарче. Koga e vo prasanje doverba vo lugjeto, e togas sum ateist, amin!!1 +++ Во право си, токму слепи би нашле (недвосмислени) аргументи за Божјото постоење во твоите постови. Умствено, психички и морално слаби „слепи“ луѓе, лесен лов за перење мозок од персони како тебе. Жал ми е, но на форумов нема да ги најдеш.
А зашто не олабавиш и ти малце?Темава е дали веруваме во Господ. Не дали ние верниците славиме ,,имагинарно другарче” сме мазохисти,глупи, неначитани за разлика од вас атеистите кои знаете баш дека Господ не постои и сѐ се создало од Биг Бен или во што и да верувате стварно не ме интересира бидејќи ни ти ни @sjdgo и уште неколку члена никогаш ама НИКОГАШ не сте покажале трошка почит према верниците. Не е битно дали сме христијани или муслимани овде кои дискутираме вие се исмејавате со нас во фазон дека ние сме мрднати.Да знаеш јас лично сум мрдната, пијам морфиум секое сабајле за да ми искочи сликата од Господ пред очи и цигариве што ги пушам ги пушам полека и сигурно да умрам за да отидам кај Господ . И двете сте фини како личности и супер сте за читање вака и во многу други теми се согласувам со вас ама многу се напињате на темава.Значи ако неќете и не верувате во Господ океј не верувајте ама не нѐ ,,реметете” нас што веруваме. Во светот има повеќе верници него атеисти, сакате да кажете дека пола свет се ретардирани идиоти кои се тешат цел живот и веруваат во НИШТО?А вие сте најпаметни??Епа не гледајте само право како коњите. На вас две никој не ви кажал овде дека се безбожници, дека сте мрднати или дека ќе горите во Пеколот бидејќи имаме ОСЕТ и ПОЧИТ према изборот на другите.Јас бар имам, имам другарка атеистка.Она го почитува мојот избор јас нејзиниот.Нити сакам да ми проповеда статии исчитани па copy-paste нити планирам да ја убедувам во нешто.
Ти за самата себе можеби се сметаш за најважна, ама твојот предходен одговор зборува за тоа дека не се чувствуваш доволно важна и достојна за Бог тебе да ти се обрати било на кој начин, сепак го сметаш за нешто големо у споредба со самата себе невозможно и недостижно. А ако сметаш дека сум забегала со мојот одговор фала ти, ми значи.
Што повторно јас? Ме барате на темиве - удостојувам со реплика. Изгледа преиспитувањето на постоењето на Бог или на неговите постапки при евентуално негово постоење, или некоја мала шала, за тебе претставува непочит кон верниците. Нели мене ме повикуваш - веќе не станува збор за нешто такво од моја страна, не си ме читала доволно последниов период. Не ве сметам за глупави, не ја проценувам интелигенцијата според степенот на вера... иако извесно време прибирав аргументи и од тој агол, се уверив дека не држат доволно. Најуспешните луѓе што ги знам се убедени во постоење на виша сила (или отприлика 99,9% од нив). Зошто темава ја сведувате на пропагандистичка битка? Некој едноставно е заинтересиран за религија, сака да дискутира, да наиде на поинакви сфаќања. Проповеди во црква... или во невладина, во форумски дебати подолабавете. Па и мене ми значи што бог испраќа свои емисари кај мене , така да, не ми ги извртувај зборовите.
Досадни сте. Верници расправаат со атеисти и обратно. Никогаш нема да најдете заеднички јазик помеѓу овие два типа на луѓе.
