1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во виртуелна врска

Дискусија во 'Сингл' започната од irrelevant, 8 август 2012.

  1. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Муабетов ми е исто ко она "Веруваш ли во љубов на прв лајк или треба и коментар да напишам? " :D
    Кратко и јасно не. Виртуелна врска, виртуелно заљубување :^) Значи што и прави интернетот на младинава чудо едно.
     
    На eloves, ku4ence, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Секако дека може, од лично искуство знам.
    Со дечкоми се запознавме на фб иако бевме од исти град на фб се запознавме , почнавме да пишуваме на фб , потоа на камера на скајп , па разменивме телефони бидејки тогаш моментално беше во друг град на факс и почнавме да се слушамме на тел така едно 2 месеца и една вечер ми се јави ми вика ке излезам и јас му викам ауфф зарем неможеш дома да си седиш |( :fubar: со кој памет го реков тоа и пред да заклопам му реков и јас ке излезам ајде памет во глава :lol: и тој ми рече исто. После два месеца се врати во нашиот град и првиот ден кога си дојде се видовме и од тогаш започна нашата врска која траеше една година , но нон стоп бевме разделени затоа што мораше да иде во др град на факс.После една година раскинавме поради моја вина бев дете 15 - 16 години и не размислував за ништо.Сега пак сме во врска година и неколку и цело време комуницираме по тел бидеји е далеко во др држава на работа но тоа не ни представува проблем по еден месец сме разделени а по една недела некогаш и повеке сме заедно.Секако дека успева и дека верувам во ова
     
  3. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334

    Вашето било взаемно свиѓање, ви идел муабет и сте се договарале да се видите- нешто што на секој му се има случено. Мојот коментар се однесува на првиот пост конкретно, каде што девојчето вели дека е заљубена и е во виртуелна врска со некого што го нема видено. Каква е таа виртуелна врска и заљубеност во некој што не го познаваш побогу? :? Едноставно, не е можно да сакаш некого што не си го видел.
     
    На crazylady, Thallia и Nana19 им се допаѓа ова.
  4. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Се согласувам со Dee, додека човек не го запознаеш, значи да го запознаеш во смисла да излезеш, да се дружиш одредено време, да видиш како се однесува со тебе, во друштво... не може да кажеш „Еј јас чувствувам пеперутки, јас се заљубив!“ |(
    Во ред е да поразговараш на фб, ама не може на тој начин да се одржува и да опстане една врска, ако не постои директна комуникација и физичка блискост.
    А сексот? И тој “виртуелен“??? :^)
     
    На free girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Ама како може да настрадаш така одејки на среда со човек кој го знаеш само виртуелно, и чии податоци може да се целосно измислени. Не сте ни свесни луге, на какви се психопати можете да налетате. Е, сега ќе речете, ама се гледаме преку скајп, разговаравми. Да, ама верувајте ми некој може да смисли таква приказна, да измисли таква биогафија, што ќе патнете на газ. Имам една познаничка која исто така излезе со тип со кој биле во виртуелна врска подолго време. Девојчето беше воодушевено од него, и знаете што и се случи? Типот ја однел во кафич нарачале пијалак и по некое време и го зел скапиот телефон и се изгубил. Но ова е и добро во споредба што се може да ви се случи. Ќе ве однесат некаде па има да се чудите што ве снашло кога ќе ви се изнаредат.
    Апел до поладите да не наседнуваат на вакви работи ниту пак да не ја кажуваат вистинската адреса, а богами ниту домашен и мобилен тел. Можете и себе и на родителите да им направат огромен проблем. Исто она „чекирање“ кое што го прават лугето на ФБ не ми се допага, бидејки неретко на ФБ имате и„пријатели“ кои имаат не бааш чесни намери, и нема потреба да знаат каде сте и со кого.
     
    На cresa-jagoda и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  6. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Не се сомневам дека девојката се заљубила. Можно е и онака виртуелно човек да се заљуби. Меѓутоа, се додека не се оствари вистински контакт лице в лице, се е онака како што започнало - виртуелно. Во виртуелниот свет важат различни правила од реалниот свет. Секој може да креира за себе каков сака лик, кој за жал често нема голема врска со реалноста. Виртуелното ниво е само по себе ослободено од персоналност. Така што маните, фрустрациите, лошите особини остануваат затскриени.
    Ништо не може да го замени директниот контакт, кога соговорникот ќе можете да погледате очи во очи, да ги видите неговите гестикулации и манири .
    Не велам дека ваква врска е невозможна. Меѓутоа постои граница до кога ќе може да се одржува на ова виртуелно ниво. Следната фаза е скајп (со камера), каде што ќе можете во сигурноста на својот дом да видите што вистина се крие зад никот во кој сте се заљубиле. Често она што ќе го видите нема да ви се допадне затоа што ќе биде различно од онаа замислена слика во која сте се заљубиле.

