1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.447 глас(а)
    75,5%
  2. Не сум сигурна

    168 глас(а)
    8,8%
  3. Не, не верувам

    301 глас(а)
    15,7%
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Здраво @moon1, извини што доцнам со мојот коментар на твојот пост. Бидејќи беше подолг, и се го оставав за утре, за утре..

    Еврејскиот Танак е идентичен со христијанскиот стар завет. Зборот Танак на еврејски е составен од 3 букви: ТНК.
    Т е првата буква на Тората (5те Мојсееви книги).
    Н е првата буква од Небиим (пророците)
    К е првата буква од Кетубиим (списите). Тука спаѓаат библиските книги: Псалмите, Изреките на Соломон, Проповедник, Јов, Песна над Песните, Рут, Естира, Плач Еремин, Летописи, Даниел, Ездра, Неемија.

    Исус немаше никаква забелешка за канонот на стариот завет со тогашните евреи (Танакот) и затоа христијаните го превземаат од евреите целосно како што е, со таа разлика што малку поинаку ги групираат книгите.

    Библијата е целосното пишани откровение на Бог. Христијаните веруваат дека Бог се објавувал преку пророците и други боговдахновени луѓе во старозаветно време, но дека најпосле му се објавил на човештвото преку Својот Син - Исус Христос. Во стариот завет постојат стотина пророштва за Месијата, но евреите за жал не веруваат дека Исус е тој и се уште го чекаат „месијата“ да дојде. Еве ти линк каде што можеш да прочиташ зошто евреите не веруваат дека Исус е пророкуваниот Месија.

    Да, опишани се војни. Бог им пресудил на некои народи преку евреите. А исто така употребил и други народи за да ги казни евреите. И во Новиот завет Бог ќе погубува луше, поточно во Откровението каде што пишува дека сите непокајани ќе бидат фрлени во огненото езеро. Таму ќе загинат милијарди луѓе, многу многу повеќе од стариот завет каде што гинеле само по неколку илјади луѓе во битките. 1 милијарда луѓе е милион пати повеќе од една илјада луѓе.

    Интересна асоцијација. Сепак и еврејските војни се историски фојни.

    Стариот завет: Евреите велат: Се што ќе ни каже Бог - ќе извршиме. Бог им дава заповди (Закон) и им вели дека ако се послушни - ќе просперираат, ако не - ќе деградираат (Прочитај Второзаконие 28-ма глава)
    Новиот завет: Не е обновен завет, туку комплетно нов завет помеѓу Исус Христос и целото човештво. Овој завет се темели на Исусовата жртва на Голготскиот крст, на Исусовата крв. Тука Исус ветува дека секој што ќе се покае и ќе поверува во Него - гревовите му/и се простени и добива вечен живот. Во Новиот завет не постојат ветувањата за просперитет како во Второзаконие 28. Христијанинот може да има удобен живот, може да биде финансиски сиромашен, а може и да биде прогонуван, па и убиван, без разлика од неговата/нејзината послушност и вера во Исус. Сепак, генерално придобивките во овој свет се повеќе отколку кај неверните луѓе. Христијанинот без разлика на околностите живее мирен и спокоен живот, исполнет со љубов, радост, мир, фамилијарно заедништво со другите христијани, воден е од Светиот Дух итн. А по смртта има загарантирано вечен живот во Божјото царство.
     
    На hermosa и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Да, знам за тоа како е поделен Стариот Завет и дека нашиот не е ист со католичкиот и протестантскиот, што значи дека сепак постои недоумица за тоа што е коректно да се прифати од евреите, а што не. Плус, многу лош впечаток остава тоа што баш христијаните од сите религии се поделија на православни, католоци и протестанти. Пак ќе речам тоа е дело на политиката. Црквата секогаш се фаќала под рака со политиката. Секогаш интерес кон пари, моќ и власт. Секако, јас не го обвинувам Господ, да не ме сфатиш погрешно, туку луѓето кои во име на религијата сакаат да стекнат пари, моќ и власт. Да не споменувам за тоа што се случувало во средниот век (кога црквата била власт), за палењето на клади, забраната за наука и напредок на занаетчиството, продавањето на индулгенции, наместо да да се измислуваат направи кои ќе му го олеснат животот на човекот, црквата измислува направи специјално дизајнирани за мачење луѓе, за наводно да ги признаат гревовите. При такви мачења и јас би признала дека сум Хитлер. Па, луѓето толлу сплетки и злобни работи правеле во христијанството што ја извалкале религијата до немајкаде! Не го делам мислењето на повеќето денес, дека во име на исламот се случуваат најгрозоморни настани (случувањата со ИСИС). Ние христојаните не сме ништо подолу. Тоа само докажува колку човекот знае да ја злоупотреби религијата и да манипулира со масата луѓе. Претставници на религии и свештеници извршуваат грозотии.

