Со вакви активности како Ouija не треба да се игра. Таблата како табла е обичен картон и нема никаква моќ. Проблемот со ваквите игри е во твојата интенција. Дури и да не веруваш во духови и во паранормални работи, ќе се сложиш дека постои енергија физичка и психичка. Нашите емоции, нашите мисли се енергија која можеме свесно да ја насочуваме и која има ефект понатаму и врз нас самите и врз нашата средина и луѓето околу нас. Кога се инвестираш во страв, во негативни емоции и мисли, тоа и ќе добиваш. Што потхрануваш, тоа ќе расте.
Што збориш жити се, ко девојка не знам колку пати сме повикувале духови со таква табла, од Германија братучетка ми ја донесе, се уште ја памтам дрвена табла никогаш не се појави никаков дух ниту имавме било какви последици , сите од маало се собиравме и повикуваме духови
Релативен е одговорот на прашањето што постои, што не. Индивидуално. Секој со свој одговор, па и искуство...
Нели? Епа и јас со моето искуство...и така го споделив и одг. Според мене џабе се потресува за непостоечки раб.