Јас цврсто верувам дека постојат духови. Верувам дека се наоѓаат постојано околу нас, дека не набљудуваат и се дел од секојдневниот живот. Она што ме загрижува е што во последно време дома постојано ми се затвараат и отвараат врати. Работи кои сум ги оставила на едно место се потоа преместени. Слушам звуци, крцкања кога нема ниту ветер, промаја и слично. И додека го пишував ова ми се затвори вратата, сама по себе. Искрено се надевам дека халуцинирам. Спојлер Мајка ми ја има сонувано нејзината баба, како и доаѓа на сон и и вели со парите кои и се наследени да купи прстен со зелен камен во таа и таа златара. Следниот ден отишла на тоа место и токму таму го нашла комплетно истиот прстен кој го имала сонувано. Следното утро во 5 часот наутро, кога идела на работа, под Железничка и се видело привидение од баба и како ја погалува. Имаше уште некој детаљ, но не можам да се сетам на се во моментов.
Доколку си 100 посто сигурна што каде и во која состојба ти било оставено..И сето тоа ти се случува подолго време,тогаш не,не халуцинираш. Не се плаши,се се случива со причина,такада и присуството на таа особа е со причина. Стравот само ќе допринесе да се случуваат низа непријатни нешта,скраја и да до привлечеш уште нешто. Остави се како што е...Ако почне нешто да те вознемирува тогаш обрати се за помош. Нема никакви потреби од страв
порано како мала да ама веќе не всушност некои се плашат кога ќе им крцне патос нешто и викаат одма дух па патосот таванот мебелот плакарите и креветите постојано си крцкаат па така да не верувам
Досега немам видено дух, иако верувам дека постои некоја ,,виша'' сила. Иако пак, сум уверена дека се се случува со причина.
Незнам дали да го дефинирам како дух,ама како изгубени души,да,и верувам. Верувам дека секој кој не „преминал на другата страна“имал некоја незавршена работа на овој свет. Чудно,често чувствувам дека во некои моменти кога сум пред некоја важна одлука,како да има некоја сила во мое присуство која ми дава насока.Чудно,немам зборови да објаснам,ама да ,верувам....
Извинете го видов првиот коментар и коментирав кога ги прочитав сите разбрав што е работата инаку имам гледано еден филм со 4 деца кои сакаат да избегаатод дома и одат на еден остров и ги следи еден човек со црна наметка(како што им се појавуивале на многу и една вечер го видоа тој им го покажа лицето но тој е добар им помогна да се засолнат им кажа дека бил поп порано.Иако јас мислам дека духовите се добри со црна наметка и дека се господови луќе мое мислење Позз
Живеам во куќа на два спрата, јас и моите на приземје, а баба ми и дедо ми (кој почина пред 2 и пол години) горе. Лани летото баба ми беше во странство на гости 2 недели и горниот спрат беше празен. Едно утро, беше околу 7ч наутро за време на викенд, време кое јас не се будам никогаш освен ако имам обврски, се расонив од чекорите кои доаѓаа од горе. Значи јасно слушав одење, отварање и затварање врати, гласови што не можев да ги разберам кои траеа добри 5 минути, па си помислив дека баба ми се вратила порано од предвиденото и продолжив да спијам. Подоцна, за време на појадокот со мајка ми почнавме да збориме за буката која по некоја случајност ја приметивме двете и ни падна чудно како се вратила баба ми цела недела порано кога авионската карта и беше за друг датум па уште и без никаква најава. Се качи татко ми да провери, најпрвин ѕвонеше, отклучи сам и ја провери секоја соба - беше празно, се на свое место, нечепнато. Објаснување кој бил и што било нема, но факт е дека со мајка ми ги слушнавме истите звуци во исто време, а спиеме во различни соби. Клуч немал никој за да влезе, сите врати и прозори беа добро затворени, така да единствено што преостанува да верувам е дека било нешто надприродно. Сум искусила многу вакви работи за кои немам логично објаснување и скоро секогаш имало некој друг со мене кој го чул/осетил истото. На прашањево дали верувам во духови сеуште не можам потврдно да одговорам, но ниту го негирам фактот за нивно постоење. Дух не сум видела, ниту пак некакво привидение или сенка, но до сега сум слушнала многу звуци и нашла предмети кои не биле поместени од физичко лице (било невозможно зошто немало никој). Можеби во друга прилика ќе ви пишам уште нешто, ако се решам да споделам.
Сум немала искуство и недај боже да имам иако не верувам во духови јас сум си многу голема плашливка и паничарка па уште тоа ми фали да ме стрефи некој инфаркт.
Не верувам во паранормалното, ма да досега ми се нема случено ништо слично од погоре наведените, ми се има случено да чувствувам туѓо присуство кога сум сама , но сепак сметам дека тоа е само полд на мојата потсвест.
Не дека сум имала средба со некој дух, но многу сум плашливка во врска со тие работи. Синоке како да слушнав аларм, се разбудив но не приметив дека сеуште е ноќ погледнав на мобилниот но немаше аларм потоа приметив дека е ноќ и дека мојот аларм треба да ѕвони наутро, погледнав беше 03.28 си рекој ајде ништо отидов во веце и пак си легнав но потоа Mr. Brain почна да мисли на сите тие страшни работи и на филмот шесто сетило каде што детето му вели на психијатарот: Дали ти се грчи вратот?.....дали ти се ежи кожата на рацете....?...епа тоа се тие и ете тогаш како поканета доага мислата дека мене често ми се грчи вратот си викам тоа е само филм и се факам за нараквицата за која имам прикачено осветен крст и почувствував потреба да го земам белиот стегач за коса (некогаш во него ја барам утехата, незнам зошто) па потоа почна нешто да ми крцка, да се препотувам да чувствувам неспокојство и се мачев така јас долго и го пуштив телевизорот го оставив гласот на 3 и го ставив да се исклучи за 60 мин веднаш се успокоив ми се приспа за 15 мин но не заспав потоа пак како да слушнав аларм но не проверив потоа во 5 наутро мајка ми влезе кај мене во соба и ме праша зошто во 5 наутро гледамм тв и ми го исклучи телевизорот си реков уте ова обавезно го пишувам во фемина Мал совет Мислам дека во текот на нокта си ги преобвеличуваме работите иако и сама се тресам од страв и се потам мислам дека треба да го победеме стравот. Ако имате света водичка напрскајте си го станот или куката замијте се поставете крст до вас, помолете се и семете со себе предмет кој ве успокојува преку денот убаво изморете се за да не си легнете одморени па да се будите затоа што сте се преодмориле не вечерајте за да навечер не се будите по вода и не спијте во рок темница мило ке ми биде ако на некој од советите ми е подобро или го успокоиле
Не.Не верувам,се е психа.Духовите и другите паранормални појави се измислени од старите народи заради тоа што не можеле да ги објаснат работите што се случуваат околу нив.Во денешницава имаме доста одговори,па мислам дека не треба да се водиме според тие мислења и да си умислуваме работи за кои немаме ама баш никакви докази дека постојат.
Еден ден додека сиседев на компјутерот и си слушав музика некој/нешто ми ја фати косата и јас одма срипав од столот и го проверив целиот спрат но немаше никој и оттогаш ВЕРУВАМ дека постојат духови или нешто натприродно!!