Темата е ок, само нема потреба од докажување. Како и еден куп други теми што немаат врска со магии, но луѓето и на тие теми си имаат различни, индивидуални сфаќања/мислења/верувања/ставови. И никој со ништо не експериментира за да му докаже нешто на другиот. Пробај. Никој не може да те фати за раце. Не знам јас. Ако тој знае магија, прашање на неговата волја е дали ќе го сподели тоа знаење со тебе.
@Herrera Не верувам дека било кој оџа би ти кажал такво нешто. Единствено што може е да се понудат да ти "направат". Тие работи им се поверливи и ги пренесуваат само во кругот на семејството.
Апсолутно се согласувам со тебе. Никој не е должен и нема потреба да му докажува на друг. Затоа јас си експериментирам сама за да си креирам свое мислење околу даденото прашање. @iloveyou29 , фала на одговорот, да си знам да барам рецепти од други. П.С. Многу ве сакам кога сте смирени и не напаѓате одредена личност. Баш ми е мило што го делиме истото мислење дека секој си има свои сфаќања кои треба да се почитуваат макар биле различни од сфаќањата на другите.
Покајение само кај поповите со џипови и шваљерки , и кај свештениците што силуваат деца бидејки тие се свети лица
Ne si iskusila zatoa taka zboruvas sega skoro pred nekojden pred ikonata na bogorodica brzoposlusnica prozbore I uste edno mlado dete 18 god muslimance pokraj toa sto prozbore pred edna dve god
Абе добро. Јас коментирам врз основа на тоа дали и како нешто ќе влијае врз мене. Вие останатите продолжете да си верувате, немам ништо против. Доколку ме читаш, сигурно имаш приметено дека не верувам во многу работи пример: - не верувам во духови - не верувам во вечна љубов - не верувам во марсовци - не верувам во реинкарнација - не верувам во црквата - не верувам во икони - не верувам во гатачки, бајачки - не верувам во рај и пекол - не верувам во света вода ................................ ............................... Арно ама верувам во некоја виша сила, енергија од универзумот - не знам како да опишам , но дефинитивно постои и ми помага во текот на животот. Е сега, да можеше барем некој да кажи како ги правите тие покомплицираните магии да испробав и јас па да можам да завземам страна на оваа тема.
Никој од тие што осетиле не кажува како му делувала магијата. Да знаев јас одма ќе пишев јавно, ама сите се плашат да коментираат
Добра вест, блага вест... слатка, солена Ко печурки после дожд се, јбг Во групана на фб Асоцијација на македонски атеисти ја најдов, таму ги обожаваат ваквите
@Justicija ,систер таман викам да не мислам на магии и пред малку го догледав филмот Drag me to hell и пак ми се присака да прашам да не знае некој некоја магија. Овој пат филмот е крив, а шо убаво ги подзаборавив магиите Ако имаш време, гледај го филмот, а јас ќе чекам некој нешто ново да сподели на темава
Ајде да не чекаш толку многу, еве јас ќе кажам два начина со кој можете да проверите дали сте под дејство на некоија магија, уроци или негативна енергија. Значи првиот начин е да во еден сад(било каков) го наполните со вода а потоа земете 3 шкорќиња(кибритчиња), запалете ги и ставете го во водата...Ако паднат шкорчињата на дното во садот, тоа значи дека некој ви фрлил црна магија а ако останат на површината на водата, тоа е добро и никој не ви направил никаква магија. Втората постапка е со ваша слика која се става исто во сад со вода а врз сликата се истура растопен восок...спрема фигурите кои ке се формираат во водата се толкува...равни фигури значи дека нама присуство на уроци, магиии инегативна енергија, додека формирање на прстени, многу точки во разни облици, тоа значи дека некој ви фрлил црна магија и др.
Фала @baba Rada , за шкорчиња немам, не пушам јас, ќе треба од комшијата да позејмам , ама незгодно ми е, еве го 10 часот вечер , може се задоволуваат со комшивката па да не ги прекинувам во ова време. А за вториот обид ако се мисли на восок за депилација, го потрошив, пред 2 дена се кубев , мазна сум сега. Утре ќе излезам до супермаркет по нов. Баш ќе пробам штом се снабдам со опремата. Фала ти.
Немој, ти се молам НЕМОЈ да ги генерализираш нештата. Размисли малку поубаво пред да кажеш нешто лошо за свети лица. Во ред е да искоментираш конкретен пример (или примери), зашто навистина има. Ама да кажеш дека сите се такви - не можеш, едноставно не. Не е убаво.
Не треба ни еден од нив да е таков, не разбираш ? Ќе се тешиме не биле сите такви, имало фини момци и од нив