Јас верувам дека постојат духови натприродни сили.И верувам дека во секој човек го има тој светиот човечки дух,како и што се крстиме ние од христијанска вероисповед...Нашето прекрстување она кога ги спојуваме трите прсти палец показалец и среден прст кое значи:Отецот,синот и 'светиот дух'-тој дух е таа човечка душа која излегува од човечкото тело кога телото е мртво а човечката душа сеуште живее.Поради тоа и попот чита молитви на мртов човек да не дојде до некои си несакани последици од кои имам многу слушано од постарите луѓе кои имале искуства со натприродни сили,кога ќе почине некој близок.
Хахаха Јас иначе сум родена на Велигден па нели најголем празник јас најмногу би гледала Нема врска тоа, до сега фала богу немам некое такво (страшно) искуство, а ми се има случено во Негорски бањи на семинар, вечерта кај 2-3 седев на балкон и видов една сенка како претрча пред мене и наеднаш исчезна, но сепак не сум некој голем верник во тие работи па не ни помислив на нешто такво. После 3 години се сретнав со една девојка со која се запознав таму бевме сместени на истиот спрат на иста страна преку 2 или 3 соби. Фативме некој ваков муабет (врска немам од каде) и ми кажа дека последната ноќ седела на балконот кај 2-3 навечер и и претрчала црна сенка, машка силуета. Сватив дека всушност навистина нешто се случило. Како и да е фала богу со толку малку поминав, ни се исплашив, нити пак, ми падна такво нешто на памет. А за претчуство можеби е точно. Незнам дали е ете по некоја случајност само кај мене тоа или е точно тоа дека родените во сабота или на празници претчуствуваат повеќе од другите, но во друштвото сум позната како потомокот на баба Ванѓа За се знам предвреме. Чуствувам дека ќе се случи нешто можеби не точно што и како ама знам дека нешто добро или лошо ќе се случи. Исто така многу чуствувам и кога на некој близок му се случува нешто, така да се предчуството неможам да те демантирам
Jas nemozam da kazam veruvam ili neveruvam,nekako sum pola pola,no ja pratam onaa teresa,neznam dali se emituva kaj nas,zenata sto zboruva so pocinati,ustvari neli toa se duhovi,e koga gi gledam nejzinite emisii znaci ostanuvam zsprepastena.sepak mislam deka postoi nesto.
Епа штом има заинтересирани ќе пишам. 1. Еднаш си игравме дома со внука ми и имам едно како фризби е и го фрлавме. Во еден момент јас го фрлив и тоа остана во воздух неколку секунди па падна. 2. Седев дома на кревет и гледав тв, вратата од балконот е одма позади креветот. Јас бев седната на крајот од креветот и завесата од позади почна да се вее како промаја да има и се развеа дури до креветот, до мене, се свртев јас и таа престана да се вее а сите врати беа затворени и таа од балконот. 3. Одев навечер за во продавница и одеднаш од една јаболкница почнаа јаболка да паѓаат и да летаат на сите страни, како некој да ги фрла. 4. Имам слушано секакви звуци, гледано силуети, осетено мирис итн. Другпат ќе напишам повеќе.
Верувам.Имам многу вистински приказни што ми ги кажувале мојте родители што им се случило а и многу случки мене што ми се случиле.
Секако дека постојат духови, и да не сакаме да го прифатиме тоа, и науката колку и да се обидува да го оспори тоа, физиката дава многу јасно објаснување. Третиот закон за термодинамика е дека енергијата неможе фа исчезне, туку само може да премине од еден во друг облик.Јасно ни е дека за да нашето тело функционира е потребно енормно количество енергија. После смртта таа енергија во нашето тело добива чист облик, и да, колку што имам читано книги и гледано документарци, понекогаш после смртта нашите души неможат да пронајдат патот кон светлината,кој ќе ги одведе кон нивната финална дестинација и затоа остануваат тука на овој свет, манифестирајки ни се нам во ликови,сенки,гласови итн...на пример доколку некој почине под одредени услови и неговото тело не е пронајдено и соодветно погребано тој неможе да го напушти светот додека не се случи тоа.Има уште многу и премногу да се зборува на оваа тема, затоа и ви ја препорачувам книгата "Паралелни свет" од Б.Д Бенедикт, ја има на интернет на српски и навистина дава одговори на многу прашања.
Епа вака. Ми имаат кажувано мојте баба и дедо.Се шетале некаде во природа сами и виделе некое бело зајаче.Дедо ми пробал да го фати но само што ќе го фател тоа се исплашило и полетало како птица.Потоа тој ми кажа дека се распрашувал и дознал дека на тоа место закопале некој луѓе. Кога бевме мали јас и брат ми знам многу често игравме на тепихот во дневната соба.Моногу добро се сеќавам дека еден ден така седнати јас и он видовме нешто како поминува низ ѕидот.Јас знам дека видов како човек во долга бела наметка кој ме погледна и замина од другата страна на ѕидот.А пак братми ми тврдеше дека видел некој по страшен и какошто го погледнал неговата фаца му се доближила до него.Тој ден истрчавме кај дедони и како што се сеќавам мислам дека рече да не се плашиме дека тие само поминувале. Исто така сега брзо ми се има слчено после дванаест кога се враќам накај дома кај едно како езерце да гледам човек во бело како поминува низ него.Втор пат го имам видено тоа.Првиот пат бев со родителите и поминувавме со кола од таму.Знам дека беше реално но чудно е што воопшто не се исплашив.СЕ свртев накај родителите и им кажав а они ми рекоа дека ми се спиело па затоа ми се причинувало нешто.Но тоа ми се случи и вториот пат кога поминував после дванаесет часот таму.И пред некој ден ми текна дека пред неколку години таму имаше некое убиство и мислам дека тоа што го видов има врска со убиството. И ова беше сега брзо..Беше ноќ и никако не ме фаќаше сон бев свртена накај ѕидот до креветот и некаде околу два часот некој многу морничаво почна да ми го кажува моето име.Токму како во хорор филмовите.ГЛасот се повеќе и повеќе ми се доближуваше а јас немав храброст да се свртам и да видам кој е.Гласот воопшто не звучеше како некој од кај мене дома да си игра со мене.Таа вечер бев цело време здрвена и ми беше страв да ги отворам очите и не заспав. Леле..и сега сум сама дома.Кога се потсекам на овие работи цела се ежам.
Eve nekolku dokazi za nivno postoenje, bas me interesira sto ke recat skepticite na ovie videa. Montaza da ne se a? haha. (izvinete za latinicava ama me zeza nesto, ne mozam na mkd da napravam)
Не знам дали верувам, затоа што сум немала такво искуство. Но смешно ми е што најнормални и лесни работи за објаснување, си ги правите демек духови биле. Размислете малце логички, жити се. И овие видеа не да се монтирани...