Верувам ... во петокот кога почина бабата на дечко ми,бев таму во тој момент. Ја спремија жената се таму како што си носи ред нели капење,облека,врзување ова она ... Ја тргнаа од креветот каде што лежеше,наместија нова прекривка се тоа,ја ставија во ковчегот. Седнав на креветот каде таа лежеше и почина и по 2 мин почуствував нешто ладно на образот,само едно делче колку усна тоа ми траеше 2-3 мин. и потоа исчезна. Ваљда ме бакна женичката. А и порано дома имам почуствувано нечие присуство.
јас да ви кажам дека немам поима ништо од ова ама да ви кажам дека преку сонот ми се случува нешто имам многу кошмари не само јас туку и мм сонувам како имам некој дух во спалната многу чудни работи ми се случија кога бев трудна,сонував некој сон и кога се разбудив видов како некој да ми стои до прозор секундарно беше цел светеше и свекрва ми бог да ја прости на сонот ми кажа да си ја прочатиме куката на било кој празник нас ни се случува некоја несреќа е сеа сакам да прашам ми кажаа откако ќе ја изградиш куќата пред да се вселиш треба да викнеш или 1 поп или 3 попа да кажат некои молитви па пишуваш нешто на ливче и тоа ти го чатат и после го закопуваш 3000 ден е да викнеш 1 поп да ти прочати е сеа јас откако сум вселена 2 години немам викнато може затоа нешто чудно ми се случува се навикнав веќе на мистериите во куќата што ми се случуваат навечер и не се плашам веќе ми се има случено во темница за накај тоалет да одам да ми дише некој во уво па место страв осеќам бес ,ми создава негативна енергија и сум склона на кавги имате ли слушнато за ова со прочатувањето знае ли некој?
Heart нема потреба да се плашиш. Па да викаш попови, а уште помалку да закопуваш пари и да се трошиш себе си за нај обични глупости. Едноставно ако чувствуваш тензичност и негативна енергија можеби е подобро да размислиш дали постојат работи кои би требало да ѓи промениш внатре во домот. Можеш да прочатиш со темјан бидејки темјанот има мошне пријатен мирис и делува смирувачки. Исто така ентериерот, во случај ако не е симетрично раздалечен би било добро да го раздалечиш бидејки понекогаш може негативно да влијае и премногу пренатрупаниот простор. На пр. ако каучот и масата ти се многу близу. Исто треба да ѓи погледнеш предметите околу себе и тоа од аспект на нивната боја. Бидејки темните и гломазни предмети и те како придонесуваат за нарушување на хармонијата и психолошки е докажано дека голема е можноста да бидат главен поттикнувач или причинител за појава на различни растројства и депресија. Но, еве ако ја исклучиме оваа можност може исто така да влијае и напорниот и динамичен живот кој ствара несигурност, чувство на вина или страв па е уште еден фактор плус кој придонесува за појава на вакви чувства, мисли, а делумно и перцепции. Мој совет ти е да купиш повеќе миризливи свеќички и цвеќиња во разни бои за да го украсиш домот. Да влееш позитивни емоции и ќе биде се океј. Патем секогаш настојувај да купуваш убави мазни предмети со што е можно по светли бои. Верувај ми дека овие работи бар накратко ќе ти го оттргнат вниманието од црните мисли. Со чистењето на лошите мисли, негативната енергија ќе исчезне сама по себе. Поздрав до тебе.
Мене еднаш ми се има случено,додека бев во училиште,отидов до тоалет,нешто не ми беше добро да да го измијам лицето и сијалицата почна во тоалетот на секои 3-4 секунди да се пали и да се гаси,а прекинувачот беше од внатрешната страна и никој не беше со мене.После сето тоа трепкање,на крај сијалицата пукна,а јас со трчање се вратив во училницата.Има и друг случај кога се враќав накај дома од искачање,мисла дека беше 23:30h и слушнав како некој да ми шепка на уво.Бидејќи јас се плашев навечер кога сама се враќав дома,сум трчала толку брзо,што мислам дека ни Усеин Болт не можеше да ме претрка. Иначе лично вака,јас верувам во духови,иако дел од моите другарки мислат дека сум чудна и луда што верувам во такви надприродни работи,сепак мислам дека кога некој човек ќе умре,неговиот дух останува на земјата,поради некоја причина. Но еве сега веќе не се плашам,бидејќи знам дека кој дух и да е не може да ме повреди,односно тоа е мојата поддршка,така да сега со огромна храброст и гордост се враќам сама накај дома!
