Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    305 глас(а)
    15,6%
  1. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Го имам гледано, а исто и God's not Dead е со слична тема и сите 3 дела се многу добри
     
    На EvAngelos и afrodita94 им се допаѓа ова.
  2. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    зошто го барав и никаде го немаше
    не го барав за мене туку за мојте родители
    јас се издржав и немаштија и несреќи викав че биди подобро, че се снајдиме, семејството ми е тука на крај и семејството ми го зеде
    и да постој престанав да го сакам зошто тој мене не ме сака
    господ ме напрај душевно осакатен
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    4.253
    Во божествените објави кажано е дека понекои души сфаќаат и креваат рака од желбата по секоја цена да се вратат на планетава и го тргнуваат патот кон Вечната Татковина во духовниот космос(наречена и: Царство Небесно), но тоа зависи од секого засебно. Душите тендираат кон она што го доживуваат како реалност и она кон кое имаат искрено желба.

    Тоа приближно може да се спореди со лекување на алкохоличари и наркомани - тие константно имаат проблем, го чувстуваат, го живеат тој своевиден пекол но терапевтите колку и да им укажуваат што е подобро и колку и да сакаат да им дадат подршка, тие ја надминуваат таа состојба дури откако самите ќе прифатат дека имаат проблем и направат конкретни чекори во тој правец.
     
  4. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во Божјото присуство, љубов и провидение.
    Тоа е моја лична верба во нешто помоќно од мене.
    Верувам дека тоа не води, тоа е во секој од нас, и кога зборуваме и кога молчиме и кога се развиваат и развлекуваат низа комантирања и цитирања. Тука е и кога се смееме и кога се муртиме. И кога се правиме попаметни од тоа што сме и кога сме изненадени од нештата како мало дете кога запознава нова играчка.
    Проблемот е што повеќето од нас глумат свој личен Бог си придаваат значење поголемо од што заслужуваат и им следи, наметнуваат нивни правила и закони.
    А душата и вербата и се боженствено не може да се сотре, тоа е чиста енергија само преминува од еден во друг вид, неуништлива е. Била и е и ќе биде по нас, се друго е нешто што се случува и случува и потоа следи нешто друго и се се менува ништо не останува исто. Се менуваме и ние и нашето тело и емоции и вербата. Вербата колку често е ставена на тест на искушение но боженственото е тука пред нашите очи. Треба голема доза душевна чистота и мир да се воочи и восприеми тоа преку сите наши сетила а до тогаш неспособните за тој увид ќе живуркаат некој вештачки креиран живот во кој за се божје има некоја модификација ама сите знаеме тоа не е тоа.
     
    На Elenpelen, Rama, lovely girl M и 2 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Потребен е доказ за да бидете олку децидни. Мене ми треба да видам нешто за да поверувам (поточно нејќам да верувам, сакам да знам), а дотогаш сите можат само да си претпоставуваат.

    Инаку, можеби не сте забележале, но насловот на темата е неконцизен и двосмислен. Дали верувате дека Бог постои вс Дали верувате дека Бог е зад вас, ве сака, ве штити... :?:
     
    Последна измена: 6 декември 2018
  6. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    За мене лично доказ ми е постоењето на вербата.
    Секој е различен некој верува, некој не верува, а па некој нити знае дали верува или не верува ама ете има и такви:)
     
    На Elenpelen, Rama и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  7. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Nekoi sudbini se teshki,neznaeme zosto,neznaeme zosto stradame nekoi poveke a nekoi pomalku.Jas veruvam deka Bog postoi,no iskreno neznam zosto nekoi lugje mnogu stradaat :( no samo edno znam ako covek nema nadez i verba ke se izgubi i nikogas nema da se vrati nazad.moe mislenje :)
     
    На Tanjamm, Rama и J@cqueline им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Тој „доказ“ нема валидност. Како на суд непоткрепена со ништо верба во вината или невиноста на обвинетиот да го одреди исходот на некој случај. Јас не можам да се однесувам како да ги знам тајните на универзумот, ама нема ниту ентузијастично да се затрчувам само зашто некој рекол дека има Бог и мисли дека „го чувствува“.
    Да видам, па сетне.
     
    На J@cqueline му/ѝ се допаѓа ова.
  9. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Good 4U,it is fine for me.
    Јас си кажав за мене не за на суд како судат, а за судот пишав во Актуелни политички настани:)
     
    На Feminka22 и lovely girl M им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    79.781
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно да се увериме во нешто откако ќе го видиме тоа. Во религијата, поентата е да се поверува, верниците не го гледаат Бог но ја чувствуваат божјата милост, љубов, благодат. Тоа е чувство на смирение кое ретко кој го почувствувал и тоа чувство е доволен доказ за нас, мене апсолутно не ми треба никаков видлив доказ, ништо физичко за да поверувам дека Бог постои, јас во тоа сум се уверила затоа што сум Го спознала на друг начин, не сум видела но сум почувствувала, сум доживеала, искусила. И тоа е доволно за да не се посомневам. Секако дека имаше период кога се сомневав, но колку повеќе ја проучував верата, колку повеќе навлегував во неа и станав дел од Црквата, сомнежите исчезнуваа. Но не пристапуваат сите така, чекаат видлив доказ. Тоа е во ред. И светиот апостол Тома не поверува дека Христос воскреснал сѐ додека не Го видел. А кога Го виде, Христос му рекол: Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале.
    Така и со вас кои барате најпрво да видите, кога ќе почне да се исполнува Откровението на Св.Јован Богослов, тогаш сите кои не верувале ќе видат со свои очи. Дотогаш, останува она Блажени се оние кои не виделе а поверувале.
     
