Духови, тоа обично се однесува на авети и други призраци кои се појавуваат на места каде што живеел човекот кој е препознаен во духот или па каде што умрел,зборот дух може да се однесува на душа но и на демон.Местата каде се појавуваат духовите се викаат проколнати или опседнати места.
Врувам во духови ... И во сите паранормални работи ... Имам многу другарки и другари кои постајано ги гледаат духовите ... Ми се има случено и мене повеќе пати ... Тоа се само заробени души кои се вратиле нешто да завршат ...
Незнам дали оваа случка некој веќе ја напишал, но еве јас ќе ја споделам со вас и најпрвин ќе ви кажам дека ова не ми се случило на мене туку еден другар го раскажуваше. Бевме у автобус, на натпревар во Бигарија одевме и почнавме вака за духови да си збориме у 2 навечер. ,,Си биле две сестри, една одприлика 15 а другава мала била, и во ниедно време големата сестра решила да ги викне другарките и да повикуваат духови. Кога дошле другаркиве, поголемата сестра ја скрила малата у плакар ко демек да не гледа, за да не се уплаши. И повикувале така што ставиле три игли на лист хартија и зборувале некаков си текст,и вечерта другарките преспале кај девојкава и сабајлето сестрата се сетила да ја извади помалата сестра и кога го отворила плакарот, трите игли и биле забодени во челото.¨ ,, Едно семејство, мајка татко и ќерка решиле да летуваат во некој камп во охрид. И кога стигнале имало само една приколка и тој главниот од кампот им рекол многу малку луге престојуваат тука дека една жена изгорела во пожар. Овие рекле, нема проблем, на нас не ни е страв.Девојчето не било добро првите денови и не можело да оди на плажа. И првиот ден на вратата и тропнал некој. Оваа отворила и некоја жена и побарала чаша вода. Вториот ден две чаши, третиот ден три. И така четвртиот ден девојчето и рекло- Абе ондека има чешма, оди таму пиј. --Не сакам таму, тука водата ми е послатка. И девојЧето ; А зошто по три чаши вода пиеш. И жената рекла ПА ЖЕДНА СУМ. НЕ МЕ ОСТАВИЈА ДА СЕ ДОПИЈАМ КОГА ИЗБУВНА ПОЖАРОТ.
Да,верувам во духови. Пред 2 ипол години отидовме кај една другарка да повикуваме духови неколку деца од класот. Имаше и 2ца машки со нас од кои едниот си ја покажа машкоста не сакаше да седи со нас во собата и чекаше во ходникот Потоа ние ја затемнивме целата соба го исклучивме компјутерот и ги спуштивме ролетните, но претходно на мазата на 4 листа од а-4 формат ја напишавме азбуката во круг и ставивме чашка на средината-мала чашка за ракија.Од кога се беше наместено сите се фативме за раци и ги кажавме тие зборови што треба за да се појават духовите. Околу 2-3 минути ништо немаше и наеднаш почна да се мрда чашката по малку.И за секој случај оставивме едно девојче да стои до сијалицата за да ја вклучи ако почне нешо страшно да се дешава.таа ја вклучи и немаше ништо.Потоа пак пробавме и пак се мрдаше чашката но овојпат многу побрзо дури неможевме да постигнеме да прочитаме што сака да ни каже.Потоа почнаа и полоши работи да се случуваат.На другарка ми чорапот и се соблече и потоа го пронајдовме на другата страна од собата под теписонот.Потоа мене некој 2-3пати ме погали по грбот а сите бевме фатени за рака.Мечето што беше закачено на ѕидот падна врз масата.Другарка ми што стоеше до сијалицата падна на земјата наеднаш се се испреврте во собата лелее многу страшно беше ми се насолзија очите кога го пишував ова и од тогаш не ми е текнало веке никад да повикувам духови и тие 2-3 дена спиев со мајка ми.И еве сега 2 пати ми заѕвони ѕвончето на вратата и се извадив од акл Ништо страшно првиот пат беше мајка ми а вториот поштарот
Отсекогаш сум знаела да одберам тема од форумов за пред спиење...или храна или вакво нешто.... А мојот одговор е да.... за жал
Не верувам во духови. Ме нервира дури да дискутирам на оваа тема со верници. Ама многу ми е интересно да слушам такви приказни. Уживам, језиви ми се Ама сметам дека сето тоа е до психата на човекот. Ако стварно постојат, епа ајде нека ми се појави некој дух да ме увери Одамна ги предизвикувам вака, ама џабе
па што знам некако ми е банално да церувам дека постојат а од друга страна мислам дека имам видено и почуствувано и тоа многу пати. Дали тоа биле духови или некоја моја параноја незнам
за сите кои уживаат за листаат вакви работи, http://www.iluzionist.com.mk/ е вистинскиот портал за вас
Верувам во духови и за оваа тема има многу работи што можат да се кажат. Секој од нас различно си го замислува поимот ДУХ. Наједноставна замисла која сме ја имале сите кога сме биле деца е белиот чаршав што лета. Но како што реков, сме биле деца. Духот го разбирам како енергија. Насочена енергија која се движи. Се зборува дека постојат добри и лоши духови. За лошите можам да кажам дека е енергија која својот пат не успеала да го пронајде, односно не завршила на правото место во право време. Ти благодарам за линкот, интересен е навистина
^^ Стварно, и јас го испревртев сајтот и после тоа добив желба за дискутирање на вакви теми . Од овие да кажам невозможните работи, оваа за постоењето на духови ми е највозможна. Најреално ми иде ова. Прво, да бидам искрена, бев скептик по ова прашање, ама откако се едуцирав малку и прочитав некои работи како да подлегнав на целата ситуација и сега баш сум во мислење. Ама сепак ќе речам дека верувам во духови.
Прочитав сите кажувате само дали верувате или не...па ајде малку да продискутираме околу тоа како ги замислувате или подобро кажано што подразбирате под поимот дух.
Јас верувам во духови. Да ви кажам нешто што му се случило на братучед ми. Било на Божиќ или Велигден сега не се сеќавам. Бил на забава некоја со другари ајде ќе се собериме и онака гледале телевизија филмови не нешто да се пијанат. Кога се враќале тоа после полноќ негде виделе невеста во бел фустан и имала куфер. До нејзе имало некое (во ред ова смешно е ама ајде така ми кажа) џуџе, и тоа во костум се дотерано и таа куферот што го носела бил поголем дури од џуџето тоа многу мало било, и му го дала и си оделе така ова џуџето го носело,а таа не. Ама изгледа толку нереални сега невеста што ќе прави после полноќ да шета со џуџе Другар му со кој се враќал(биле само братучед ми и уште некој другар негов) тој бил муслиман и сега утредента пошле да прашаат во џамија што тоа и таму оџата му рекол биди среќен што невестата била во бело облечена да видеше во црно нешто многу лошо ќе се случеше. Уф се наежив стварно страшно ми е ова. А и уште нешто, нз каде имам слушнато,но мозокот кога сме деца има и сега има дел кој го разликува нереалното од реланото. И кога сме деца тој дел не бил баш развиен, па затоа како деца сме гледале разни духови, ѓаволи и др. За ова мислев и секогаш се присетувам нешто кога и да сум влегла во некоја соба таму ако е темно духови ми се гледаат како некои демонски суштества. морничаво.