Јас не верувам. Ништо немам почувствувано, пу пу скраја да е. Би се преплашила Инаку NewYorker сијалицата може и сама да прави така сигурно била при крај ене ја мојата во кујната исто, па ни на крај памет не би ми текнало дека е дух.
DA SI VIKNES POP DA TI JA OSVETI KUKATA NE TREBALO DA SE VSELITE BEZ OSVETUVANJETO.NE E UBAVO NI ZA TEBE NI ZA TVOJATA FAM.ODI VEDNAS OSVETI JA NEMORAS DA VIKAS GOSTI.JAS ZA OSVETUVANJETO GI VIKNAV SAMO MOITE I NA MAZ MI RODITELITE.PA POSLE TOA OTIDOV DA SPIJAM VO NOVO.
ви благодарам на сите за советите valerin све што кажа потполно во право си се точно погоди да имам темни и гломазни работи и мацичето ми е блиску све кажа како што е ама имам еден проблем имам едно кромањонче дома што бербат прави секаде а и поголемката покрај него па така да све е убаво што кажа на план сум да направам некои измени ама покасно сеа за сеа нека го уништуваат стариот намештај и тепих и да, изгледа депримирачки ентериерот ама ќе мора да си почекам за таков рај
Ова го знам од искуство. Бидејки кај мене беше истиот проблем, но откако се решив да направам промени многу подобро се чувствувам и мирно спијам. Пробај, и немој да заборавиш да пишеш дали помогнало.
Фенг шуи-то нема многу голема врска со духови. Фанг шуи одговара на секојдневниот живот и на расположението на живите, а не на „душите“. Попот не е лоша работа. Разгледај каде точно ти е локацијата на куќата и што имало претходно на таа локација (пред да се изгради куќата). Распрашај се за историјата на околината. За овие работи има цела литература, но не оние книги од секој што наумил па напишал, туку од типот на „Психичка самоодбрана“ oд Dion Fortune и слични наслови. Има еден куп слична литература која би ти помогнала. И најважно од се' е кога ќе се случи такво нешто, да се обидеш да останеш мирна и да не паничиш. Знам дека е тешко (believe me, I know), но нема од што да се плашиш. Многу често не се работи за зли сили. Поискусните користат и ритуали кои „помагаат“ на тие „души“ но тоа е исклучиво за експерти кои се разбираат во тоа. Затоа, наместо јас да ти раскажувам, најубаво прочитај си по нешто такво. Има еден куп книги... Ќе најдеш по нешто
Зошто дополнително ја плашиш? Какви духови врагови?!...Луѓееее 21 век ало! Ако е за тоа јас досега требаше да завршам на егзорцизам бидејки ми се имаат случено преку 10000 натприродни работи? НЕ! Сето тоа го препишувам на свеста и размислувам на еден многу нормален - логичен и рационален начин. И откако ја надминав оваа бариера која беше на психичка база (многу нормално ) се се врати во нормала. Вака ако викне поп, и по некоја случајност ако падне нешто или се скрши додека е тој присутен девојкава ќе има трауми до крај на животот. Не бидете неуки. Сфаќам дека динамичниот начин на живот си носи стрес и ред други последици меѓутоа бидете присебни, навистина. Имено фенг-шуи е сешто и е потребно во моментов бидејки тоа позитивно ќе влијае на нејзината психа, а тоа е сешто и треба. Бидејки ние сепак зборуваме за рационални работи и живи луѓе како што кажа и сама, а тоа значи дека животот ни преостанува нам.
