Да, верувам во духови,затоа што сум имала искуство со нив. Иако е многу оддамна се уште се секавам и ми полазуваат морници секогаш кога ке се сетам на тоа. Бевме со моите на одмор и во хотелската соба каде што бевме сместени, јас спиев сама во еден дел од собата а на средината имаше стаклена масичка која беше многу оддалечена од мојот кревет. Секоја вечер се будев до масичката на земја, покриена со покривката, без да сетам како сум дошла до таму(инаку спијам и отсекогаш сум спиела многу мирно). Кога ке ги отворев очите гледав мало дете со виткана коса и облечено во бели пижами и многу бледо во лицето. Ако гледав во него почнуваше да ми се приближува и јас инстинктивно го вртев погледот на друга страна.Ако повторно се свртев накај него пак продолжуваше да ми се приближува. Од страв да престанам да го гледам се вракав на кревет, се покривав преку глава и се трудев да заспијам. Ова ми се случуваше три-четири вечери по ред се додека не се преместив да спијам со мајка ми и татко ми. Им кажав на моите, но нормално тие не ми поверуваа...
Наравно, значи прва случка беше коа бев 8 одделение,беше утро и си одевме накај школо со другарка ми,и некој вика по нас :застанете,и нормално ние се вртиме и гледаме човек у средни години,какво само чудно чуство добив ,и ни вика да ве прашам нешто девојчиња: Дали знаете некој Андреј предава во вашето школо? И ние нормално викаме не .И он ни вика :Сигурно е таму,предавеше од турското ропство,И ние се свртивме напред,не маже секунда се вртиме назад чоеков го нема а нема други улички да отиде ниту куќа...Замисли учител од турското ропство уште да учи нема шанси сигурно беше дух и двете го видовме не бевме пијани.. 2 месеци послем таа случка на другарка ми и се гасеше светлото у соба секој пат,ај мислеа до струјата е викнале чоек да види за шо се работи и тој вика нема ништо тука се е нормално,и пак светкало така,оди она кај мене тропа нешто на вратата идам нема никој !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ај пак си викаме ни се причинува,.Послем некое време седам ја у мојата соба на пц беше околу полноќ и некако беше ладно а лето беше,и одеднаш снемав здив како некој да ме давеше , морбитно чуство после неколку секунди како да се тргна тоа од мене.. Ај си викам ми се случува нешо чудно,одам така по пат иам чуство дека некој ме следи и ден денес... Седиме со другарка ми и одеднаш паѓа од стол,и ја и се смејам она ми вели не бе нешто како да ми го повлече столот,гледам една стара фотографија од баба ми и дедо ми заедно со татко ми и некој чуден вук слушнав и пак тоа ладно чуство,ај тоа велам пак ми се причинува...Отидов да се туширам пак некој како да ме давеше ...и одвај земав здив. Не лажам стварно ми се има случено ова.Не само тоа и мртовци сонувам,чудни деца ко да сум проколната .ПОМОШ!
Не би можела да кажам точно дали верувам или не. Не сум видела и не би сакала да видам дух, одвратна ми е помислата на нив, се ежам. Од друга страна, кога читам за искуства поврзани со духови, тоа ме прави да поверувам.
Ќе кажам искрено и кратко....верувам јас....затоа што тоа е надприридна сила ,а и самите знамеме дека постојат многу надприродни сили како што се (цунамито,торнадо и сл.)
Многу ми е страв да седам дома,а навечер и моите родители се излезени некаде и многу ми е страв секогаш сум гледала некакви видеа и слично и многу се плашам ...Ноќе се плашам и сонувам духови.