    Едно е кога Бог казнува, а друго е кога ќе го натера еден народ да нападне друг народ. Значи, не може целиот тој народ кој треба да биде нападнат да биде грешен без исклучок на ниеден човек, па за целиот да биде казнет и тоа како? Од туѓа рака? Бог е оној кој треба да казни со своја рака, а не да дејствува преку луѓе, принудувајки да направат грев - убиство, и со тоа да прекршат една од НЕГОВИТЕ божји заповеди: НЕ УБИВАЈ!
    Испаѓа дека Бог си пркоси самиот себе и е контрадикторен.

    Во новиот завет, тие милјарди луѓе се грешници. Значи постои селекција, секој човек е идивидува и одговара само за себе и своите постапки, и тоа е коректно според мене, за разлика од стариот завет каде треба да умреш во војна бидејќи си припадник на одреден народ, без разлика дали си згрешил нешто. Има огромна разлика помеѓу стариот и новиот завет и во начинот на пишување, и во пристапот кон нештата, во стилот, начинот на сфаќање што е добро, а што е лошо....буквално во се'. Толкава разлика што добиваш впечаток дека во Стариот завет се работи за еден бог, а во новиот за друг. До толку, што дури се гледаат карактерни разлики во Бог. Ако тоа е еден ист Бог, тогаш единственото објаснување што можам да си го дадам е дека Бог еволуирал, се надоградил себе си, се усовршил, згрешил и се исправил. И со ова би добил човечка карактеристика, бидејќи не е својствено Бог да греши и да ги исправува своите грешки. Нели, грешките се за луѓето.
    Затоа велам дека во Бог верувам ама на луѓето не им верувам.

    За тројанската војна веќе напоменав дека и таа е историска и се случила, постоел и градот Троја.

    И не, не можам да го замислам Господ како војсководец. А како таков евреите го имаат претставено. За мене Бог е апсолутно добро.
     
    Последна измена: 30 декември 2018
    На Dessa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не постои недоумица околу тоа што е Стар Завет. Тоа се 39те старозаветни книги кои ги наследуваме од евриете. Овие 39 ги имаат и католиците и протестнатите и православните. Тоа што католиците и православните за жал си додале во кориците на Библијата дополнителни „дефтероканонски“ (второ-канонски) книги, точно прави мала конфузија кај неупатениот читател, ама сепак кај поупатените верници точно се знае што е канон на Светото Писмо, а што е дефтероканонска книга која има само историско значење, но не е боговдахновена.

    За жал тоа е вистина за големите институционализирани цркви. Раната црква од времето на Исус, па се до почеток на 4ти век не била под рака со политиката/власта.

    Така изгледа на прв поглед, но тоа е така само затоа што во стариот завет Бог ги гледа луѓето преку старите завети (Мојсеевиот, Авраамовиот, Ноевиот, Давидовиот завет), а во Новиот завет човештвото е под милоста на Исусовиот завет. Божјиот праведен гнев за човечкиот грев падна врз Исус и затоа Бог ни делува поинаков. Но не е поинаков. Буквално ништо не се сменило во Божјиот карактер на праведност, светост, милост, љубов. Божјата праведност и светост немаат толеранција кон човековиот грев и затоа милијарди непокајани грешници ќе бидат целосно уништени во огненото езеро.

    Знам дека е историска и се случила. Ја само додадов дека и еврејските војни се историски и се случиле. Постоелe и Вавилон, Вавилонското царство, градот Тир, Содом и Гомора, Нинивија, пронајдени се шталите на коњите на царот Соломон, резиденцијата на Понтиј Пилат што го осудил Исус итн.

    Апсолутен добар Бог значи и Бог кој е праведен и свет и не прогледува низ прсти на човечката грешност. Ако некој криминалец го носат на судење и тој дознае дека судијата е лош, коримпиран, неправеден, подмитлив, криминалецот ќе се израдува, бидејќи знае дека таквиот судија може да го подмити и на тој начин да избегне осуда и да добие амнестија како нашиве пародии од политичари :)
    Но, ако криминалецот слушне дека судијата е добар, праведен, некорумпиран и неподмитлив, тоа е тажна вест за криминалецот, бидејќи знае дека ќе си го добие заслуженото.

    Слично е и со Бог. Ако Бог е навистина добар, Тој нема да ја деградира својата правда и светост, дури и по цена некои луѓе да велат дека тој е суров и сл. Сите животи, буквално сите животи се на Бог. Бог дава живот - Бог зема живот. Заповедта „не убивај“ не се однесува на Бог, туку на човекот. Бог и утре да одлучи да ми стави крај на животот, можам само да му кажам фала за годините што ми ги даде на земјата и фала ти што ми обезбеди вечен живот иако не го заслужував.

    Иначе евреите го немаат претставено Бог, туку Тој им се претставил како таков, а тие само запишале. Кога евреите би бирале „бог“ по своја мерка, не верувам дека би избрале бог како библискиот Бог :) Но одблиску, бидејќи тие најлошо поминале од сите народи поради своите гревови, иако биле „избран народ“.
     
    На afrodita94 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  4. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Евреите напишале, евреите го претставиле. Пример, јас и ти познаваме иста личност и таа ни раскажува една приказна. Ние ја запишуваме приказната и ја опишуваме таа личност. Мојот запис и твојот запис нема да се исти. Дури може да имаат спротивставености. Затоа се вели се' е релативно. Секоја случка има повеќе страни.

