Нормално дека не. Во држава каде што ти требаат врски во ВЦ да отидеш ке веруваш на институциите. И онака никој не си ја работи својата работа,за едно документче треба да поминеш преку сто шалтери и пак нема да завршиш работа.
Кој верува во корумпиран систем? Не. Секогаш кога треба нешто да се завршува уште пред време знам што ќе испадне. А ако некој/ а на шалтер има ок понашање онака изненадена сум, тоа е кај нас посебен третман. Никогаш не средиле ништо, освен за познати. 90% се неписмени, некадарни, неспособни, несоодветни, неквалификувани партиски полтрони.
Верувам само во Република Македонија, а не Северна Македонија. Во тој систем нека си веруваат Северџаните.
НЕ! Во оваа корумпирана држава не знам дали остана некој шо стварно верува во институцииве.За еден најобичен документ се чека по недела па и две,кога може за два-три дена да ти го дадат.Сè партиски вработено 90%.Од тие 90%,70% се неквалификувани,да не речам неспособни за работата.Работава ти е "Нишај врата,земај плата",со институцииве незаинтересирани,се гледа колку ја извршуваат работата.За секаде треба врски,и уште очекуваат некој да им верува..
Можевте да видите и слушнете како албанцине покажуваат сила, омраза, гнев, незадоволство на протестот? Зошто дозволи полицијата? Прашањето е за ШТО луѓе? Фетаи, обвинител на функција, максимално дава и бара да се суди и пресудува праведно, но истата таа личност, од нејзините сограѓани наиде на критики, погрдни зборови и сл. И таа како и сите нас заслужува слобода, мир, спокој, но НЕ закани, уцени и сл. На крај, пак таа ќе испадне лошата, поради тоа што има корупција и моќ, а не закон и правда.
НЕ! Има милион причини ама само неколку ќе набројам од последниов период што лично ни се случија,а не само мене туку на секој еден верувам дека му се случуваат секојдневно. Сега кога се роди детето верувале или не во матичната служба во градот кај нас моравме да фатиме врски преку на татко ми пријател кои работи таму за да ни го дадат одма, инаку требаше цел месец да го чекаме, а процедурата е проста и едноставна, детето беше заведено во Скопје, а изводот тука требаше да го земеме само, и друго отидовме кога отвораат рано да не чекаме гужви, точно на време на работа беше само човеков што не услужи, другите дури после 2 часа иделе. Здравството нешто што е најбитно кај нас е катастрофа, и катастрофа е мал збор дури. Детето кога ми качи температура педијатарот ми вика носи го во болница, јас го носам и наместо да го прегледаат таа сестрата ми се развика сум влегла од погрешна страна, ме тераше да излезам и да вртам цел круг за до другата врата, после од кога свртев им текна упат да ми побараат они така не можеле да го видат бебето, ден недела беше упат немаше од каде да земам бидејќи матичната не работеше па со врски ни дадоа од брза помош само колку да го видат детето во болница (2 недели бебе) беше тогаш да напоменам, он вришти од плачење они ме малтретираат мене, не знам како само се воздржав во тој момент да не направам хаос таму.
..Верувам 100% во инситуциите. @WildMk, дај бе некоја поинтересна тема за дискусија ебаго. Го знаеме сите одговорот на ова прашање.
Едно големо НЕ. За да завршиш една најбанална работа се изжувуваат буквално, се е партиски вработено и крајно неписмено, квалитетниот кадар седи дома или работи на несоодвтни работни позиции во фабрики или пак крајот си го наоѓаат во странство.
Не. Во секој поглед тонеме и последни сме на листите во секој поглед. Тоа многу говори за институциите. Не верувам во институции во кои 99 посто од вработените се или партиски потрчковци или некомпетентни ликови напикани по Рамковен.
А да си направиме тема за поплаки и забелешки од интитуциите, да се испукаме на дневно ниво? и да ги адресираме проблемите на нивните адреси евентуално одговорот овде е повеќе од јасен