Ако некои се во виртуелна врска, како може да бидат и во реална врска со други? Ако се во реална врска тогаш зошто би биле и во виртуелна врска? Тие што се во виртуелна врска, си пишуваат секој ден, се гледаат на камера, на слики, зборуваат на мобилен и почнуваат да чувстуваат нешто еден за друг, а воедно чувстуваат страв дека ќе бидат изневерени со некој што му е во близина (во реалноста) на виртуелниот партнер. И за мене нема смисла тоа ама ете ова е ново/модерно време, и тоа се чудата на технологијата. Голема моќ има технологијата врз чувствата на луѓето. Во иднина може ќе се измисли виртуелно деца да се прават.
Погоре пишав не сега да образложам и зошто. На времето ко бев "млада" (читајте ко имав 16 години) се запознав преку фб со едно дете од северниот ни сосед. Си пишувавме дено-ноќно, постојано. Се видовме и на камера неколку пати и ко демек во врска бевме. Искрено фин, културен, убав, висок, симпатичен дечко беше ама немаше услови ниту јас да отидам таму, ниту да дојде тој тука за да се видиме барем еднаш. Инаку врсник ми беше само 3 недели постар од мене. И траеше таа наша глупост колку што траеше многу малку, станував сабајле одма телефонот дали е вклучен, по цел ден на компјутер, допишувања. Искрено многу посакував да го видам барем еднаш, на некој начин ми недостигаше а бев и по малку љубоморна кога некои негови "другарки" ставаа слики со него и го означуваа, иако не покажував љубомора. Во моменти кога бев среќна, тажна, осамена него фактички го немаше до мене. По некое време размислив и сфатив дека тоа не е врска, тоа неможе да биде врска и јас него не го сакам. Ми годеше тоа што на некој начин добивав внимание цел ден допишувања, разговори на разни теми ама всушност јас ниту не го ни познавав за да го сакам. Го немав видено, допрено и неможев да го сакам. Ставивме крај на такозваната врска и си ветивме дека еден ден ете можеби и ќе се видиме, некогаш, понатаму. Дека со него си пишував од вториот фејсбук го деактивирав, и си го вратив стариот каде што го немав за пријател. По 2 дена ми помина си се навикнав. Ниту ми недостигаше, ниту чуствував некоја болка зошто го нема што значи дека јас не сум го ни сакала, сум била опседната со него. Друго нешто што е многу битно, едно е да запознаеете некого на фејсбук и да ја продолжите врската со гледања и излегувања, а друго е таа врска цело време да се одвива преку фб или телефон. И трето некој преку фејсбук може да ви симнува ѕвезди (исто така може да ве излаже за идентитет или да осмислува приказни од кои буквално ќе паднете на задник), но кога ќе го запознаете вистински да се разочарате. Знам многу приказни вакви кои немале добар крај ама не би о томе.
Ima ima ne samo vo vrski realni sto se tuki i vo brakovi ima sto vleguvaat vo takvi semi, ajas zboruvav za normalna komunikacija vo koja barem ednata strana ne dozvoluva da se nevleze vo sferata na custvata, a ova pogore e vekje preminuvanje na granicite na komunikacija tuku sozdavanje na bliskost e, toa e vekje dr nesto, za koeiskreno isto sum protiv, ziveenjeto vo iluzii sto mozat kako kula od karti da se srusat, ne e ok, kon nikogo.
Секоја врска и секој човек си е приказна за себе... Не смее човек да се раководи по најразлични искуства и да се разочарува од туѓите исходи. Сметам дека ваква врска може да опстои, а притоа тоа допренесува многу и од тоа каков е човекот... Сум слушнала за многу вакви виртуелни врски во кој исходот им бил позитивен, но сум слушнала и негативности... нема врска сето тоа си е приказна за себе... Се зависи од човекот, неговите гледишта и ставови кон ваквата врска... многу врски започнале баш вака и се завршиле со крунисување на брак, треба се почит, карактер и став... најважно е дека треба да се пронајдете со некој и да створите заеднички јазик, било виртуелно било во живо ...небитно е тоа... битна е љубовта и слогата!