    И да се надоврзам на Струмка, треба да сте особено ВНИМАТЕЛНИ кога ќе договарате состаноци со луѓе кои сте ги запознале преку интернет. Секакви предатори постојат.
     
    На free girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    не верувам во виртуелна љубов,ама верувам во пеперутки на трето чатување
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Женски
    ова со виртуелната врска ме потсети на Cinderella Story :lol: во филмот некако убаво е сето тоа , но така штознам и не верувам баш :^)
     
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски
    Верувам ! Мојата врска започна така ,на фб долго време го манијачев a изгледа истовремено и тој мене :D
    Почнавме да се зближуваме т.е да чатуваме на фб па после некој ден се прфрливме на MSN (тоа беше пред повеќе од 3 години сега ретко кој користи MSN :lol: ) па си разменивме броеви (не се слушавме само пораки си пишувавме ) оваа траеше околу 3 месеци бидејќи сме од разни градови,имав некои проблеми тогаш му се доверив почнав да го осеќам ближен едноставно се заљубував а исто и тој :$
    (се зближивме затоа што имавме многу заеднички теми едноставно сродни души )

    Ми предложи да се видиме ... првиот пат појдов јас (морав да бидам и кај една другарка и + со енго да се видам ) кога го видов мислев дека го познавам целиот мој живот таа вечер саамо муабетивме ИН ЛАЈФ :D
    На втората средба се бакнавме и ми предложи врска :$ не прифатив затоа што не верував дека можеме да успееме ... но до ден денес сме заедно среќни вљубени и секогаш ме заебава : Аах тој лајк што ми направи :D

    Можеби малку испаднав надвор од темава но сакав да си го кажам оваа :) Затоа што отсекогаш велев дека не верувам во таква врска , за џабе не е кажано Никогаш Не Вели Никогаш :lol:
     
    На crazylady, julie77 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не верувам, опипливо си е опипливо. Секоја чест на оние кои можат, но јас не би можела ни да започнам, ни да одржувам врска преку интернет. За да ми се родат емоции потребна ми е близина, да го допрам, мириснам, гушнам, бакнам, да направиме муабет во четири очи..... А и веќе да сакам некого, ако премногу го сакам може би издржала, ама не знам дали би останале исти моите чувства. Некако верувам во онаа теорија "Далеку од очи, далеку од срце". Затоа и многу се вознемирував кога на почетокот од врската дечко ми спомнуваше за опциите што ги имал да работи во странство. Се плашев да не замине бидејќи почнав веќе сериозно да се вљубувам, иако знаев дека не би ни тогаш без мене. :lol:
    Едноставно, кога си вљубен мислиш дека не можеш без таа личност, ние на пример 2 дена ако не се видиме ни е премногу веќе. А замислете да е далеку и само да се слушате или допишувате, би останале чувствата исти? Ако ништо друго, ќе ве убие помислата дали му е убаво и без вас и како живее таму, колку и да си верувате. А исто и ќе биде и за него, сигурно. Понекогаш во такви ситуации сфаќаш дека многу било полесно да се одвикнеш од одредена личност отколку што си мислел. Што ако се вљубиш во некој што ти е секој ден во близина, додека саканиот е километри од тебе?
    Можеби претерав, ама според мене, далечината си го прави своето и тоа како. :!:
     
  11. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Зарем до таму стигнаме да мора на ваков начин да наоѓаме дечковци, наместо да излеземе и како што е нормално да запознаеме дечко. Лесно е да се има виртуелна врска или врска на далечина, а дали успеала или не ќе видите кога ќе имате можност да поминете 2-3 месеци секој ден да се гледате. Мене овие запознавања преку социјални мрежи ми се некако како порано што се мажеле со стројници, за мене тие луге се неспособни ако неможат сами да си најдат партнер туку мораат да идат на слепо па ако им се трефне, трефне. Јас првиот ден кога ќе дојдам до тоа дереџе да барам дечко на слепо преку интернет ќе се самоубијам, бидејки мислам дека не заслужувам да го трујам овој сет со моето присуство ако неможам да си најдам фраер по нормален пат со сите оние работи што идат со тоа. Инаку сега ќе почнат и преку интернет да ги прашуаат дали сакаш да се фатиш со мене, наместо тоа да биде со бакнеж. Жал ми е што денешнава младина нема да ја почувстува онаа драж на додорување, шмекање.... Мислам тоа чусто не се доловува со лајк, смајли, кисс и сл
     
  12. Ilinaaa

    Ilinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    169
    Ме интересира дали имаш фејзбук ,и зашто си се зачленила на форум за да се дружиш со други кога имаш такво мислење за запознавање на двајца на интернет
     