vaka ke pocnam so nekoi raboti koi mene mi se slucija кога бев трудна со првото дете нон стоп сонував поцинати луге најчесто дед ми кој мн го сакам тетка му на маз ми.нон стоп како ми го земаат моето дете и го носат некаде на шетање за да следниот ден т.е утрото прокрварам .еднас се имам борено во сон а јас трудна веке 7-8 месец спиев сама мазот ми беше службено отсутен и утрото имам модрица на раката која сеусте не ми е јасно од каде кога немам ивици за да се удрам.кога се слуција некои работи со керка ми секогас на сон ме предупредуваа дури еднаш пред да се вратиме од одмор имав УЖАСЕН сон како зена ми го повредува моето дете бев преплашена не сакав да си одиме и по патот избегнавме сообракајка и отидовме кај една пријателка нагости за таму да и се слоши на керка ми и поминавме 7 дена во болница. мој совет ти е да отидес кај некој сто знае да гледа поп обавезно да ти потчади. да не бидам погрешнонразберена ЈАС НЕ ВЕРУВАВ ВО МАГИИ НИ ВО ЗИВОТ ПОСЛЕ СМРТ но постојат такви работи го имам сонувано дедоми како доага нагости и ние го нудиме со се а он си побара лимонада утрото прашувам дали раздадовте моите ми казаа дека не. а он кога беше зив ми има кажано за неговиот брат кога почина он го сонувал како му студи и како му бара шал и капа да се стопли утрото се јавил кај снаа му9зивеат во др град)и и пршал дали му ставиле во ковцекот постојат такви милион случки и сега верувам дека има несто а порано сум викала цудни луде оти одат на гробишта
Не сакам да изигрувам паметна и некому да солам памет меѓутоа пак ќе кажам... Јас сум човек од крв и месо кој како и поголемиот дел од вас има доживеано слични искуства. Од типот на сонови, сеништа итн итн. па, и покрај тоа не се плашам од нив. Од проста причина што сум посилна од сопствената психа и едноставно сум доволно информирана. Така да ако малку пребаратате низ стручна литература од овој домен би дознале мошне интересни работи, и тогаш ем ќе ви стане појасно, ем ќе сфатите дека т.н. коинцидентност произлегува од нашата интуиција која е многу нормално да ја развиеме и сами во текот на животот. Проширете ѓи своите гледишта колку што е можно повеќе. Тоа е сешто имам да ви кажам.
Верувам во духови зашто имамв непријатно искуство.За именден кај дедо ми си играв со братучетка ми(има 1 година) и сега во собата на дедо ми си играме.И одеднаш слушам како паркетот крцка ама се слушаше онака баш јако како да доаѓа некој и јас мислев тетка ми.братучетка ми вика нешта ааа и покажува со прст накај вратата и јас се вртам не глеам никој и ја земам и ваќам штрафта во дневна дали може да е духот на баба ми??
Реалноста не треба да предизвикува параноја. Тие случки што ги напомена, не треба да те доведат да одиш во лудница туку да научиш да се одбраниш без психички (па и физички) да бидеш повредена. И токму заради тоа што е 21 век треба конечно да почнете да учите некои работи. За тоа што препушташ на свеста, ти избираш да е тана, а настрана тоа што не сум психијатар за да ти пишувам дијагнози. Ти избираш да не веруваш во тие работи и се правдаш со тоа дека е на „психичка база“. Овде веднаш ќе те предупредам дека одбраната од (просто и неуко нажано) „духови“ е предизвикана на таа „психичка база“ што ја спомнуваш ти. Колку повеќе знаеш - толку подобро ќе разбереш за што раскажувам. За неукост, сериозно се сомневам и тебе да те обвинам со она што го прочитав како твое напшано. Затоа, пред да почнеш да судиш - информирај се. Ама добро информирај се! Мислење и реалност не е иста работа!