Jас се запознав на форум со маж ми. Нормално, прво гледање не ни беше во матично, ама прв контакт беше преку интерент. Кога прв пат излегов со него, беше на јавно место со многу народ, а на другарка ми и кажав дека ако ме нема за еден саат да ме бара со полиција Испадна фин, културен дечко, многу забавен и смешен, кој да не ми беше прво излегување ќе го убиев од бакнување. Не знам дали сега би излегла со некој од интернет, некако страшно ми звучи после 4 години сето тоа. Повеќе знаеш за некој со кој со месеци си пишуваш, околку некој во диско кој ќе ти побра број. Ризик има секаде.
Запознавање на интернет е едно, ама виртуелна врска е друго. Има многу парови со стабилни врски на кои првиот контакт им бил преку некој форум, фејсбук, мирц и слично. Ама целава идеја за врска со некого само преку компјутер, мене ми е тотално неразбирлива. И јас сум се допишувала преку мејл со луѓе од различни делови на светов, сме имале заеднички интереси, сме биле на иста бранова должина, ама не можам да замислам да бидам во љубовна врска со некој кому ни рака му немам пружено. Можам да разберам некоја приврзаност кон некој со кој се допишуваш, ама сепак, тие симпатии се повеќе кон сликата што си ја имаме во глава за тој човек, а не кон неговиот реален карактер. Луѓето можат да бидат многу поразлични при реален контакт. Инаку, има еден многу добар филм на кој ми текна сега, се вика Her и ви препорачувам да го погледнете.
Се согласувам со АнаКаренина дека едно е запознавање преку интернет и допишување одредено време па запознавање во реалност и остварување на врски и бракови, а друго е целосно виртуелна врска. Мислам дека целосно виртуелна врска во која што луѓето немаат шанса да се запознаат во живо и да остварат физички контакт е невозможна. Врска на далечина исто така би можела да опстане со помош на технологијата но сепак со повремено гледање и градација на самата врска со брак или преселување или било што. Имено, без тотално да се има физички контакт ваквите врски според мене не би успеале на долг план.
Јас лично познавам безброј познаници кои сега се во многу годишен брак и се запознале баш на овој начин. Обострано симпатизирање на прв поглед, меѓусебна дружба и заеднички муабет, взаемни гледишта кон животот итн.. После сите овие чекори се запознаваат и стапуваат во врска. И да, навистина успеало кај многумина, ризик секаде и кај секого постои па затоа не гледам пречка во сплет на околности и некоја животна игра. Но, се согласувам со ставот дека едно е комуницирањето па запознавањето, а сосема друго започнување на таканаречена "врска" кога со тој човек не си се пронашла и почуствувала физички, тоа се некако ми нема смисла.
Некои ги палат мускули, некои мозок Заљубувањето во паметни мажи, без разлика на физичкиот изглед го нарекуваат сапиосексуалност и вистина е дека некој со интелектот може да предизвика повеќе хемија отколку некој со зелени очи, 180 висина, црна коса и граден кош од теретана.
Па да бе да, секој со своите критериуми нели. Само што оние кои што се палат на граден кош и 180 см потоа магично се гасат од проблемите кои што ги доживуваат во бракот и в куќи.
А бе, точно интелект и глупости, ама не дека е најважно на свет. Сум запознала многу паметни девојки и момчиња кои се фригидни. И што ако е генијалец, а е асексуален или зол или мрзелив или не знам каков. Никогаш не би одела со некој глуп, ама пак сега која интелигенција ако само ми го тупи и не знае како да ме допре и почувствува. Секој различно, јас љубовта ја доживувам и сетилно и телесно, затоа паѓам на емотивните, па колку и да се кријат дека се такви. Ќе ги намирисам од километар. муахаха
90% одат на интелектуални способности (памет, забавност, досетливост, комуникативност, емоционална интелегенција). Останатите 10 одат на сексуални способности, големина на алат, убавина и шарм. Колку сака нека е убав, ама со глуп човек не можам и готово.
