Се дистанцираш од христијанското учење поради поганоста и неправдите кои ги гледаш секаде околу себе, оти се она што е осудено во светото писмо, станало секојдневие. Се разочаруваш од човештвото, се разочаруваш од богот кој не презема мерки и оценуваш дека не ти ни треба (или дека не постои). Понекогаш стануваш и дел од истата таа секојдневна шема, зашто повеќе спокој ти носи да се вклопиш во средината, отколку пасивно да се изолираш настрана. Само една перспектива.
Епа бидејќи сите гледаат вака на работите полесно им е да станат ѓубре од луѓе, отколку да се држат до своето и да си останат луѓе, без разлика колку и да е станат суров светот попрво ќе одберам да бидам човек, да бидам светло во мракот отколку да се придружам на таа погана толпа. Лесно е да станеш бездушник бидејќи секојдневните ситуации те наведуваат на тоа, потешко е да останеш човек.
Ти од кај знаеш како сите гледаат на работите, во главата на секој еден да не влегуваш? Не те цитирав тебе.
@Snowflake97 те молам не се мешај во мојата дискусија со sjdgo. Да, во право си, може и тоа да биде причина зошто некој не би верувал или би престанал да верува во Бог. Интересно е што работите кои што ги набројуваш некои луѓе ги оддалечило и им ја намалило верата во Бог, а други пак ги приближило и им ја зголемило верата во Бог. Можеби ќе си речеш како може овие работи да ја зголемат верата во Бог? Дозволи ми да ти објаснам. Сите овие работи што ги наведуваш се претскажани од Исус во Библијата. Претскажано е какви ќе бидат луѓето во „последните времиња“, претскажано е и зголемувањето на лицемерните верници кои ќе негуваат само надворешна побожност (а внатре се откажале од Господ) - сето ова го пишува во Новиот завет. И кога гледам надвор дека тоа навистина е така, мене тоа ми ја зголемува верата во Исусовите претскажувања. А што се однесува на темата „зошто Бог не превзема мерки“... тоа е малку подолга тема и некако не ми се почнува во моментов. Не е Бог пасивен во тој поглед воопшто. Од неодамна се преведе и книгата на еден од моите омилени автори К.С. Луис со наслов „God on mute“ (мислам дека ја преведоа како „Божјиот молк“ или „Кога Бог молчи“), ама баш зборува на темата за злото и страдањата и Божјото делување - се разбира од Библиска перспектива.
Оти на темава се коментира исклучиво од аспект на Православно Христијанство? Во Бог можеш да веруваш на различен начин, не мора стриктно да се рачуна по православието. Постојат еден куп различни религии... башка што, верувањето во Бог, не нужно мора да е поврзано со некоја религија. Зошто да мора институција да ви кажува 'како се верува во Бог'? Секој може за себе да си одлучи дали и како ќе верува.
Бог во суштина вербата во тоа дека луѓето се родени(програмирани,таква им е природата) да бидат добри.
Знам дека на некои луѓе токму тоа им ја зацврстува верата. Но, според мене, ако го бараш бог во се, ќе го препознаваш секаде. Ако го гледаш злото во се, и него исто. Мое гледиште е дека ако е реален христијанскиот Бог, би требало најголем дел од времето да кренал раце од овој свет се до судниот ден. Дотогаш човек се снаоѓа како знае и умее во земското постоење, ама да биде уште поинтересно, за тоа ќе одговара. Не се коментира исклучиво од аспект на православно христијанство, ете Евангелос е протестантски верник. А тебе изјавите ти се побиваат една со друга. Велиш секој сам треба да одлучи во што ќе верува, ама тоа да не е во склоп со институционализираната религија. Зарем не може некој да се пронајде во црковното учење ако сака? Се имаш изјаснето дека веруваш во виша сила, па не знам како самоуверено тврдиш дека од Црквата не се во право. Инаку, пиши си слободно од свој агол како ти гледаш на Бог Повторно ми реплицираш за да го напишеш истото? Море ѓаволски инает како за еден апологет на верата. Ај од мене се очекува, ама од тебе ли...?
Дали некој знае во што ќе биде облечен Исус кога повторно ќе дојде на земјата!?? Дали ќе биде тоа пак некој чаршаф изврзан или одело по последна мода!? Можеби ќе биде облечен во тренерка.... Адидас!?