Реалноста не треба да предизвикува параноја. Тие случки што ги напомена, не треба да те доведат да одиш во лудница туку да научиш да се одбраниш без психички (па и физички) да бидеш повредена. И токму заради тоа што е 21 век треба конечно да почнете да учите некои работи. За тоа што препушташ на свеста, ти избираш да е тана, а настрана тоа што не сум психијатар за да ти пишувам дијагнози. Ти избираш да не веруваш во тие работи и се правдаш со тоа дека е на „психичка база“. Овде веднаш ќе те предупредам дека одбраната од (просто и неуко нажано) „духови“ е предизвикана на таа „психичка база“ што ја спомнуваш ти. Колку повеќе знаеш - толку подобро ќе разбереш за што раскажувам. За неукост, сериозно се сомневам и тебе да те обвинам со она што го прочитав како твое напшано. Затоа, пред да почнеш да судиш - информирај се. Ама добро информирај се! Мислење и реалност не е иста работа![/quote][/quote][/quote] Јас се потпирам на факти. Зборувам за нешто што рационално. Сето ова може да се објасни на еден многу поинаков начин и да биде разгледано од поинаков аспект а не како паранормална појава чии пристапи треба да бидат традиционални. На пр. како што напиша претходно, т.е. ја советуваше да викне поп за да ја исчати куќата. Тука самата на себе си контрадикторна. Ти се сметаш себе си за верник? Верниците не веруваат во лукавиот, веруваат во бог. Но, нема да навлегувам премногу па да ја разглобувам темава до крајни граници. Го пишав моето мислење кое е со многу подобри аргументи за разлика од кај тебе. Имено појди од фактот дека човековата свест е широк поим, за целокупната функција на мозокот и неговите состојби ниту медицината, а ниту пак науката имаат релевантни сознанија. Така да, за да бидеш добар психијатар, а си далеку од тоа треба да ја осознаеш за дијагнозата која мене секако не ми е потебна бидејки јас НЕ сум избрала така туку само добро сум се информирала. Башка јас не судам никому, тука си во заблуда.
Јас пак баш би сакала да прочитам твое мислење нешто повеќе околу ова Како би се објаснило крцкањето, пример нели како да се движи некој, а нема никој; потоа, тропање, шушкање? А тоа убаво се слуша ( ама кажав ) но поентата ми е што тоа се слуша премногу јасно.Јас ти верувам за тоа фенг - шуи и потполно те разбирам што кажуваш, но овие нешта како пример би се објасниле? Мислам дека не е се до целокупната функција на мозокот.Ве разбирам потполно што зборувате и за постоењето на духови и за фенг шуи.Но овие нешта кои ги напоменав погоре, не ми укажуваат на тоа дека се е до функцијата на мозокот.
*facepalm* Каде прочита дека „советувам“ да викне поп. Под претпоставка дека е верник, спомнав поп, ама никаде не пишува дека „те со ветувам да викеш поп“ или „викни поп“ или „попот е решение“. Претпоставката е според тоа дека на секој е различна потребата и начинот на разрешување на проблемот. Мо=еби тоа ќе ја смири барем малку. И од каде ти е претпоставката или тврдењето дека јас сум било каков верник па веднаш почнуваш со коментирања на таа тема? Кој дел од „не сум психијатар за да ти пишувам дијагнози“ не го разбра? Кој дел од „Не бидете неуки.“ треба да го сфатам како НЕсудење? Можеби тебе треба да те наречам како неука со фактот дека немаш никакво искуство со овие работи (па било тоа и искуство преку книга), а сепак се обидуваш да го наметнеш твоето мислење за овие работи. Факти има за се'. Факт е дека мораш да си ги миеѓ забите за да не ти се расипат, но генетиката ти го вели спотивното. Рационалноста одамна не постои. Оставена е во Океанија. Разгледај околу тебе и ќе сфатиш зошто го напишав тоа. Со „Верниците не веруваат во лукавиот, веруваат во бог.“ си се демантираш самата себеси. Ова е далеку од аргумент, туку верување, што се сведува на фактот дека избираш да веруваш во нешто, а не ти е наметнато. Ако е така, немаше да ги пишуваш сите овие работи кои ги испиша. И напоменав, ова е мислење. Не значи дека треба толкму така да постапувам. Ова е форум и е отворен за сечие мислење. Како јас што не те навредувам, обиди се и ти да бидеш попријатна.