    На Elenpelen, Tanjamm, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Mnogu dobro kazano,onie koi pocuvstvuvale znaat.sepak sekoj si ima pravo na svoe mislenje i ubeduvanje.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Верувам во Господ, но не им верувам на луѓето т.е. не и верувам на црквата и на религиските книги (Стар Завет, Куран и сл.). Зошто? Затоа што се користат со името на Бог со цел да манипулираат со народот.
     
    На INNERBEAUTY, dfsa, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Генерално си во право, ама истражи ја малку Библијата, ќе видиш дека таа не е направена од владетели со цел да се манипулира со народот.

    1. Новиот завет е завршен 2 века пред христијанството воопшто да стане легална вера во Римската империја (313 година). Римјаните ги гонеле христијаните и лудост е да се мисли дека тие би им скроиле света книга за да им ја подржат верата, а во исто време војски праќале за да ги сотрат.

    2. Во евангелијата Исус ги критикува религиозните водачи и со тоа поставува пример на бунтовништво спрема водачи. Исто така Исус одвојува верници од Јудеизмот и формира еден вид „секта“ што создава верска нетрпеливост спрема евреите и христијанизираните евреи. Ова исто така не е во полза на Римскиот мир (Pax Romana).
    Кога би „кроеле“ света книга за религијата што ја создавате, дали таму би поставиле пример за водач кој поставува пример за бунтовност према водачите?

    Итн. За повеќе прочитај тука.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    :rofl:
    ма немој... а за што е направена?
     
    На Alisa22 и KateKane им се допаѓа ова.
  15. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Верба е она што замислуваме дека е вистина, но немаме докази за да докаеме дека постои.
     
  16. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Ona vo Koe jas veruvam e moja vistina, ona vo koe veruvate vie e vasha vistina.:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Намерно напишав само Стар Завет, а не Библија, за да не го вбројам и Новиот завет.
    Новиот Завет е христијанството, а Стариот е света книга на Евреите наречена Танах кој има повеќе текстови од библискиот Стар Завет, бидејќи христијанството не ги прифатило сите како вистинити и веродостојни. Сепак ми останува прашањето: зошто Танахот е дел од Библијата? Евреите не го признаваат Исус, а ние си ја додадовме нивната света книга кон христијанството. Ми мириса на политика.
    Точно е се што зборуваш за Новиот Завет ама па во стариот се опишани војни! Раскажано е како Бог им вели на евреите да го нападнат тој и тој народ и ќе победат. Во меѓувреме мажите да се обрежат за да може да ги препознае во војната и да ги штити. Мислевте дека обрежувањето е муслиманско? Не е, еврејско е! Искрено мене стариот завет ме асоцира на Хомеровата Илијада. Зошто? Па како што во Илијада се опишува Тројанската војна (за која факт е дека се случила, постојат историски записи и докази за тоа), и како што едни грчки богови застануваат на страната на ахајците, а други на страната на тројанците, така и во Стариот Завет е прикажан еден Бог што војува заедно со евреите.
    За мене Бог претставува апсолутно добро и јас никако не можам да ја прифатам сликата на тој бог од Стариот Завет како бог кој е апсолутно добро. Зошто Танахот ние сме го нарекле Стар завет? Затоа што поимот завет значи договор, а во превод тоа би значело: договор на евреите со Бог дека тие ќе му се поклонуваат и покоруваат, а за возврат тој ќе ги штити. Новиот Завет значи обновен договор на Бог со останатите народи дека доколку веруваат во него и го почитуваат ќе ги штити и нив.
     
  18. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажа. Самиот збор Вера кажува дека сепак не знаеш, никој не знае и не е докажано (затоа што нашите способности за осознавање на такво комплексно нешто се сепак ограничени бидејки се губиме во големината на универзумот) туку само веруваш дека е тоа така. Ако постоењето на господ каков што е опишан во религиите беше нешто што е сигурно, немаше да постојат атеисти и агностици така да нашиот сомнеж и неверба е основана и со секое право.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Тука само би дополнил дека истово важи и за верата во атеизмот или во натурализмот. Секој човек, било да е христијанин, муслиман, атеист, будист, хиндуист, пантеист итн. секој човек си ги поставува фундаменталните прашања: Кој сум јас? Од каде поттекнувам? Зошто постојам? Каде одам по смртта? Итн. Науката за жал со помош на научниот метод не може да одговори на овие прашања и буквално секој човек ги одговара на база на вера. Никој не може да избега од темелот на верата. А баш ќе беше добро да постоеше таква опција, ама нема :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Точно, ништо не може да се докаже, тоа и јас сакав да го кажам дека токму од таа причина човекот има право да се сомнева, па и да верува ако му се верува.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.