1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во духови?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од princess92, 5 декември 2009.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Ех и мене ова често ми се случува, немај гајле. :D
    Еве и под претпоставка дека е дух, мада не е...Нели тој е невидлив, нема своја тежина, или грешам?
    Значи за паркетот да крцка, таванот, вратата или било што треба на него да има тежина.
    Сега не сум јас експерт, не ме сфаќај погрешно :D ама бар така мислам. Или ако не повеќе, бар би требало паркетот малку да се вдлабнува ако духот чекори по него... :rofl: lol.
    Освен ако духот не влегува во паркетот внатре во пукнатините и ползи. :lol:
    Иначе јас мислам дека до паркетот ќе да е. Нормално е после одреден временски период да почне да крцка, сепак од дрво е, нели? :) Нас и кога ни го поставуваа се сеќавам татко ми кога разговараше со мајсторот тој му напомена дека тоа може да се случи после извесен период. Досега немам обрнато внимание на тоа иако имам чуено неколку пати.
     
  2. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Во првите коментари оричитав за таа емислијата на Discovery ID Има The hunted.. Уклета куќа
    Во 12 на полноќ игра. Јас секогаш гледам. Таму има многу случки, им тропале, зборувале..
    А има и уште една Лабаторија да духови, и таа игра на иста програма и таму откриваат пр.
    Ќе сликаат па ќе ја покажат сликата, или некој звук ќе снимаат.. :|

    После овие емисии што ги гледав верувам :)
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276


    Како ќе ја смири? Објасни ми го начинот, бидејки не сфаќам. :^) Мислиш психички или конкретно на ,,ритуалот'' кој тој треба да го изврши за да го избрка духот? Јес да е океј да си верник, иако јас лично не сум, али тоа е друга работа. Но, и покрај тоа сепак има толку нелогичности во ова твоето...Бидејки ти немаш никакви докази дека е тоа така. Еве на пр. дај ми доказ за некоја паранормална активност? Нема, нели? Патем грешиш кога велиш дека рационалноста не постои, јас ја гледам околу себе а и останатите верувам дека би се согласиле со тоа. Зошто доколку не би било така не знам како поинаку ние би функционирале? Земи прост пример за било што и ќе ти стане јасно.

    Инаку еве линкови за нешто кое одамна го имам прочитано во една книга а се сеќавам многу добро на истото.

    Eве ти накратко..

    http://en.wikipedia.org/wiki/Apophenia

    http://en.wikipedia.org/wiki/Pareidolia

    Дали си верник, точно е дека не знам но претпоставив бидејки го спомна попот.
    Инаку не знам каде се демантирав самата себе? Тоа за лукавиот беше само пример за тоа како функционираат луѓето во општеството и какво мислење имаат. А и пристапот им е погрешен од религиска гледна точка.
    За ,,неукоста'' не се однесуваше конкретно за тебе, така да не ми беше целта да те навредам, се однесуваше генерално за сите, но го вметнав во цитирањето, па претпоставувам дека е тоа моја грешка така да ти се извинувам.
     
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Eден совет. На Discovery ќе сретнеш се и сешто. Тоа е сепак Америка, и затоа не го сфаќај здраво за готово секое нивно истражување од ваков тип, :) бидејки огромна е можноста да станува збор за фотомонтажа.
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ти беше таа што нагласи дека се' се заснова на „психичка база“. Јас го потврдувам тоа и додавам дека читањето од попот, под претпоставка дека и таа е верник, во најмала рака и психички ќе ја смири.

    Доказите за паранормална активност не можат да ги соберат ниту најдобрите научници низ цел свет, зошто мислиш дека јас можам да ти приложам некој? Не значи дека ако не можеш да докажеш некоја појава - дека таа појава не постои. Јас можам само пример да кажам од мое и туѓо искуство. Имало и такви кои разбираат што зборувам, а има и такви (претежно wannabe доктори кои студираат медицина и се прават дека само тие знаат се') кои се обидуваат сето тоа да го затскријат низ психички заболувања.
    Ти избираш да не веруваш во тоа и да не го проучуваш. Има луѓе кои ги проучуваат сите такви активности и што се занимаваат со тие работи.

    Еве ти нешто теоретски. Ако разгледаш и по youtube има туторијали за вакво нешто но исклучиво се нагласува дека треба да ги извршуваат само луѓе кои навистина разбираат што прават бидејќи секој неуспешен експеримен донесува се полоша состојба и полоши проблеми.
    http://heptagramxi.wordpress.com/2012/11/24/lbrp-2/
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Да знам за ова, те разбирам потполно што велиш за тежината.Јас дека сум доживеала,затоа те прашувам, што е пример со останатото, а има и многу други примери.И зошто пример би немало? Кога духот, душата е дел од човекот, така што кога ќе умре, веројатно тоа останува некаде, што на некој начин го објаснува ова.Нели имаше двајца научници кои го потврдија постоењето на истата.На ова се надоврзува, можеби астралната проекција, како дополнително објаснување.Затоа и ништо чудно да постојат, без разлика дали и колку делува смешно ова некому, не мислам конкретно на тебе,туку општо, но сепак овие нешта не се само апстракција, туку истражувања, нешто што е општо сериозно прифатено.
    Тоа е она кое плус укажува дека не е се до функцијата на мозокот.
     
  7. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Астралната проекција е нешто сосем друго. Тоа е одделување на (најпросто кажано) духот од физичкото тело, иако често ја поистоветуваат етеричната проекција со астралната проекција.
    Астралната проекција може да биде контролирана и неконтролирана. За контролирана, се потребни секаков вид вежби и голема посветеност за да може да се реализира, додека неконтролираната се има случено на многу луѓе. Тоа е кога на заспивање ти трепнува телото (како да промашуваш седиште, скалило или слично).
    Сето тоа е поврзано со целата доктрина која ги проучува овие работи.