До негде верувам,а уште повеќе би верувала доколку би ги видела Е и сакам да им се придружам да луѓево што посетуваат опседнати куќи... Интервју со македонската група Fear Takers на која главно хоби и беа опседнатите куќи. Се распадна 2008та година но, можно е повторно оформување и посета на сите попознати опседнати куќи пропратено со документарец за истите. Илузионист: Кога се формиравте, колку време активно функциониравте и кои бевте во групата ако можам така да на наречам. Момчило: Се формиравме 2002 год. (јас Момчило Милиќ, Стефан Марковиќ и Перо Ристов) периодот пред нова година. Подоцна се приклучија уште двајца во групата, Роби и Иле. Во куќите одевме постепено како дознававме за нив, а престанавме да функционираме летото 2008 година поради тоа што сите се разотидовме низ светот, јас заминав за Америка, Стефан за Јапонија, а Перо се ожени и пресели во Шведска. Илузионист: Верувате ли во духови и зошто го правите ова? Момчило: Никој од нас не верува во духови онакви какви што ги представуваат во филмовите, токму затоа и се оформивме. Идевме по тие куќи за да докажеме дека тоа се само гласини и добри приказни. Но сепак веруваме во некоја поголема енергија, виша сила или подземни води кои владеат во тие куќи. И токму тоа е причината за некои необјасниви приказни, верувајте ми, има многу језиви приказни. Илузионист: Од каде идејата да ја формирате групата? Која е првата куќа во која влеговте ? Момчило: Идеата ни дојде случајно додека го гледавме култниот филм за духови од 1984 “Ghost Busters” Се испадна спонтано, се распрашувавме дали и кај нас има такви опседнати куќи. Стигнавме до гласините за куќата во населба Црниче па решивме да ја посетиме. Илузионист: Каде се’ сте биле, односно во колку и кои куќи сте биле? Кои се приказните за секоја од нив знаејќи дека секоја од нив има своја приказна поради и што го има епитетот Опседната куќа. Момчило: Сме биле во точно 9 куќи. Две во Скопје, две во Велес, и по една во с. Брезојевице во Црна Гора , Битола, с. Сачево Струмица, Софија и Ниш. Интересна приказна има куќата во с.Брезојевице. Стефан има потекло од тамо, па отидовме на викенд враќајки се од Будва летото 2005. Постојано ни кажуваше за куќата за која сите жители во селото збореле со години. Искрено и јас се наежив прв пат кога ја слушнав. Отидовме да се увериме. Приказната беше: Во 1921 година се породила жена со 3 деца. Две девојчиња и едно машко. Сите три биле идентични, дури и на момчето му пуштале косичка како на неговите сестрички, а девојчињата носеле панталони исти како на нивниот брат близнак. После 15 години една од сестрите загинува трагично паѓајќи од коњ. После две години момчето го пратиле да наполни вода од бунарот и не се вратило, пропаднало во бунарот. А другото девојче паднало болно 4 години во кревет од болест која докторите не можеле да ја протолкуваат. По четири години починува и девојчето. Истиот ден мајката се обесува во подрумот од куќата, а таткото после два дена се фрла во реката која течела на триесетина метри од куќата. Селаните мислеле дека куќата е проколната и дека нивните духови вечно останале во куќата. Тие многу пати слушале смеење на деца во ноќните часови. Отидовме до куќата во 23ч, ја разгледавме целата, бевме и до бунарот, подрумот и реката позади куќата. Факт е дека слушнавме крцкање на подот но, тоа го препишавме на темнината и тишината која преовладување. Сите знаеме дека кога сте во исчекување на нешто такво дури и најмалиот шум делува застрашувачки. Илузионист: Дали влегувате навечер или пак преку ден? Момчило: Исклучиво навечер. Како што спомнав, во темнина и тишина адреналинот побрзо расте. По природа сите сме авантуристи, а знаевме дека доколку одиме преку ден ефектот нема да биде ни приближно ист. Илузионист: Што правите кога ќе влезете во куќата? Момчило: Влегуваме од соба во соба, вршиме аудио запис и разгледуваме подетално. Илузионист: Може ли да одвоите кое ви е најстрашното и најнеобјаснивото искуство кое