Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во духови?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од princess92, 5 декември 2009.

  1. Hrita

    Hrita Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Па да, верувам. Седев во интернат кога учев средно, над мојата соба каде што бев сместена многу одамна имало обесено девојче,спратот од тој ден е затворен со решетки, не се користи празен е. Кога се сместивме во прва година секој ден се слушаше по некаков звук, гребење со нокти по кревети, преместување во таа соба на кревети,столици, лупање, чекори, чукање по врати доцна ноќе дури се имавме жалено дека некој ни чука нè не остава да спиеме, враќаа камери немаше ништо. Од денот ко се обесило девојчето секој Петок идеше свештеник, секогаш го начекувавме во исто време.
    Друга случка,бевме 3 цимерки едната беше на училиште другата не дојде остана в соба а беше време за ручек. Слегов со другарка од другата соба, од ко се најадовме станавме да си одиме и ја гледаме мојата цимерка што беше на училиште дека јади со другарките. Одиме кај неа и велиме на здравје од култура и вели фала седни, седнувам набрзина само да ја прашам оти завршила порано и дали има клуч од собата. И ми враќа на тоа секако, заминавме до продавница со другаркава и се враќаме одиме во мојата соба, цимеркава ја прашувам абе уште не дојде ммм сеа праевме муабет и таа ќе стануваше. Не ми вели не е од училиште уште дојдена сега зборев на училиште беше 7 часа имала. Се здрвевме со другаркава и ѕвонам јас кај си ја прашувам, се слушаше галама, деца, дури ѕвончето за час ѕвонеше во моментот. Ко си дојде и кажавме што се деси и до ден денес не верува дека така беше. Да бев сама ќе речев дека халуцинирам, ама бевме 2, стварно не знам што момент беше тој.
     
    На Tam4yy, Cosmic Girl, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    8.738
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум имала искуство кое би можело да речам дека било дух во прашање.
    Верувам дека има, но не сакам да ги видам.
    Ќерка ми досега два пати ми тврди дека забележала дух дома додека била сама.
    Двата пати на истото место, во истиот ходник. Долг е како коридор , со две врати една карши друга. Едната врата е цело време отворена, а другата води до вц-то.
    Првиот пат видела како и поминала црна сенка, како човечка фигура, пред вратата од нејзината соба, како да си поминувала низ ходников, кон вц-то.:D:worried:
    Вториот пат се миела на чешмата во вц-то, со отворена врата кон ходникот зад неа. Слушнала квичење на вратата од другиот крај на ходникот, која секогаш е отворена скроз и не ја пипаме.. Мислела дека кучето ја мрднало, не кренала поглед во огледалото да види, не се свртела одма. Кога завршила со миење и се свртела, вратата на другиот крај од ходникот била подзатворена. Кучето спиело во друга соба , каде што го оставила пред да оди во вц и не се мрднало од креветот..
    Ја и викам случајно се затворила, демек да не се плаши. А таа се лути, мисли не и верувам. Вика немаше промаја, немаше како да се мрдне сама. Ми се лути што не и верувам а самата сум отворена кон идејата дека постојат.
     
  3. One14

    One14 Нов член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
  4. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Дали некој би се нафатил да ја играме играва? Сам не се игра. А и онака ми е страв сама.:worried:
    Оваа табла е од филмот Ouija.
    Ако сте го гледале сигурно знаете за што станува збор. (За тие што не знаат се повикуваат духовите преку оваа табла).
    Јас сакам ептен да ја играм. Ако успеам да ја најдам негде ќе ја купам.
     

    Прикачени фајлови:

    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Не верувам и мислам дека не постојат духови.Ниту пак имам некое такво искуство да ме натерало да верувам оти постојат,бидејќи не постојат.
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.592
    Пол:
    Машки
    Ај не туку се занесувајте! Не си играјте играчки со она што не го познавате доволно! Има случаи кои ја играле играта, ама последиците им се за снимање на филм!
     
    На tessie, Cosmic Girl и Curious cat им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Какви се последиците?

    Забегани по мене се и овие што се решаваат да играат и веруваат дека постојат ама и другиве кои мислат дека последици имало.

    Да се намали со дрогите најубаво и да се држиме до реалноста.

