Кои институции? Смешка се сите. Не се знае кој пее кој прди. Немам ништо против вработените во јавна администрација ама повеќето одат само да пополнат време и да скролаат на Фејсбук. На пример оние што работат во ЦУК или пак инспекторите во полиција.
Еве јас ќе образложам зошто не верувам во институциите. Дали прочитавте денес татко си ја силувал ќеркичката и ги снимал сцените а потоа ги продавал на порно сајтови. Е па ќеркичката има 3 години и живееше сама со татко и. Тој е алкохоличар претходно пријавуван за семејно насилство врз жена му. Е сега истиот е меколку пати пријавуван и во шолиција и социјално за негрижа на детето и за малтретирање, каде што ништо ме се превзема. Исто и до министетсѕбото за социјално има барање детето да го згрижи друго семејство или евентуално тетка и, но и тие глуви на ова барање. Каде стигна оваа ситуација? Сите беа известени навреме што може да се случи и никој од институциите не реагираше. Директорката на социјално пријателка со газдата каде таткото на девојчето работел и ургираа да не му го одземат. Седнати на фотеља партиски цела полиција и социјално, никој не превзема ништо. Срамота од држава сме.
Кои институции. Остана ли во државава нешто за да се нарече институција. Клати врата земај плата. Ставени на работно места без никакво образование или со по некоја купена диплома. Простотилок, его, суетаа вришти уште од врата. Те гледаат превртуваат очи како на вечерата да си им седнал, а не како да се на работно место. Партиски потрчковци .
Да, и јас го забележав истото, како епидемија на лудило да се шири меѓу писарчињата, особено во последно време почнаа да мислат дека се богови и дека клиентите постојат за нив, а не обратно, поточно за нивните промени во расположение.
Не. Иако работам во државна институција, срам ми е да кажам дека таму работам ќе ме отепа некој на улица
Не верувам. Работата ми налага повремено да имам работа низ повеќе институции. Ми се гади од ,,интелектуалци,, кои ниту ти завршиле некоја работа, ниту ти помогнале за нешто напротив се иживуваат со тебе во врска со документиација и на крај ти бараат поклончиња за него и уште 4 колеги ( и тоа да не биле ефтини туку од овие поскапите ) Одвратно
Верувам колку на змија што верувам ќе кажев..а им верувам Не верувам ја на никој.Ни на моите дома.Само на себе, така што-не!