ви се случило? Момчило: Најстрашното искуство ни се случи во с. Сачево Струмичко. Ноќта пред да влеземе имаше полна месечина, тоа ни го зголеми апетитот за соочување со дотогаш не видениот дух. Приказната беше следнава : Куќата ја наследил едниот од двајцата синови на луѓето кои живееле во неа, оној кој што долго време живеел и работел во Германија . Кога се вратил неговите родители веќе биле починати, а брат му се преселил на друго место. Уште тогаш луѓето слушале необични расправии во куќата и се чуделе како тој ќе живее таму. Тој долго време живеел сам бидејќи не бил оженет. Селаните го почитувале бидејќи имал добра душа, комуницирал со сите, уживал во пешачењето, не пиел алкохол ниту пак пушел. По некое време се запознал со неговата идна сопруга која се преселила кај него и одтогаш почнале да се случуваат необјасниви работи. Селаните честопати ја гледале жената со модрици по рацете и нозете. Се чуделе како е тоа можно бидејќи секогаш ги гледале среќни заедно и биле во добри односи со сите комшии. По некое време жената си заминала. Не поминало долго време луѓето приметиле дека и човекот има модрици по рацете и телото и по извесно време починал бидејќи бил претепан до смрт. Куќата однадвор беше со искршени прозорци, а внатре разрушена. Долниот спрат имаше две спални соби и една дневна со голем ходник. Мебелот беше пред распаѓање, а шифоњерот беше распукан од влага. Почнавме да се качуваме по скалите за да го разгледаме горниот спрат и во тој момент конечно го искусивме она кое сите тие години го баравме. Слушнавме гласови како да шепотат. Сите во истиот момент се стаписавме и се погледнавме без да испуштиме ни звук. Можев за прв пат да видам страв во очите на моите другари, истиот страв преовладеа и со мене. Прво си помисливме дека буквално ќе се соочиме со дух, дух во кој никој од нас не веруваше. Потоа помисливме дека некои деца се собрале на горниот спрат. Продолживме по скалите нагоре колку можевме потивко со ламбата насочена во темнината. За среќа или пак несреќа горе не наидовме на ништо. Точно во моментот кога влеговме во собата и го отворивме стариот запрашен креденец ни снема батерија и се најдовме во тотална темнина. Бар на почеток помисливме дека ни снема батерија но, неколу секунди подоцна Стефан повторно ја запали батеријата смеејќи се. Свативме дека тоа му беше само испешен обид да не исплаши. Му ја побарав батеријата за да не направи нешто слично повторно. Ја насочив светлината кон него и во тој момент видов нешто што цел живот ќе го памтам. Стар човек со раскинато и закалавено палто и исто такви панталони. Од страв се затресов целиот и рипнав наназад. Немој сега и ти. Тоа беа зборовите на моите другари мислејќи дека сега јас се обидувам да ги исплашам. Погледнав уште еднаш, целиот полазен од морници но, овој пат немаше никој. Сеуште се ежам кога помислувам или раскажувам за тоа искуство. И сеуште се прашувам дали цело време сме грешеле за постоењето на духовите или пак тоа беше само проекција од мојот мозок. Слика која постојано ми беше во главата откако ја слушнав приказната, а и воопшто кога влегувавме во некоја куќа. Илузионист: Дали одите само еднаш во куќата или пак потоа се враќате? Момчило: Само по еднаш во секоја куќа. Тоа ни е некое непошано правило на кое се придржувавме. Илузионист: Имате ли видео записи или нешто слично од посета на некоја од куќите? Момчило: Снимавме само еднаш. Видеото беше хит пред 5-6 години и кружеше низ школите и факултетите еден период. Поради проблеми со хардискот на компјутерот го изгубивме видеото, но сигурен сум дека го имаат некои преснимено. Сакаме и ние да го пронајдеме и да го објавиме, па доколку некој се пронајде во текстов нека не исконтактира преку http://www.iluzionist.com.mk. На видеото имаше необјасниви звуци и сенки кои не можат со сигурност да се објаснат. Илузионист: Дали секогаш сте биле само вие тројца или некогаш ви се придружувале и други луѓе? Момчило: Роби и Иле, на почетокот ги спомнав, они