    Па баш дека кога тој одзема живот не е грев, зошто не го правел тоа сам? Зошто да тера луѓе да се убиваат меѓусебно?
    Имам уште мн да кажам, ама не можам сега. Во друга прилика.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сепак тоа „евреите го претставиле“ може да звучи и како „евреите го измислиле“. Еврејските пророци не би можеле сами од себе да предвидат стотина пророштва 800-1000 години пред да се случат. Тие предвиделе тотално непредвидливи и неочекувани настани, нешто што не може да се предвиди со рацио-логика.
    Плус и Исус ги потврдува нивните пишувања дека се боговдахновени.
    И јас, иако имам теолошки студии, сепак немам одговор на сите прашања зошто Бог реагирал вака или онака, или пак нереагирал во други ситуации која јас по мое сум мислел дека требал да реагира. Ама сепак тоа што не знам некои работи за Бог, тоа не го прават Бог или Неговото откровение невистинити. Има многу докази дека се вистинити, ама ај во друга прилика. Убав провод за празнициве :)
     
    На moon1 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Верувам дека постои некоја Виша сила , а дали е Бог или има друго име не е важно. Важно е да го почитуваме и да веруваме во Него и Неговата правда.
     
    На dayla, INNERBEAUTY, Dashing:) и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Во право си. И јас знам дека постои нешто. Некои викаат бесконечна интелегенција, некои карма(причина и последица), некои го споредуваат со духот од аладин, други пак викаат дека е до намерата на човекот, некои пак викаат дека ако душа посакаш нешто ќе ти се исполни. Многу сум читала за таа Виша сила и кога ја испробував свесно се убедив дека навистина постои нешто. Затоа викаат дека животот е круг. Се се враќа, се се плаќа. Порано не ги сфаќав тие изреки ама кога читав духовни книги и свесно кога ја контролирав мојата намера сфатив дека се е така. Колку помалце се замараме за работите толку подобро. Затоа служи Вишата сила.

    Гласав дека не сум сигурна зашто не сум го видела и запознала :rofl:
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Можеби си го запознала , ама не знаеш :P
     
    На GirlLove, Dessa и Dashing:) им се допаѓа ова.
  9. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    19.877
    Пол:
    Женски
    Верувам
     
    На P.S.love, Kjutche, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    31.063
    Пол:
    Женски
    Да верувам.
     
    На Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  11. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Неколку ситуации во животот дефинитивно направија да верувам дека постои
     
    На P.S.love, EvAngelos, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Израсната сум во христијанско семејство каде сите се верници, можеби не од оној тип што оди во црква секој викенд, меѓутоа сепак ги сметам дома за големи верници. Крстена сум, посетувам цркви и палам свеќи за здравје повремено, меѓутоа не можам да кажам дека јас лично сум голем верник и дека конкретно верувам во Бога. Ја имам прочитано библијата, се имам интересирано доста од дете, имам разговарано со свештени лица околу сето тоа. Меѓутоа науката и начинот на кој е настанат универзумот се коси со она што во библијата го пишува. Дека постоел човек кој се залагал за луѓето, од типот на Исус можам да верувам, меѓутоа дека Господ ја создал планетата, its just a bit too much. Исто и не се согласувам со некои делови од религијата, а посебно ме иритираат голем дел од свештените лица кои покажуваат сосема погрешни вредности и се огромни хипокрити.

    Но, можам да кажам дека верувам во виша сила, енергија, универзумот или како и да го наречам, верувам дека има нешто таму горе. И сакам да верувам во нешто такво затоа што ми влева надеж. А дали тоа ќе го наречеме Бог, или едноставно некоја космичка енергија, мене ми е исто нешто.
     
  13. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Не можам да верувам во нешто што не постои.
     
    На lovestoneddd, VoodooGirl, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Верувам со секоја клетка од моето тело(fingers)
     
    На SummerGirl12, INNERBEAUTY, waterllady и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Во Господ да, во поп никогаш.
    5 години гледав колку всушност се они "свети лица".
    Дека постои нешто, верувам... доказ ми е ќерка ми...
    Ама жива сила нема да ме убеди да слушам совет од поп, да одам на исповед кај него.
    Обичен верник е по чист и повеќе ја почитува верата од самиот поп.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Бог-ДА, Религија-НЕ. Верувам дека сите свети книги / мудрости се запишани во срцето на секој човек,кој колку ќе одлучи да ги следи е на него и неговата слободна волја.
     
    Последна измена: 2 октомври 2019
  17. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.069
    Пол:
    Женски
    Da
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. la casa de papel

    la casa de papel Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Не ги сакам обичаите и црквата а во господ верувам иако ми е вербата како растам све помала поради некој животни случки али нема да згасне. Дури и да не верувам толку многу секогаш ќе се трудам максимум да се држам до божјите заповеди и за бог и за мене да се осеќам подобро и тоа ќе ме прави подобра личност како и до сега.
     
  19. Marche12

    Marche12 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Veruvam , vo biblijata najvekje
     
    На EvAngelos и ynboo им се допаѓа ова.
  20. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Veruvam
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.