Бог не нè испратил тука, тоа бил и останува наш слободен избор што сме заминале од духовниот космос (тнр.Царство Небесно) и сме дошле на Земјава и што честопати секогаш повторно наново доаѓаме. Мотивите кај секоја душа при тоа, се најразлични. Исклучок се пророците (божјите медиуми) кои се испратени за да го подучуваат патот кој води кон враќање во духовниот космос. Кога Христос одел по земјава како Исус од Назарет Тој се облекувал соодветно епохата во која што живеел. Кога Исус денес би живеел меѓу луѓето тој не би се облекувал значително поразлично од своите солуѓе. Имено, кој сака да се истакне себе си со поинаква облека во секојдневието а во име на духовноста/побожноста, тој честопати несвесно сака со тоа да ги прикрие своите сè уште постоечки човечки мани и негативни склоности. Понатака во објавите за денешницата објаснето е дека Второто Христово доаѓање ќе биде духовно, не телесно. Тоа ќе биде пропратено со физички видлив космички феномен кој што луѓето нема да умеат да го објаснат. Тој ќе биде видлив за духовно будните луѓе кои станале поприемчиви за повисоките вибрации преку живот во склад со божествените законитости - несебична љубов кон ближните и природата. А како тие луѓе ќе го доживеат тој духовен настан и Неговиот лик во своето внатрешно, не знам.
Сум ја чула и сретнала оваа теорија на повеќе места, некои велат дека душата по своја волја си ги бира родителите кои ќе создадат тело за неа Не знам дали се согласуваш со тоа, ама знам дека не држи вода зашто сум доста одлучна личност, сакам да ги имам работите под контрола и не би ја пропуштила можноста самата да решам нешто толку важно. Да можело да бирам каде да се родам, ќе сум фатела правец Холивуд, немаше да изберам Македонија и Балкан
Би било попрецизно да се каже дека душата е привлечена преку духовниот магнетизам на гените од родителите кој во дадениот момент најмногу се поклопува со збирот на светлите и темните страни кои душата ги носи со себе. Ти и сега можеш да фатиш правец Холивуд, Македонија при тоа да ти биде само отскочна даска. Тука треба да се земе в предвид моментот на слободната волја - како личната, така и онаа на другите луѓе. Тоа што некоја душа има одредена желба, план или замисила кои сака да ги доживее на Земјата не значи дека тоа и навистина ќе ѝ тргне од рака, бидејќи на Земјата дејствуваат и другите луѓе чиа волја може да биде поинаква, па при меѓусебната интеракција да прозиведе поинакви резултати. Освен тоа, ние во моментов не се сеќаваме зошто сме ја одбрале или зошто нè привлекол духовниот магнетизам на одредена локација. Некои души согледуваат дека така можат побргу да се ослободат од својот товар кој си го натовариле во претходните инкарнации. Други души пак тргнуваат во инкарнација „хипнотизирани„ од сопствената желба и убедувања за да продолжат да живеат во старата слава и световни удобности кои ги имале во претходниот живот, но не водат сметка за тоа дека околностите во меѓувреме се промениле и дека поради нивните кармички оптоварувања нивниот живот на Земјата би се движел во сосема поинаков правец отколку што тие тоа си го замислиле. Тука е пресудно колку душата е духовно будна и колку сака доброволно да прифати повисоки упатства и добронамерни укажувања од ангелите-учители кои ѝ го излагаат сето она за и против една натамошна инкарнација. Тие никого не принудуваат ниту некому забрануваат да се реинкарнира - само ги објаснуваат меѓузависностите и можностите. Бог и ангелите строго ја запазуваат слободната волја на секоја душа, но тоа исто така значи и изложеност на последиците од таквата доброволна одлука.
Дали Бог кренал раце или зафрчил ракави, тоа со помош на наука, разум и логика не можеме да дознаеме. Науката, разумот и логиката можат само да потврдат дека има Бог и дека Тој ја создал Земјава за живеење, обезбедил услови, храна, соодветна клима и сл. За проблемот со злото ни треба откровение од Негова страна. Ја сум убеден дека тоа Бог го направил преку Исус т.е. преку Библијата.
99% коментираат од аспект на Православие, а останатите, сеуште по Христијанско верување. Нема будист што коментирал. Не ми се побиваат изјавите. Не ми треба поп да ми каже како да верувам и во што да верувам. Црквите се организирани институции и се направени за власт, моќ и контрола на народот, не се направени од многу жал за човештвото. Ватикан е институција која има власт низ цел свет, практично. Исто како политички движења, само што овие со Бог и Божји казни ги контролираат луѓето. Можеш сите религиозни книги да ги прочиташ сам.. не мора никој да ти ја чита за тебе, па уште да ти ја толкува по негово. 'Во што сака да верува.' - не е исто со: 'Така ми рече попот'.
Па за да веруваш нормално дека не ти треба ни поп ни црква. Во библијата пишува дека телото е Божји храм, не треба Господ да го бараш во црква, на небо или на земја, туку во Себе. !!