Најчести причини зошто луѓето не веруваат во Господ се: - Гордоста. Не сакаат да имаат Господар над нив. Тие се попаметни од Господ и штом Бог не делува според нивната замисла, значи Бог не го бива и затоа тој не постои. Тврдоглави се во своите убедувања особено доколку претходно јавно се прокламирале како атеисти и не сакаат да си признаат дека не биле во право. Не сакаат да бидат „дел од стадото“ бидејќи тие се над другите луѓе пред се по интелигенција. - Погрешната претстава за Бог. Ова за жал највеќе доаѓа од традиционалните „верници“ кои ни самите немаат правилно познавање во Бог и со нивното парадоксално празноверие им претставуваат искривена и небулозна претстава за Бог која што најчесто е подлежна на потсмевање. Ова на неверниците им изгледа небулозно и секако дека не сакаат да бидат дел од таа пародија. - Гревот. Познато и дека гревот ги оддалечува и верниците и неверниците од Бог. Луѓето не сакаат да се променат и откажат од некои грешни навики, бидејќи веруваат дека им носат инстант задоволства (иако потоа најчесто следи разочарување). Сметаат дека ако поверуваат во Бог, дека тој ќе им скуси некои задоволства - што повторно произлегува од искривената слика за Бог. - Емотивно разочарување. Им се случило нешто трагично во животот, Бог не делувал согласно нивните очекувања и затоа тие се откажале од Него. - Социјален притисок. Опкружени се со атеисти или со традиционални „верници“ за кои е неприфатливо и „забегано“ човек вистински да верува во она што тврди дека верува. Според нив на пример нормалниот христијанин треба само за Божиќ и Велигден да отиде во црква, да се прекрсти кога ќе помине покрај црква и шерне некоја икона за здравје и толку. Никако читање Библија или молење дома. Се што е повеќе од тоа е секташка работа или забегување. За луѓето што немаат доволно храброст да се спротистават на овој социјален притисок, ова ги спречува да веруваат во Бог. Можеби пропуштив некоја, ама горе-доле тие се. И секако дека атеистите нема да се сложат со овие причини, што е сосема во ред.
Ден 2, уште се смеам за Маунт Рашмор дека атеистичката логика била дека настанал со милиони години ерозија на карпите Тема дали верувате во Господ, со архитектура и уметничко дело градено толку години со атеизам поврзана. Ах бе Ангеле, Ангеле
Сум те прашала и порано, си го избегнал одговорот. Од која од овие причини што вака надмено ги наведуваш, порано ТИ си бил атеист (како што тврдиш)?
Па воглавно од две причини: 1. Дефинитивно имав погрешна претстава за Бог - добиена од православното опкружување. Пример со семејството сме иделе во некој манастир и ми викале да извадам конче од облеката и да го обесам на дрвото до манастирот и тоа ќе ми донесело здравје, среќа и сл. И ја пробував да најдам логика во тоа и не можев и сето тоа ми изгледаше небулозно дека Бог гледа одозгоре кој ставил конче на дрвото за да му даде здравје, а на другите болест нели. И секако не сакав да бидам дел од таа пародија. Затоа и кога моите влегуваа во црква, јас стоев надвор како ѓавол. 2. Бидејќи бев многу навлезен во природните науки - и тоа од атеистички професори од ПМФ, бев потсвесно индоктриниран во натурализмот (практично атеизмот). Верував во една лага дека верата е за простите и неписмени маси, а науката е за атеистите. Мислам дека клучниот момент беше кога слушав предавање од проф. д-р. Мијат Мијатовиќ (тогашен претседател на македонско астрономско друштво) за тоа како од големата експлозија настанал денешниов универзум. Тогаш ми се појавија многу прашања. И како што навлегував подлабоко во науката, се повеќе докази најдов дека универзумот и животот во него морале да бидат акт на создавање. Така ми се срушија атеистичките очила со кои го гледав светот. И дури 2-3 години подоцна се сретнав со вистините за Исус и се заинтригирав да проучувам во таа насока и на тој начин станав христијанин.
Не се сведува конфликтот овде само на верници вс. атеисти. Проблемот е во тоа што се премногу чувствителни и не сакаат да ги разгледаат работите од агли кои се косат со нивните убедувања. Можно е не сопствениот, туку туѓиот грев да оддалечи некого од христијанската вера, што мислиш за ова? Затоа велам дека Бог доколку постои, треба да се постави проактивно. Ако сака да се спасат луѓето, де