  13. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Верувам затоа што бев дел од тоа....и сега ми е смешно, но тогаш ми се плачеше.Се запознавме прво преку фб и бевме на фб 24/7.После на скајп па на телефон и на крај се гледавме ама многу ретко.Немавме можности многу да се гледаме.Не знам дали имав некои чувства спрема него но постојано си пишувавме и ни беше интересно.Мислам дека повеќе беше навика да си пишуваме отколку чувства,затоа што чувства преку фб па баш и нема.Секако ни беше интересно но на крај сфативме и двајцата дека тоа не е врска и не сме ние за тоа :wasntme:
     
  14. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Ќе бидам искрена како и секогаш и ќе се демантирам сама, себе ќе кажам дека се она погоре кажано од мене не е точно. Да, постои виртуелна љубов која по интензитет може да биде и појака од реалната врска, бидејки честопати се случува да не знаеш ниту како изгеда особата во која си вљубена, па тука на стена стапува фантазијата а кога фантазираме ги идеализираме работите и ги гледаме со розевите очила..
    Незнам дали тоа може да се нарече љубов, но дефинитивно е некое прекрасно чувство кое може човек да го почувствува само кога ќе му се случи. До пред десетина дена и јас бев убедена дека се тие луди, кои можат да се вљубат во некој кој не ни знаат како изгледа но ете не џабе велат „Додека не почувствуваш на свој грб, нема да знаеш колку боли“. Значи, тоа толку знае да те здрма што едноставно едвај чекаш таа особа да се вклучи, се чувствуваш како зависник од некој опијат кога ја нема таа особа и ти иде да полудиш.
    Уффф, сега некој кој размислва како јас до пред десетина дена ќе рече, ма пуштија таму претерува, но верувајте ми не претерувам ни малку.
     
    На Pastuv91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    Ех да, заборајв да додадам пред месец дена што напишав, сум имала виртуелна врска во склоп на RPG на фејс.
    Детево беше срца, не беше од тука што значи се се сведуваше на Naruto RPG (role playing game)
     
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Многу повеќе женски или за вас машки ќе можете да запознаете преку фб или незнам каде. Такво е времето. Многу е забегано ама, гледам сите, булвално сите така прават. Машкиве не искачаат надвор, не се запознаваат со женски, срам им е да го направат првиот потег, од кај женскиве, може да започнат рандом разговор со некое машко, види слика, а супер е овој, ќе зборам со него, види слика, хмм не ми се свиѓа блок и толку. Во живо, е поинаку но тоа е тоа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Teaxde

    Teaxde Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Ах и мене слично ми се има случено :lol: :lol: ...Пред неколку години играв една игра IMVU многу ми беше интересна и си запознав многу луѓе кој меѓу нив беше и тој се зближивме многу и секој ден се гледавм на скајп ова она се спријателивме и еднаш ми кажа што чуствува спрема мене а истото и јас го чуствував хаха бевме као во ,,врска“ 1година и 2месеци и кога требаше тој месец да се сретнеме тој ми рече дека не ме сака повеќе и дека нашол друга блабла ;( и од тогаш ја деинсталирав играта и не ја играм веќе хаха :D него го избришав од пријател и на скајп а на фејсбук го блокнав :!: И сега си имам нов дечко кој ми беше пријател уште од мала :D и повеќе не верувам во такви онлајн врски...
     
  18. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Не сум верувала,не верувам и нема да верувам.
    Кога ќе сакам да го гушнам-како ќе го направам тоа?
    Кога ќе сакам да го бацам? Мониторот ќе го лигавам или? :^)
    Кога ќе славиме нова година,на скајп ќе се уклучам и аутоматски заедно сме славеле? :emo:

    Ај да има потреба некое време да не се гледаме,поради некоја икс причина.Ама да тоа да биде САМО некое време,а не цел живот...
    Или пак да сме се запознале на нет,да се дружиме виртуелно некое време,и после тоа да продолжиме во живо да функционираме.
    Сепак виртуелната комуникација е многу различна од онаа за која "гласам" јас.
    Ама од друга страна пак,оваа виртуелнава станува се почеста,и за жал направи да исчезнат многу убави работи кои беа одлика на нормалната комуникација. :)
     
    На Dvolicen и Anne15 им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Бокче, за почеток е сосема од полза во ва време во кое заборавивме да праиме опуштен, неизнасилен и без некоја задна цел муабет со некој кој ни` се допаѓа во реалниов свет. Нормално, не е доволна само виртуелната мрежа за да се развива на идеален начин, но за кршење на мраз е супер.
     
  20. Princess.A

    Princess.A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Имам такво искуство. Се допишував 2-3 месеци со еден, секој ден цело време. Ми ги симна сите ѕвезди на небово :lol:. И ми викаше дека се осеќа како да сме во врска, дури и љубоморни сцени ми праеше :headbang::rofl:. за жена ќе ме земаше. А јас на крај сфатив дека уствари мене ми се свиѓало само вниманието што го добивам,а не тој, затоа што да ми се свиѓал тој ќе сме направеле нешто повеќе од зборување на чет :D и фино лепо го откачив, уште пред да почнеме нешто.