1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во виртуелна врска

Дискусија во 'Сингл' започната од irrelevant, 8 август 2012.

  1. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Пред некое време ми се деси да посетам еден чат...Чисто од досада.. После некое време ми стана онака навика па идев и секој ден, потоа повеќе пати во денот, па на крај и по цели денови. Имаше нели луѓе што си идат често и подолго, па си се знаат меѓу себе...Е така дур си читав, во очи ми падна еден ник...Многу паметен и фин момак...Се дружевме онака, ама што знам почнав да осеќам нешто...Некои пеперутки :$ Собрав храброст еден ден му кажав како се осеќам, па за среќа исто се осеќал и он...Од тогаш станавме неразделни, пишувавме по цели денови и ноќи..Дури и љубомора се појави..Па мсн, фб, мобилен ова она...Само штета е што сме од различни градови ;( Иначе финтава беше исто е како да сме во врска...Зар е можно??? |(
     
    На goran20, ovoj и missbotwin им се допаѓа ова.
  2. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Темава требаше да биде во врски, ама сепак сингл сум си нели :D
     
    На ovoj му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Јас искрено неможам да сфатам како луѓето се способни да почнат да „чувствуваат“ нешто спрема некој што не го знаат во живо. Те допрел за да можеш да чувствуваш пеперутки? Те прегрнал, те бакнал? :o извини, не сакам да те критикувам ама јас никогаш не би била способна за такво нешто :) Чатување и фб допишување со луѓе од друг град океј ми е, на секој некогаш тоа му се случило, ама да ЧУВСТВУВАШ нешто за некој што не го знаеш во живо па уште сајбер врски.. ми е малце претерано :)
     
    На cresa-jagoda, Aleksandarreal и FotoLina3 им се допаѓа ова.
  4. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Во името на четот, мсн и светиот фејсбук.
    АМИН.

    Верувам, верувам, како не. :)
     
  5. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Никогаш не викај никогаш...И јас го имав истиот став :^)
     
    На goran20, Sara123 и Ilinaaa им се допаѓа ова.
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Да не се сватиме погрешно, реков на секој му се има случено да си чатува со некој што не го знае. Имаше еден период кога искочи фејс се адднав со другар на моја другарка, типов од друг град, никогаш го немав видено, правевме нон стоп муабет. Беше еден од ретките со кои можев асален муабет да си направам, да му се отворам, совет да добијам. Ни идеше муабетот нема што. Нон стоп со пораки на мобилен, на фб, на мсн.. :) Ама да почнел да ми се свиѓа тоа никако. Како да го свиѓам бре девојко кога не сум го видела во живо? Незнам како зборува, каков му е говорот на телото.. За мене основна работа за да ми се допадне некој ми е физичкиот контакт. Да го гушнам бре, да го бакнам :D Па некое невино флертување додека сте искочени на кафе, случајно по коса да те пипне, ехеее :D па тек така јас пеперутки ќе добијам во стомакот, а не додека го читам на чат и додека ми симнувам сајбер ѕвезди :D за секого различно, ама јас лично не верувам во такви глупости. Па после еден ден кога ќе бидне да се видите да ти дојде некој од Господ мавнат :rofl: да не знае реченица во живо да ти сврзе :rofl:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Во виртуелна врска НЕ. Инаку ми се има случено со едно дете додека бев помала да си пишувам редовно повеќе од година и искрено имав голема желба да го запознаам но никогаш не ми се исполни бидејќи немаше можност за такво нешто. Веќе одамна немаме никаква комуникација.
    Не мешај чувства со желба за запознавање бидејќи чувствата реално неможе да ги имаш спрема некој кој не го познаваш. Можеби тоа се јавува кај тебе поради голема желба да имаш некој и поради тоа што моментално во реалноста немаш некое момче што те фаќа за око.
    Зошто да неможе да се запознаете кога сте возрасни и двајцата и немате потреба од дозвола од никогу.
     
    На FotoLina3 и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  8. loveisshit

    loveisshit Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    26
    Таква врска е само навика и ништо повеќе
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ова не е врска туку е болест!! никогаш не знаеш кој психопат стои зад мониторот,затоа треба добро да се внимава,бидејќи има такви психопати кои добро перат мозок и ќе те навлечат на ваква "врска" Не знам како некој воопшто си допушта вакво нешто,па со некој ќе бидеш во реална врска ,ќе те мафта а не некој психопат кого го знаеш само преку монитор :puke:
     
