1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во духови?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од princess92, 5 декември 2009.

  1. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Немам видено а имам слушано ... знам само за еден таксист навечер додека возел и видел невеста на патот и ја качил да ја однесит дома ... ама ладно било па и го дал сакото ... и она му рекола дојди утре дома да го земис кога отишол таму луѓето му рекле па она е умрена веќе 3 години ! :worried:
    Страшна работа ... иначе треба да се плашиме од живите не од мртвите што може жив човек да ти направи никој не може ;)
     
  2. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Верувам дека постојат, но до сега сума немала некое поголемо искуство во гледање на духови. Еднаш имам слушнато детска смеа а бевме само две лица, немаше мало дете наоколу. А сакам да видам, немам некој страв. Ајде кажувајте за опседнати места со духови :)
     
  3. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Леле што ми требаше да го читам ова и цела тема, цел живот спијам како љиљак во темница и со затворена врата сама во соба, али додека го читав ова се скаменив а не па да ми се појави пред мене БУ ако не умрам тогаш ќе се мрднам (пу пу скраја било) Дефинитивно вечерва ќе спијам со сијалица ма ако треба и со рефлектор :lol:
    Иначе да верувам ми се има случено трипати до сега ама не беше толку језиво како во случките на феминките.
     
    На nobody1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    тоа не се духови тоа се викаат дзинови или демони. тие се појавуваат во цовецки лик во зивотински лик.и тие мозат да навлезат во цовецкото тело и да му направи стета,односно цовекот да си нанесе стета на самиот себе,тие постојат и тие се невидливи битија за нас лугето,секако ги има во маски и зенски род, тие се сосема исти како нас лугето, јадат пијат се рагаат умираат.во една тема денес бас постирав за нив кој се од сто се створени и кај зивеат.едноставно тие имаат нивни свет како сто ние сме на овој свет.
     
  5. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Никојне верува на тоа , затоа и јас веќе не кажувам се што ми се случува го знам само јас и ако некој праша може да кажам или на некои другарки кои веруваат.... :)
     
  6. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Инаку несакам да богохулам значи ја сум си побожна си верувам во Бог но некоја енергија
    ми се појавува постојано еве ќе споделам со вас една случка
    Значи една вечер бев возбудена сабајелто требаше да одам на натпревар на јавно говорење , и тремата уште таа ноќ ја чуствував . Бев само со мајка ми дома а она спиеше . ЈАс седев во детска соба и си мислев како да се нашминкам за насабајле . Беше накај 2 саат . и одеднаш кутијата со крема од масата летна до мене . Се преплашив и отидов до веце да се измијам и одма да легнам . Отидов во соба кај мајка ми од страв и оддеднаш како што лежев како некој да седеше до мене нозете почнаа да ми паѓаат на десно на душекот , многу ми беше страв ќе умрев неможев да ги отворам очите и одеднаш почна ладен воздух да оди кон мене да го чуствувам ..... ако тогаш не умрев од инфаркт НИКОГАШ
    Сабајлето станав со подочњак до брада , и и кажав на мајка ми нормално не ми веруваше ама веќе не се замарам дали ќе веруваат битно јас знам дека е така и не ми треа никој да верува
    има само еден проблем вака сум силна а тогаш уште во гаќи што не пуштам ]:)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    51
    Јас можам да кажам само дека сигурно тремата што си ја имала е била голема. Во такви ситуации некогаш не знаеме што правиме, па потоа се чудиме...
    Уште по првата случка тебе ти се вмотало во глава дека има некој или нешто таму. Ти му наредуваш на мозокот да верува дека таму има некој. Понатаму веќе се е јасно...халуцинации или несвесни за тебе наредби од мозокот (потсвеста делува).
     
  8. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    тоа е копија од една страна за страшни приказни не била невеста и го дал сакото и сабајлето се сетил дека заборавил да си го земе и отишол до дома и он видел слика нејзина и кажал дека тоа е девојчето а мајката кажала дека е умрена 5 години и му кажала кај е гробот и он отишол и ја нашол јакната здиплена врз гробот :^)
    пс не бил таксист туку се враќал касно од негде работа или нешо така да не ве излажал
     
  9. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536

    И нека биле халуцинации , ама на другите случки баш и немав некој трема :)
     
  10. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Од повеќе луѓе имам слушнато дека негде кај Ѓавато во 00:00 на автопатот можи да се види жена облечена како невеста (т.е. нејзиниот дух)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Јас искрено и не верував во духови, се додека брат ми не ни кажа како тој навечер слуша чекори, зборување...
    Потоа баба ми го однесе кај некоја стара бабичка и ни кажа дека оние што се родени пред Духовден, или во тој период ги слушат духовите кои наводно во тој период се шетале, си славеле и разговарале :)

    Ех...што ти нема :lol:
     
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    да вервувам иако и смата не знам зошто. :D
     
    На Moonlight007 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    51
    Аман бре девојче како не знаеш зошто веруваш :D
    Секогаш кога одговараш, одговарај со „Верувам затоа што“ или „Не верувам затоа што“, така ќе си најдеш објаснување за се :lol:
     
  14. Moonlight007

    Moonlight007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Верувам,но сепак највиновна е психата! :)
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. katence-britney

    katence-britney Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    Точно е дека постојат, јас и дечко ми се враќавме оваа есен од град, беше околу 10ипол мислам, и на подвожњакот кај мралински(сите велат дека имало невеста, дури и татко ми порано беше таксист, и касно навечер ја видел) ни се крена хаубата од колата и за среќа и избегавме на смртта...Видовме само некоја мала белина како прелета. Среќа што од страната на совозачот напред е спуштена пластиката, а кај возачот е крената( за да се види со која брзина се вози и сл. нели ) па јас успев едвај да го повлечам воланот кон мене, бидејќи дечко ми од што му дојде несакајќи влечеше токму кон каналот.
    Исто така пред една година навечер ни текна влеговме во моето основно школо, кое е многу старо, и внатре чувме шепоти и чекори.... Едвај излеговме, и кога излеговме слушнавме како еден машки глас ни велиЧ НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ ТУКА!!!ОДЕТЕ СИ!!!БЕГАЈТЕ!!!избегавме и повеќе никогаш не сме стапнале таму
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
  17. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Не врувам во ништо додека не видам со свои очи. Па духови ако ве има, слободно кај мене на чај-парти :)
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    И после као и отишле на гробот и го нашле сакото на таксистот. :D
    Стара приказна во милион верзии...
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Не може да докажеме дека постојат, ама не може да докажеме и дека не постојат. Додека не почувствуваме, не можеме да тврдиме, оние кои искусиле, знаат дека постојат. Човек не може да докаже дека не постојат, мислам поаѓајќи од фактот дека постојат фреквенции кои човекот не може да ги слушне, сигурно постојат работи кои не може секогаш да ги види, а постојат. Не ги слушајте големите “стручњаци“ шо се фалат на тв како откриле дека уствари се е во мозокот, кога самиот мозок е орган за кој медицината има најмалку сознанија.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PoisonGirl-Valo

    PoisonGirl-Valo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    35
    Имам морбитно искуство со нив
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.