беа од оние кои подоцна се приклучија и најдолго останаа од останатите. Имаше уште неколкумина кои посетуваа по една куќа со нас. Илузионист: Дали некогаш нешто му се случило на некој од вас? Момчило: Излегов со мала гребнатинка на кулкот од куќата во Софија. Бевме запрепастени сите запрепастени, не осеќав болка. После неколку дена на враќање за Скопје се сетив дека се закачив на оградата од дворот кога се прекачувавме уште пред да влеземе. Го изумивме тој момент поради тоа што не осетив некоја болка и не обрнав внимание. Друго логичко објаснување за тоа не би можел стварно да дадам. Илузионист: Дали познавате некои други групи во Македонија кои се занимаваат со истото хоби ако можеме така да го наречеме. Момчило: Во Македонија сеуште немаме сеуште сретнато некои кои се занимаваат со ваков вид на куќи. Додека пак во Бугарија постојат Ghost Fakers кои ни ја преорачаа куќата во Софија и разменивме искуства. До нив стигнавме преку наш другар кој студираше во Софија. Во Србија (Нови Сад) дознавме само дека имало ваква група но се распаднала 2004 год. Илузионист: Дали некогаш сте имале проблеми при влегување во куќите, т.е дали некои од нив биле заклучени и како сте се справиле со тоа? Момчило: Некои беа заклучени, да. Но сепак сите имаа споредни отворени влезови, прозорци, некои пак и цели дупки. Илузионист: Има ли некои опседнати куќи во кои не сте влегле, а би сакале доколку повторно би сте се оформиле? Момчило: Откако престанавме да ги посетуваме таквите куќи слушнав само за куќата во Битола, опседнатотото место позади Канео (Охрид) и две куќи во Нови Сад. Илузионист: Дали носите некаква опрема со вас кога влегувате во опседнатата куќа? Момчило: Носиме само батерии, еднаш понесовме фотоапарат и еднаш дигитална камера. Дури еднаш понесовме и гајба пиво. Илузионист: Дали планирате можеби повторно да се активирате? Момчило: Повторното оформување е можно и доколку се испадне според планираното би било до крајот на летово. Овој пат ќе биде по професионално, планираме да ги посетиме сите куќи повторно, а и оние кои ги спомнавме дека сакаме да ги посетиме. За сите ќе има видо запис и обајаснување за митот на истите Извор: http://iluzionist.com.mk
Од баба ми се имам изнаслушано случки со духови или "сеништа" како што ги викаше таа..Незнам зошто обично ако ги имаш дома на сите истото им се случува...Легнуваат на едно место,а се будат на друго..Јас лично не сум видела дух до сеа,а викаат дека не ни можеш да го видиш,можеш само да го слушнеш.Ако случајно видиш некој човек чуден човек и ти се обрати,тоа всушност е светец,а причината поради која ти се обраќа е дека те штити на некој начин.
Верувам ,бидејќи душата е енергија ,која знаеме дека не се губи ,туку преминува од еден во друг облик . Ако душата т.е. енергијата на мртовецот не е правилно насочена ,таа стекнува хаотични карактеристики кои често знаат од памет да не извадат нас смртнициве . Подетални информации околу лични искуства имам оставеново темата Необјасниви случки , а сега можам само да додадам уште нешто . Легнувам да спијам ,подоцна вечерта и таман сум заспала ме биди чуден звук ,како туткање на хартија . Ја палам светилката и гледам сите постери до еден испопаднати на земја ,а не беа лепени еден врз друг ,секој посебно си беше залепен на ѕидот . По некоја вечер ,исто задремана ,од никаде ми се приклучува една стара музичка играчка ,на која веќе и беа истечени батериите и не свиреше . Таа вечер свиреше како нова ,како тогаш купена . Ај помина тоа ...си реков ,случајност ,од стоење или ете ,како било ,се приклучила ,некој спој или било што . По половина час се приклучи една музичка столна ламба ! Е дури тогаш крвта ми се смрзна ! Станав ,ја запалив светилката - нема никој ! Правец - в спална ,кај моите ! Страв ми беше да заспијам ,будно го следев секој звук додека не се раздени ! Уште истиот ден дојде поп ,ни го освети станот ,ама пак се случуваа чудни работи ...друг пат ќе ви дораскажам ...има многу ...
Верувам, од истите причини што објасна MarchelineAmaru. Енергијата не се губи, само го менува својот облик. Ова поглавје од квантната физика е премногу дискутабилно, многу славни научници не успеале да докажат што се случува со енергијата по човековата смрт. Па сега ние си живееме во претпоставки. Но факт е дека духови постојат. Не се за џабе нерешените мистерии, како на пример куќите што се опседнати со духови и слично. Читав дека ако некој упорен пробува да повикува духови, многу лесно ќе ги повика, но многу тешко ќе ги избрка. Тие црпат енергија и гледаат да се "вгнездат" во некој предмет кој претставува голем извор на енергија, а таков предмет е човечкто тело. Покрај тоа, најчесто се вели "каде што има дух местото е за неколку степени постудено". Мора да постои некоја вистина во тоа. Не е мал бројот на луѓе кои се сретнале со духови и на кои им се случуваат чудни работи.
Имам многу пати повикувано духови,но нема да пишувам за сите.. Пред неколку години со другарките повикувавме, и ја повикавме тетката на таа другарка кај што бевме собрани. Ние не знаевме како починала,само знаевме дека умрела млада. Ја прашавме дали може да и поставуваме прашања,и одговори со НЕ.Кога ја прашав зошто(велам ја прашав јас,зашто јас го држев конецот со игла), рече: затоа што ќе умре .. и го кажа моето име и презиме, јас прашав како, и ми го кажа начинот на кој што таа умрела.И кога всушност го напиша тоа, другарка ни ни кажа дека така таа умрела. Другарките се исплашија и прекинавме.Вечерта и дошла на сон на мајката на другарка ми(која всушност и се паѓа сестра) ,а оваа не ни знаела што правевме ние таа вечер. Ова беше можеби првото,но за жал не последното искуство со нив.Толку многу посакував да повикам дух,да видам некој, сакав да даом на гробишта,да сликам, барав, читав, сега се каам. Посакувам да не верував, и тие што не верувате,немојте да се уверите.Подобро е така.Не верувајте.
Верувам во духови. Не дека мене ми се има појавено или нешто слично ама од самото тоа што ми имаат зборено, што имам читано не можам а да не верувам ...
верувам, цврсто сум убедена дека постојат.. покрај секого се но не секој може да ги почувствува и види..
Neznaev deka duhovite imaat saat na raka i deka oni izleguvaat tocno vo 00 casot, a najverojatno saatot im e nasteluvan po nekoj Zoki, Mitre ili Johny koj go izmislil saatot a sto pravime so duhovite koj ziveat vo USA kade sto vremeto ne se pomestuva za saat napred ili nazad, ama ostaj gi niv, ne se intelegentni ko nasite u Evropa, na nasive saatot im e staven na auto update time zone hahahahahahaha )))))))))))))))))
Верувам дека постојат но сеуште немам некоја таква случка да слушнам тропање или да почуствувам нечие присуство....И не би сакала
Искрено имам многу пати искусено. (и сега од самата помисла се наежив, бррр) -Пред 3-4 години го гледав дедо ми, иако тој умрел кога сум била 3 недели. А го гледав целосно како човек. ехх..има нешто А и многу пати навечер имам осетено нешто како тропање и слични ср**а.