    На makgirl, eloves, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Зошто се вљубуваме во карактерот на човекот, а не во фацата, до некаде е и можно, до некаде и не. Јас сум имала една врска на фб со едно дете, и заедно знам игравме поќе игри и таму сме биле заедно, никогаш не се видовме и летовото немав време јас за него и он престана да иди на игрите и така ... xD
    Сепак ќе ти речам ако нема шанси да се сретните, зошто кажа дека сте во различни градови, тогаш не се надевај премногу и тргни се од ова зошто ... зошто можи малку лошо да ти е.
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    А како излегувавте, на покер ли? :lol: Таа тетката откако ќе ви ги поделеше картите и вие си ги кажувавте на увце еден на друг? И после сите ги смачкувавте им ги земавте чиповите. Или можеби на фарма си ги храневте прасињата еден на друг, си праќавте поклончиња, борови ели смреки... Или во градот си помагавте во изградба на куќите. Блиски се тие релации гејмс он фејсбук, само кој како си ги сфаќа.
    Не го сфаќај баш лично, ова не е навреда, само се потсетував на некои игри од фејсбук кои не сум ги играла одамна. И јас виртуелно запознав луѓе на покер, некои моја возраст некои постари, со едната жена и со ќерка и дури и се видов еднаш. На едниот жена му работи во моја близина ама никогаш не се сретнавме лично.
    Ама за дечковци, виртуелни врски и не знам што, не може ни да дојде во предвид.
    Тоа е потсвесно, ако на двајцата ви требал некој близок можеби сте си замислувале како конечно сте пронашле некој со кој може да споделите емоции.
    Можно е запознавање на интернет, но само запознавање и потоа излегување во реалниот свет па дури може и да прерасне во нешто сериозно.
    Но такви замислувања и играње на виртуелна врска, лајкнувања, бацувања, боцкања, виртуелен секс и оргазам, нема врска.
     
    На eloves, Daleron, Antoninaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Јас од мојата девојка ќе барам да направи фудбалски тим на Top Eleven и ќе местиме утакмици и титули.
     
    На N0NamE, tessie, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Е да бе, и после ќе се влечете по судови (одма ќе направат виртуелен суд за таквите преваранти)

    А ми текна и на уште една игра, нешто со облекување на женска (не знам како се вика играта), па предложете му на виртуелниот дечко да ве облекува/соблекува, може да откриете и дека е геј. :lol:
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Воопшто не го сфаќам бе како навреда лоол :D Дури сама се смеам на ова :$ :D
     
  15. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Со оглед на тоа што законите на физиката го дозволуваат истото - верувам.
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    8.726
    Пол:
    Женски
    Верувам, но искрено тоа се случува само во приказните
    :!: Инаку, реалноста е многу поразлична

    не ме карајте вистината ја кажувам
    :wasntme:
     
  17. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Не, не верувам. Поради една едноставна причина. Ти не си заљубена во него, туку во претставата што си ја имаш создадено за него. Сето е тоа до психата. И плус не ни знаеш кој човек стои зад мониторот. Прво запознај го во живо, па потоа ќе дојде и се останато.
     
    На eloves, anichka94, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  18. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Ако врската е сведена само на комуницирање преку интернет и телефон, тогаш не. Тоа не е вистинска врска. Како можеш да си во врска со некој кој не го ни познаваш, како знаеш дека тој е тој што вели дека е. Колку случаи имало за лажно претставување. Не ми е чудно за пеперутките, ама не ми се верува да си заљубена во него или нешто така, тој како што те нашол тебе, можеби нашол и 2-3 други и сите ги мотка така. Се има по светов.
     
    На cresa-jagoda и Ilinaaa им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Не. Taкво нешто според мене не постои. Врска е нешто помеѓу двајца. А не двајца и компјутерот меѓу нив. Забегана работа. Како може некој да биде во врска со личност што никогаш не ја видел во очи, ниту и го слушнал гласот, ниту ја допрел. Ако некој мисли дека виртуелна врска постои, мислам дека воопшто не знае што е врска пред се.
     
  20. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Не верувам иако сум во една таква „врска“ е сега ќе речете дека сум контрадикторна. Да појаснам, не верувам дека тоа може да премине во врска, но едноставно убаво ни е сега за сега интересно, но не верувам дека тоа можа да прерасне во нешто повеќе. Инаку нема соблекување, нема вулгарно зборување, тоа се само обични муабети за се и сешто но на едно високо емоционално ниво.
    Немојте само да ве лажат да се соблекувате на камера, или да зборувате разно, разни глупости. Не сте ни свесни колку бргу може да станете „ѕвезди“ т.е предмет на потсмев а со тоа не само својот туку да го уништите и животот на вашите родители. Иако тие особи имаат огромна моќ на убедување па дури и да глумат дека се повредени што не им верувате се додека ве соблечат, а потоа следат уцени и сл. Дури и кога сте во реална врска и нели отиде партнерот далеку, немој да го правите тоа, бидејки незнаете до кога ќе трае таа врска, и ќе станете играчка во неговите раце ако се дрзнете да му раскинете.
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.