    Ако е во прашање некое растројство, да се пие терапијата редовно, а не со глупости да се бави.
     
    На Mumoftwo30, Selena01, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.592
    Пол:
    Машки
    Знаеш некого што повикувал духови? Јас сум видел таква личност и од лично искуство знам. Искрено како тебе размислував, ама повеќе не!
     
    На tessie и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено. Добро и? Шо бидна, ако може накратко да споделиш?
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.592
    Пол:
    Машки
    Ќе Ви пишам приватна порака. Јавно не би споделувал, поради заштита на туѓата приватност.
     
    На Mumoftwo30, eliesaab, Dashing:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Јас сакав чисто онака да повикувам духови. Не ради некаква болест или анксз. Ама сега се предомислив :worried:
     
  12. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Верувам, но немам искусено.
     
    Последна измена: 25 јули 2024
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Немаш потреба да си го заморуваш мозокот со вакви работи. Ти гледај да се опуштиш, да ти биде добро, вакви ствари само лошо би ти влијаеле. Имаш многу попаметни игри и занимации.
     
    На bicycle и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Ја гледам хорор филмови. И ептен ме интересираше како изгледа реално дух во живо да видиш. Затоа и сакав да ја играм играва. Не дека верувам нешто дека ќе се случи ама еве ме предомислија. Дека не се игра со ова играчки.
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Во ред тоа но ако те вознемируваат тие филмови, избегавај ги. Тебе може ти се интересни и се тоа но како после потсвесно ти влијаат запрашај се.
     
    На Cosmic Girl и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    7.120
    Пол:
    Машки
    Ни духови постојат ни ќе постојат, ниту Каспер ниту невидливи итн.

    Дух е самиот човек, енергијата во нас. Единствено нешто шо може да ти наштети е друг човек шо тие душман и те мрази. Ни ноќе шетаат ниту денски. Единствено да слушниш шетање по дома е ако има некој друг човек или животно. Се е до психата и нашата имагинација.

    Приказна за мали деца.
    Живиот човек е дух.

    Хорор филмови - сапуница на Дизниленд и WBA. Како ќе перат пари.
     
  17. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Ништо не ми влијае мене потсвесно од филмовите. Знам што е филм, а што реалност. Ама ете пуста љубопитност. И ја да ја играм сакав.
     
    На MladiotPropast му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    ако те опседнат нема назад...:rofl:
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.663
    Допаѓања:
    39.556
    Пол:
    Женски
    Ме интересира сте имале ли и други вакви случаи од тогаш? Искрено, јас на твое место би била преплашена. :D
    Не верувам во духови духови, ама дефинитивно има работи кои не можат да се објаснат, барем не со технологијата што ја имаме сега. Ваљда за стотици/илјадници години ако постојат наредните генерации ќе имаат некои одговори, а сѐ би дала да добијам знаење за сѐ што не знаеме. :D

    Иначе мене еднаш ми се има случено со кучето да лае во празно, искрено многу крипи искуство. Буквално од нигде никаде почна да лае кон ѕидот и креветот, ко да има нешто пред нејзе. Обично кога лае во празно има некој инсект или нешто ситно, ама ова не беше таков случај туку беше баш како да стои пред некого и да му лае. Ниту па имаше некои звуци од кај комшиите на кои може да реагира, ништо. Тоа еднаш се случи и (фала Богу :D) се нема повторено од тогаш. Ама во секој случај језиво од страна бидејќи никогаш не сум ја видела толку да лае.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    8.738
    Пол:
    Женски
    Не, од тогаш немало никакви паранормални случки дома.
    Не ни мислиме на тоа, ниту се замараме.
    Искрено, периодов почесто си одиме во црква или манастир, во недела на богослужба и за празник. Не заради ваквите искуства, туку некако внатрешна потреба си осетивме, секојдневието ни беше напорно и стресно.
    Многу голема разлика ни прави во секојдневниот живот, во смисла дека полесно се носиме со стресот преку работната недела, пофокусирани сме еден кон друг дома, потолерантни меѓусебе. Не дека не се нервираш за глупости, ама не правиш драма за тоа, зошто си посвесен што вреди а што не.
     
    На Angie1432 и eliesaab им се допаѓа ова.