Требаше на 11-ти да се направи. Ај ништо. @zhap4e , ај ако не ти е тешко пиши кога има повторно млада месечина да испробам нешто чири бу чири ба П.С. Ми фали партнерот мој во темава за карање Asparagus, љубави ела си тука , нема смисла, во повеќе теми сите си имаат најдено по некој член да се караат, само ти ме напушти мене
Ако прајте магии, и мене земете ме... Сакам да ви бидам писар... ќе седам од страна и ќе запишувам што се дешава и како се дешава
По каква вода да го пуштам? Може во тоалет, или мора стриктно морска да биде? Да знам да си уплатам негде патување
Да не ојде работата у тојлето, буквално down the drain. Оно, кај нас исто - down the drain ти се фаќа и по Вардар да го пуштиш али пушти го Патување...викај и ја да си пуштам една магија)
@zhap4e Ајде https://www.huffingtonpost.com/gail-nakada/hidden-tokyo-harajukus-ma_b_4213865.html Магичен бунар, магично ливче, магична месечина, магична Јапонија...
Магична Јапонијааа лец го! Тамам дур збереме пари, има стоилјадиипетсто желби да напишам на листот Па нека му се мисли магичниот бунар.
Сакам да експериментирам дали има ефект. Еве ти ако знаеш сподели некој рецепт за магија да видам дали ќе делува или да го сместам во делот за хоби, тоа ќе му дојде како хоби ми е правење магии чисто за тепање слободно време, занимација доколку нема ефект Во случај магијата да има ефект тогаш ќе почнам да верувам во магии. Инаку да не ме сфатиш погрешно магии постојат, љубовта е магија
Ништо лично против тебе, само ако ми дозволиш да си кажам во врска со иконите бидејќи се спомнуваат во линкот што го имаш посочено. Поголема глупост од молење на икони "за здравје бе" нема. Да , да , сигурно иконите ќе ви помогнат да останете здрави и да си ја најдете среќата. Икони постојат, НО ЈАС НЕ ВЕРУВАМ во нивниот ефект, до сега нема некоја икона да ми влијаела на мојот живот. Така е и со магиите. Магии постојат , но уште сум во фаза на испитување дали имаат ефект, за да почнам да верувам во нив.
Барам рецепти за магии, пробувам да се замарам дали имаат ефект, 2, 3, 4, 5 неуспешни за сега некои од Youtube рецептите. Сеуште чекам некој да напише некој рецепт на магија што му делувала во животот. Штом кај некој имало ефект , сакам да видам дали и кај мене ќе има ефект. Ако има ефект тогаш ќе дојдам на темата со коментар - ДА, ВЕРУВАМ ВО ЕФЕКТОТ НА МАГИИ Ако нема ефект тогаш ќе дојдам на темата со коментар - НЕ, НЕ ВЕРУВАМ ВО ЕФЕКТОТ НА МАГИИТЕ.
@Herrera нема да има ефект, ако е психички посилен оној за кој е наменета "магијата", од оној кој ја прави. Така само му се враќа на "магионичарот". Мој совет ти е да не пробуваш. Конкретен став немам дали постојат или не, лично не верувам, но ако постојат тоа е манипулација на потсвест и ништо друго. "Магија" луѓето го нарекуваат она на кое му дозволуваат со самата нивна волја да успее. Гарант на човек кој не се плаши/не верува во "магии" нема да му успее. Прашај некој што се разбира од магии, оџа или свештено лице. Вербата инвестирана во магијата придонесува за нејзино остварување. Знам луѓе што разни чудесии наоѓале по дома (од скинати хулахопки со непознато потекло до изгорена или подискината облека исто со непознато потекло), ама не се плашеле од такви работи и си продолжиле да живеат исто ко и претходно. Ни на бајач, ни кај "егзорцист" отишле. Во превод, "магијата" немала ефект затоа што тие не дозволиле. Ако на пример, жена што верува ако најде еве да речеме врзана врвка на врата (хипотетички велам, не знам дали постои такво нешто), со самото тоа што верува во магии, секоја лоша работа што ќе ја доживее умот ја тера да ја припише на "магијата", т.е. на врвката. Со мислите сама си го повикува злото.
Значи постојат, ама не знаеш дали имаат ефект и сеуште не веруваш. Со самото тоа што тврдиш дека постојат, не би требала да имаш недоумици со вториве две. На колку неуспешни обиди планираш да запреш ? Не ти текнало ваквата упорност да ја насочиш кон нешто корисно и продуктивно ? Еве на пример, целта што сакаш да ја постигнеш на своја сметка преку магија, засукај ракави, запоти го газот малце и тргни кон тоа. Се сметаш за неспособна па ти треба нешто ' друго' да ја заврши работата место тебе ?
MarigoldA , добро, сепак тоа е твое мислење. Лично јас за да верувам во нешто , морам сама да видам дали има ефект. По светот можат да постојат секакви ствари , значи си постојат, дури може милион луѓе да веруваат во тоа, ама ете јас нема да верувам оти не сум експериментирала. Како и да е, во ред си е, не сме сите исти, ти имаш друг карактер ,сфаќања, убедувања, јас сум скроз друга. Пример некој е мрзелив , некој се прави паметен и само збори цело време, некој си е вреден помалку збори повеќе си работи, ете некој ко мене сака да експериментира. Во секој случај ме фасцинира постоењето на нешто надприродно, нешто што е тешко да се докажи, нешто што пример не е од овој свет, нешто непознато, па така и со магиите, затоа и толку сум занесена во темата
@Herrera јас апсолутно те разбирам. Само поимот експеримент малку тешко е да се имплементира во "другава" наука. Ако видиш нешто во физичко издание, тука поимот верување губи смисла. Нема да има веќе потреба да веруваш во нешто за кое експериментално си добила доказ, пошто веќе очигледно е дека постои. Муабетот ми беше, дека ако пробаш да правиш магија да речеме на суеверна жена. Плукни во крпче, кажи аџули баџули и фрли и го во двор. Глеј како жената откако ќе го најде како нема да може да заспие навечер, ќе се плаши во секој момент да не и се случи нешто лошо и ќе бара број од бајачот од Кравари. Животот ќе и биде пекол, не затоа што ти си и наприва "магија" туку затоа што нејзиниот ум потсвесно самиот ја прифаќа "магијата". На жена што не верува, ако и ја направиш истата "магија", ќе го фрли крпчето и ќе си продолжи со животот like nothing ever happened. Мислам дека ама скрос е беспотребно да се експериментира. Поготово за вакви релативни работи.
Епа како да дадам мислење на темава дали е за верување во магии или не тие 5 неуспешни обиди се малку за да ме уверат дека нема никакво дејство магијата Не ми го крши филмот, сакам да испробам, ако бива добро, ако не бива, ништо страшно , барем сум се обидела сама. Мислиш ли ако замолам некој оџа да ми даде рецепт за магија , ќе ми кажи човекот ? , па макар да треба да го платам рецептот , па дома сама да го правам