Баш денес коментиравме на оваа тема, за жал сеуште стојам на истиот став дека минимална е веројатността да се развијат некои романтични чувства при допишување кое вклучува од време на време разговор на skype и сл., дек асе јавува љубопитност тоа да (ама на i на skype тоа се надминува), ако соговорниците имаат заедничи теми итн. Според мене и одлична комуникација на нет не значи дека ако се премине таа граница и се влезе во реалноста дека ќе се случи љубов. За мене тие дописки се основа за пријателство, ете не ми се смени мислењето и не ми се смени, сеуште стојам на тоа дека другата страна може брда и долини да везе со букви, а да нема ни Д од долина во реалноста.
Верувам во виртуелна врска која во реалноста би била аналог на сега модерното "friends with benefits". Да земеме неколку ситуации во предвид: Ситуација 1: Дечкото и девојката не се познаваат, ама на одреден начин или пак поради сплет на околности стапуваат во комуникација. Факт е дека зад мониторот на компјутерот најчесто се кријат или „манијаци“, или зафатени машки кои егото си го билдаат со правење муабети со други девојки, или машки кои во реалноста од одредени причини не можат да си фатат девојка, па се папучарат преку некоја ваква социјална мрежа или средство за комуникација. Како и да е, и да имаат заеднички точки, и да се водат милион романтични разговори, на крајот сето тоа конечно ќе резултира со тема - секс, при што, знаејќи какви се повеќево девојки, дека паѓаат на романтика и сонуваат за врски, ќе се затрескаат и ќе очекуваат или запознавање и основање на вистинска врска, или пак ќе се излажат и ќе се нафатат на „сајбер секс“. Сепак тука страста ја има главната улога, или пак идеализирањето. Од друга страна, машкото од било која од категорииве ќе го добие тоа што го сака: во живо - секс, виртуелно - материјал за мастурбација, за споделување по интернетов или меѓу другарите. Ситуација 2: Дечкото и девојката се познаваат, но се' до сега, немало ништо меѓу нив. Повторно дечкото може да се смести во тие три категории кои погоре ги спомнав. Повторно може да се случи некоја од работите кои погоре ги наведов. Не оспорувам дека може да дојде до оформување на некаква врска, доколку и двајцата се тука (а не едниот во странство), но прашање е колку ќе трае таа врска, како ќе се одржува и колку ќе биде квалитетна. Бидејќи веќе се воспоставиле некои „правила на игра“, ако можам така да ги наречам, со тоа што комуникацијата се одвивала виртуелно, па може да биде чудно да продолжи во живо или пак на едниот од двајцата да им остане како навика да си бараат ваква забава виртуелно. Ситуација 3: Дечкото и девојката биле во врска, но поради заминување на едниот во странство или живеење во друг град, сега комуницираат виртуелно. Повторно кажувам, како ќе функционира таа врска? Колку ќе биде квалитетна? Во случајов, колкав дел од времето може да си посветат еден на друг овие двајца за да имаат квалитетна врска? И воопшто, квалитетна врска за мене не е само времето посветено еден на друг, туку и еден покрај друг, држењето за рака и прегратките кога на едниот му е тешко, бакнежите, заедничките ноќи, излегувањето макар и на едно кафе, шетањето преку ден и заедничкото уживање... Оваа ситуација е веќе врска на далечина, која, според мене, многу тешко може да опстане. Многу полесно е да се скрие (потенцијално) неверство во ваков случај, а и според мене, чувствата се менуваат, па и ослабуваат поради далечината. А често сме и сведоци на вакви врски кога едниот ќе си дојде од странство, сака да се види со другиот и тоа време најмногу е посветено на секс. Како и да е, ова е мое мислење со кое другите не мора да се сложат. Но сепак би дала еден добронамерен совет до сите кои го користат фејсбукот, скајпот и не знам уште што како медиум за дружење: освен ако не го познавате од порано вашиот соговорник - не знаете што ве чека од другата страна зад сите убави зборови и ветувања. Живејте го животот нормално, излегувајте, дружете се во реалноста, а не виртуелно, запознавајте лично нови луѓе, затоа што однесувањето во живо и кога некој се наоѓа зад мониторот не е исто. Затоа што чувствата не се исти, затоа што говорот на телото не е ист. Затоа што не можете да го гушнете и да го бакнете оној кој седи пред компјутер. Да се погледнете во очи и да си размените муабет.