    Доколку постојат, доказите се чуваат во тајност за да не предизвикаат општа панка, бидејќи знаеме секој човек (особено оние понеобразованите би рекла) што е способен да направи доколку види пајак, а не пак нешто од овој тип. Секој оној кој се разбира барем малку во тие работи не му треба доказ за да знае дека постојат и натприродни („апстрактни“, паранормални, ако сакате наречете ги) појави.

    Valerin, цело време се вадиш со аргументи, што во превод значи: наметнуваш мислење. Никој не ти вели дека ти треба да веруваш во тоа. Но не го оспорувај бидејќи ти самата не веруваш.
     
    На Emilija97mk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Да, астралната проекција е одделување на духот од физичкото тело, тоа јасно ми е, но кога може тоа да се случува со контрола и без, тогаш што останува после смртта? Зарем не би било исто? Која е разликата помеѓу едното и другото (духови)? Нели кога веќе астралната проекција е одделување на духот од телото, тогаш можеби ја објаснува смртта, ако се знае што може да се случи ако биде безуспешна астралната проекција.Нешто што и не би било само апстракција, туку потврдена теорија.
     
  9. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Уште сум жива за да можам прецизно да ти одговорам :D Се шалам (не за делот дека сум жива).

    Со ова отвори еден куп прашања за тоа зошто настанува смртта, што се случува после тоа, реинкарнација, но ќе забегаме малку подалеку од темата.

    Не те разбрав добро што сакаш да кажеш, затоа ќе се воздржам од кометари.

    Барајќи соодветен пример, наидов на еден многу добар текст кој објаснува дека етеричните и астралните Проекции често се мешаат и поистоветуваат.

    Малку оф-топик со оглед на тоа дека Проекциите и смртта понекогаш дури и мене ме збунуваат.
    Не знам колку знаете англиски ама ова доволно зборува што значи астрална и подолу етерична проекција:
    „Regardless of this seemingly occult term, it is as entirely natural a process as breathing is, for though it is not commonly known, we all experience Astral Projection when we are asleep. Most of these projections are called unconscious simply because we aren't trained to remember them. Others we may later interpret as dreams. (It should be noted, however, that not all dreams are projections.) At times we have complete waking consciousness during the experience and remember the event in great detail when we return to our physical body. “

    „Etheric Projection is when you leave your body but are still in a vibrational state close to the Physical. You could say you are in the energetic physical world replica. It is similar to being a ghost as nobody can see or touch you but otherwise the world seems almost exactly the same. (Because of this, you can see other spirits on this plane if you come across them.)“

    Еве и линкче од целосното објаснување што доволно разглобува па макар и да сте почетник во разбирањето на овие работи.
    http://www.kajama.com/index.php?file=articledetail&id=EAD591D6-6F83-49EE-B75A-901216D12C27
     
  10. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Ја да видам ДУХ евааааа на место право КАПУТ :D :D ИЛи ќе се побркам доживотно,нешо од тие 2те :D :D Еднаш само додека спиев слушнав шепот како некој ко шепоти ама не разбрав шта та4но он при4а :D :D Нз дали беше сон :^)
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Верувам зашто имам многу непријатни искуства и тоа онака страв да те фати..
     
    На Bitter-Sweet и letaa им се допаѓа ова.
  12. letaa

    letaa Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Kaj mene doma se slučuvaat čudni raboti slušam čudni zvuci.., kako nekoj da odi nad našiot stan iako živeeme na posledniot sprat.. mi se ima i slučeno i koga izleguvam obično strujata vo hodnikot sama se pali a jas koga sum doma veke e zapalena i koga ke pominam sama se gasi, mn mi e strav i nemam kažžano na nikogo mi e strav da ne mislat deka sum luda. neznam što da pravam a i majka mi ima spomnato deka imala slušnato nekoi zvuci od životni. Što da napravam? mi treba itno pomoš

    Baš istoto mi se ima slučuvano i na mene koga sum kaj baba mi :D i poveke ne izleguvam tamu
    [mod-kirilica:69aqu9ow][/mod-kirilica:69aqu9ow]
     
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    кога бев некаде околу 10 год спиев во кујна со мајка ми и се будам случајно вечерта и гледам до креветот стојат како мајка со дете и беа некако како малку прозирни и така насмеани гледаа баш во мене и мајката зборуваше нешто но неможам да се сетам што и беше толку реално што никој неможе да ме убеди дека беше сон бидејки бев будна и ја будам мајка ми и и кажувам и не ни погледна и рече спиј ти се причинува,леле уште се ежам кога пишувам
     
    На rose60 и elka.timova им се допаѓа ова.
  14. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Верувам дека некои чудни работи ми се имаат случувано :|
     
  15. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    верувам се е можно... :)
     
  16. pufki4ee

    pufki4ee Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    11
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Не верувам посилна сум од нив ! :devil:
     
  18. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Верувам, ми се имаат случувано чудни работи :geek:
     
  19. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Прочитав некои мислења и се наежив не дај боже да ми се случи такво нешто зошто се вадам од памет.. Инаку чуден феномен ми е дека на духовден секој пат грми и врне имам забележано повеќе пати, ете дури и вчера иако беше деновиве +40 степени сепак на тој ден згрми и заврна.
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Дали ќе може да ми објаснеш каква е поврзаноста на Духовден со оваа тема?
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.