babylove овошни кашички

Дали верувате во институциите на РС Македонија?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 28 јануари 2021.

?

Дали верувате во институциите на РС Македонија?

  1. Да

    2 глас(а)
    1,6%
  2. Не

    120 глас(а)
    93,8%
  3. Немам став за прашањето

    6 глас(а)
    4,7%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.929
    Допаѓања:
    165.376
    Тоа е прашањето, гласајте.
    Ако некој сака да образложи на што му се должи заклучокот, нека го направи тоа во пост.


    Прво за мене да одговорам:
    Не верувам во ниту една институција во државава.
     
    На RainbowButterfly, La.RagazzaMisteriosa, LadyMau и 2 други им се допаѓа ова.
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.054
    Допаѓања:
    4.918
    Ма какви .. Со ситуацијава од Јавна соба дека законот за заштита важел до 18 години, го пробија дното.
    Ретко нешто да е решено во полза на оштетениот. Се штитат сите како бели мечки, малите рипки го јадат. пропаднавме од функционалноста.

    Дно држава. Немаме конкуренција.
     
    На темјанушка, RainbowButterfly, Dimi_ и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    5.913
    Не. Не се способни пасош да ти извадат на време, не па друго нешто. Нула. Ништо не функционира. Деновиве вртев во едно министерство, цел ден никој не крева телефон.
     
    Последна измена: 28 јануари 2021
    На темјанушка, La.RagazzaMisteriosa, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Мене дома не ме сакаат, ќе ме сакале институциите.. (facepalm)
     
  5. Осе

    Осе Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    3.223
    Пол:
    Женски
    Кои институции мајке ти ко за еден извод треба ВРСКИ да бараш да ти го извадат за два дена . Инаку ќе се чекаш две недели.
    Работа што се завршува за околу 15 минути...
     
    На La.RagazzaMisteriosa, sunshinebabe, Idedemja и 10 други им се допаѓа ова.
  6. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.054
    Допаѓања:
    4.918
    Ееееј за МИОА не ми се почнува. Три дена чекав по 2ч за извод, зашто господата мора утринско кафе да испијат, па следува пауза, да ги испочитуваме и оние што подаваат преку прозор документи.

    Здравствено осигурување плаќаш, приватно се лечиш. Во меѓувреме си бараш на интернет дијагноза.

    Ама важно е дека институциите "работат на случајот".
     
    На темјанушка, IRBBB, Frosty! и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    34.588
    Пол:
    Женски
    Последната опција ти е врв. :rofl:

    Инаку под Б е точниот одговор. :D
     
    На Frosty!, smile:), Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  8. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.463
    Многу нормално дека не. Човек ако појди за документ со денови нема да ги најди. Се на пауза, па по кафиња во кафичи, сето неписмено собрано. Не можи човек да праша, очите ќе му ги извадат.

    Пред четири години кога вадев држајанство, типот таму не знаеше да го направи, а мислам ни македонски дека не знаеше, арно се најде постар човек ми го направи.

    За еден документ треба врски да бараш или да се караш таму, ама џабе.
     
    На темјанушка, La.RagazzaMisteriosa, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Осе

    Осе Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    3.223
    Пол:
    Женски
    За здравство уста не ми се отвара -нерва ме фаќа одма
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    93.650
    Пол:
    Женски
    Точен одговор под Б
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    5.630
    Допаѓања:
    50.498
    Пол:
    Женски
    Не.
    Ако се случи државна институција да заврши работа онака како што треба, без врски, а брзо и ефективно, тоа го доживуваме ко светско чудо, пошто е ретко, а не нешто што треба да се случува редовно.
     
    На темјанушка, IRBBB, Amelia и 12 други им се допаѓа ова.
  12. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.222
    Допаѓања:
    15.039
    Не.
     
    На La.RagazzaMisteriosa и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.589
    Допаѓања:
    71.434
    Не. Има исклучоци, ама главно не.

    Не знам зошто се чудат што граѓаните имале перцепција дека институциите се корумпирани.

    Перцепција било, не реалност. Е што не има таква перцепција народот во скандинавските земји на пример?
     
    На La.RagazzaMisteriosa, Cka, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Idedemja

    Idedemja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    772
    Допаѓања:
    11.436
    Пол:
    Женски
    Нажалост same here, а сакам да верувам мајке ми, сакам ама за се со моли коли, барај познанства, дојди вчера муабетот(facepalm)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    104
    институциите не се органи во служба на народот туку приватни семејни фирми.

    ми текнува пред некоја година во босна имало протести и протестантите со
    право скандираа:
    - зошто во министерствата нема секс?
    -бидејќи се сите роднини.
     
    На темјанушка, IRBBB, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    21.974
    Смешно прашање:D. Ова иронично.
    Се разбира дека не верував.
    За тој став имав доста искуство таму додека живеев, не се 100% од вработените лезилебивиќи и партиски решенија, но добар дел се.
    За некои луге патот низ институции е голгота, независно дали се работи за здравство, судство или образование и слично.
    Па и шалтеруша Славица ако може ќе малтретира оти знае дека сигурна и е работата, едино со кран ќе ја изнесат.
    Од друга страна сум имала и убави искуства ама тие се ретки и недоволни за преодна оцена од мене
     
    На IRBBB, tinka-mace, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    3.187
    Допаѓања:
    57.249
    Кратко и јасно: не.
     
    На LadyMau, WildMk и sunshinebabe им се допаѓа ова.
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    2.677
    Пол:
    Машки
    Јавна тајна е дека скоро ниедна институција овде не функционира.
    Кога мислам "не функционира", стварно го мислам тоа. :nod:
     
    На LadyMau и WildMk им се допаѓа ова.
  19. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    2.453
    Допаѓања:
    68.727
    Немам доверба уште од поодамна. И нема да имам, се додека за да вработат кадар гледаат колку пати бил на состанок в партија и колку плакати залепил. Нема да верувам се додека незнаењето ќе го прикриваат со ароганција.
     
    На WildMk, Tanjamm и LadyMau им се допаѓа ова.
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    11.375
    Пол:
    Женски
    Верувам во институција каде што имам познат.

    Шала на страна, не. И гледам максимално да избегнам, ако не морам не ни одам. Кога ја прочитав темата размислував да ви споделам некое позитивно искуство, два дена мислам и нема. Често пати после некоја обврска во ваква институција си се наоѓам како сама се карам по улица
    А легендата вели дека има некој шо се обратил и се вратил дома неизнервиран.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.