Исто не треба ниту еден од нас, луѓето, да лаже, краде, убива, љубомори... Не можеме сите да бидеме исти.
Не е тоа, љубовта го мачи, ама ете не сака да каже. Ако му е за утеха и мене не ми е погодено во љубовта , па можам само да му посакам едно welcome to the club
Не и се извинувај, немаш причина штом ништо не си згрешил. Дури и да се смирите не ми изгледа како здрава врска. Заборави и продолжи понатаму. Тоа нема да се случи преку ноќ ама после неколку месеци ќе биде подобро.
Дечкото бара само разговор со таа женска. Ај нека проба со магијава . Реков јас и претходно дека ја имам пробано и дека следниот ден ми се јави оној што сакав да ми посвети внимание. Но тоа не ја прави магијата ефикасна бидејќи јас верувам во некоја сила од универзумот, кога нешто толку многу посакуваш и сам се трудиш да успееш, вложуваш во тоа, не знам како да опишам, тоа е некоја виша сила од природата, нешто што ги реди коцките. Мене не ми е толку до ефектов на магијата колку до тоа ко некој да ме има слушнато дека сакам он да ми се јави, барем за последен пат да се чујам со него и оп успеа . Еве му го рецептот па нека проба, може ќе "запали" и кај него :
Сигурно ќе "запали", но дали ќе упали? Како што прочитав наменета е од женска кон машка особа. