баш би сакала да го слуснам твоето искуство,бидејки и мене ми се случи нешто неопишливо,а незнам кој да прашам да ми објасни што значи тоа! една вечер додека спиев некој ме допираше на раката ме дрмаше како да сака да ме разбуди и се разбудив седнав на креветот и има што да видам еден куп луѓе т.е сенки незнам ни како да ги опишам ми зборуваа нешто но тоа зборување повеќе ми звучеше како зуење на бубачки и упорно ми објаснуваа нешто со рацете сигурна сум дека не сонував бидејки бев будна еден од нив ме држеше за рака го осеќав како вистинска човечка рака а и погледнав на телефонот беше 02.00 ноќеска 28 август мала или голема богородица заборавив се гледаа толку јасно и тоа само од светлината на месечината која сјаеше толку силно,а не се сеќавам како сум заспала и што се случувало понатаму знам дека кога се разбудив се сеќавав на се и го споделив тоа со другарки на училиште и 2 од нив истата вечер истото им се случило истата вечер само што на едната кога отишла во веце кога се погледнала во огледало видела полно луѓе т.е сенки како мојата случка но кога ке се завртела немало ништо пак погледнала и пак се појавувале, се надевам дека некој знае што значи сето ова дали се духови,дали самовили или кој знае што,ви благодарам однапред
Верувам дека постои нешто. Духови или не постојат некои чудни работи кои неможеме да ги објасниме и некоја виша сила. Баш пред некое време со една другарка дискутиравме на оваа тема и девојчето кажуваше примери како луѓе кои повикувале духови подоцна слушале звуци и сл (духовите не си заминале) и искрено ме има фатено страв бидејки кога бев некаде 5то 6то одд. пробував да повикувам и поставував некои прашања на кои добив одговор... Спојлер Стварно ми е страв да спијам сега таму (камо да не ме потсетеше)
Верувам дека сепак постои нешто. Немаше ни година како почина баба ми, почеток на учебната година беше, братучед ми беше дојден на гости и спиеше со брат ми во детската соба, јас и мајка ми во спалната,татко ми во дневната. Некаде накај 1 часот по полноќ се чу тропање на тенџериња,садови такви работи на долниот спрат каде што живееше баба ми. На спратот немаше никој, чичко ми беше заминат некаде а дедо ми во село. Тропањето го чувме и јас и братучед ми, прво помисливме дека татко ми станал па нешто зима во кујна, отидовме до таму тој цврсто спиеше Знам дека тоа беше духот на баба ми ,цврсто верувам во тоа И многу се плашам од такви работи, ептен , многу ми се морничави некако
Нешто од што најмногу се плашам се духови. Често читам за нив, се распрашувам и до сега имам слушнато од многу луѓе дека виделе нешто што не е нормално. Ако во текот на денот некој ми зборува за нив или пак мене ми текне вечерта останувам будна од пусти страв. Најмногу од се се плашев да видам и се случи тоа, и тоа не еднаш туку повеќе пати. Еднаш дур бев со мајка ми во кујна, касно беше накај 3 по полноќ слушнав гласови како се расправаат. Бев свесна и баш и на мајка ми и кажав - Мамо слушаш или јас трипам? И она ги слушна гласовите.. Ептен беше језиво. Вториот пат беше пред една недела. Со дечко ми бевме излезени во маало, некаде околу 1 по полноќ. Во моментот кога седнавме на клупата околу нас немаше ништо но по некое време забелезав сенка. Срипав од страв (голема паничарка сум) дечко ми ми викаше смири се ама и он се увери дека имаше нешто карши нас. Сенката добар пола саат стоеше на истото место и како да гледаше во мене.. Никогаш не помислив дека ќе ми се случи нешто такво и на мене.. Уште се плашам и мислам дека пак ќе видам нешто такво.. Изгледа и вечерва будна ќе си седам..
не се пласи тие не се појаки од бога и јас сум се пласела многу. по некогас не викам дека не се пласам. јас не сум ги видела ама мене ми влегувале во мене во нок кога сум спијела ме парализирале цела, само јас сум се наслонила на бога а бога е доволен заститник на сите, бог да не соцува од нив Aмииинн.
Незнам баш.. Сепак верувам. Вчера, бевме на гости кај едни роднини со моиве и чичко ми почна на казува што му се случило пред неколку дена. Пра дедо ми, требало да им остави на нив некое парче нива, но уште не е средена таа работа, како било, а прадено ми е починат, еве неколку години. И сега чичко ми си оди кај неговата нива и пред него излегува една пеперутка. Овој ништо, не ја забелезал, обича пеперутка си рекол. Ама пак таа не си одела, некако пред него летала, тој вика, како да ми го показуваше патот. И одеднаш на едно место застанала пеперуткава. Чичко ми вика, сигурно тоа е местото кое ни го оставил дедо. И по неколку дена, отишол кај гробот на прадедо ми, онака да запали свеќа, и ја гледа истата пеперутка таму! Кога ми казуваше бев скептична, не верував, но сепак.. Незнам.. Ама мислам дека постои нешто.
Да, верувам. Не знам ова дали беше дух или нешто друго, но сепак да го кажам. Не знам точно пред колку години беше мислам пред 2-3. Бев кај братучедками, беше ноќе слеговме на долниот спрат..Беше 12:05 баш видов на лап топот и згасна струјата..ама помалце гаснеше, не наеднаш. Седиме 5-6 секунди и наеднаш почна да чкрипи креветот како да легнува некој, како што чкрипат федерите кога седнува некој е баш така. Ништо не видовме, некој дух или нешто друго, зошто не погледавме натаму, само избегавме.
ме изнасмеа......да ти кажам незнам дали верувам во духови,ама ова што ти се случило,сигурно не било нешто како духови
Верувам во духови бидејки сум имала искуство со ова пред неколку години доста се интересирав за духови демони (пред се такви ниски енергии) Прочитав дека 03.00 сабајле е часот на будењето на демоните, односно тие се најактивни помеѓу 3 часот сабајле па се до изгрејсонцето. Колку повеќе читав толку повеќе навлегував во темата и буквално се опседнував со истата па дури и по цели ноќи не спиев читајќи разни текстови на ова тема. Тоа траеше се додека 3 недели со ред не започна да снемува струја точно во 3 часот сабајле и да се слушаат чудни звуци. Значи пред да започнат да се случуваат тие чудни работи јас бев атеист кој не веруваше во ништо што не може да се види. Од тогаш веќе не знам во што верувам а во што не верувам ... Знам само дека престанав да седам будна по цела ноќ, престанав со читањето на текстови на таа тема и оттогаш гледам да не сум сама тоа време или пак барем да не сум будна ...
Мислам дека тоа ти е од што премногу си опседната со духови демони и сл ствари. Тебе мозокот само таму ти лета па ти потсвесно почнуваш да ги предизвикуваш тие работи ( ако си ја читала моќта на потсвеста од ЏозеФ Марфи ке знаеш за што зборувам)
Предизвикував да снема струја секој ден 3 недели со ред точно во 3 сабајле? да и јас на почетокот мислев дека си замислувам ама после веќе очигледно беше дека тоа не беше плод на мојата фантазија (сите во зградата се жалеа на врева " во ниедно време " што ги буделе на сред ноќ и на проблеми со струјата (во зградата имаше доста стари лица што секоја вечер оставаа барем едно светло запалено дома) Не велам дека треба да ми верувате - само го кажувам моето искуство, и јас не верував додека не ми се случи сето тоа ... и јас ова да го читав вака на форум немаше да верувам така што оправдани се сите сомнежи