Тоа е прашањето, гласајте. Ако некој сака да образложи на што му се должи заклучокот, нека го направи тоа во пост. Прво за мене да одговорам: Не верувам во ниту една институција во државава.
Ма какви .. Со ситуацијава од Јавна соба дека законот за заштита важел до 18 години, го пробија дното. Ретко нешто да е решено во полза на оштетениот. Се штитат сите како бели мечки, малите рипки го јадат. пропаднавме од функционалноста. Дно држава. Немаме конкуренција.
Не. Не се способни пасош да ти извадат на време, не па друго нешто. Нула. Ништо не функционира. Деновиве вртев во едно министерство, цел ден никој не крева телефон.
Кои институции мајке ти ко за еден извод треба ВРСКИ да бараш да ти го извадат за два дена . Инаку ќе се чекаш две недели. Работа што се завршува за околу 15 минути...
Ееееј за МИОА не ми се почнува. Три дена чекав по 2ч за извод, зашто господата мора утринско кафе да испијат, па следува пауза, да ги испочитуваме и оние што подаваат преку прозор документи. Здравствено осигурување плаќаш, приватно се лечиш. Во меѓувреме си бараш на интернет дијагноза. Ама важно е дека институциите "работат на случајот".
Многу нормално дека не. Човек ако појди за документ со денови нема да ги најди. Се на пауза, па по кафиња во кафичи, сето неписмено собрано. Не можи човек да праша, очите ќе му ги извадат. Пред четири години кога вадев држајанство, типот таму не знаеше да го направи, а мислам ни македонски дека не знаеше, арно се најде постар човек ми го направи. За еден документ треба врски да бараш или да се караш таму, ама џабе.
Не. Ако се случи државна институција да заврши работа онака како што треба, без врски, а брзо и ефективно, тоа го доживуваме ко светско чудо, пошто е ретко, а не нешто што треба да се случува редовно.
Не. Има исклучоци, ама главно не. Не знам зошто се чудат што граѓаните имале перцепција дека институциите се корумпирани. Перцепција било, не реалност. Е што не има таква перцепција народот во скандинавските земји на пример?
Нажалост same here, а сакам да верувам мајке ми, сакам ама за се со моли коли, барај познанства, дојди вчера муабетот
институциите не се органи во служба на народот туку приватни семејни фирми. ми текнува пред некоја година во босна имало протести и протестантите со право скандираа: - зошто во министерствата нема секс? -бидејќи се сите роднини.
Смешно прашање. Ова иронично. Се разбира дека не верував. За тој став имав доста искуство таму додека живеев, не се 100% од вработените лезилебивиќи и партиски решенија, но добар дел се. За некои луге патот низ институции е голгота, независно дали се работи за здравство, судство или образование и слично. Па и шалтеруша Славица ако може ќе малтретира оти знае дека сигурна и е работата, едино со кран ќе ја изнесат. Од друга страна сум имала и убави искуства ама тие се ретки и недоволни за преодна оцена од мене
Јавна тајна е дека скоро ниедна институција овде не функционира. Кога мислам "не функционира", стварно го мислам тоа.
Немам доверба уште од поодамна. И нема да имам, се додека за да вработат кадар гледаат колку пати бил на состанок в партија и колку плакати залепил. Нема да верувам се додека незнаењето ќе го прикриваат со ароганција.
Верувам во институција каде што имам познат. Шала на страна, не. И гледам максимално да избегнам, ако не морам не ни одам. Кога ја прочитав темата размислував да ви споделам некое позитивно искуство, два дена мислам и нема. Често пати после некоја обврска во ваква институција си се наоѓам како сама се карам по улица А легендата вели дека има некој шо се обратил и се вратил дома неизнервиран.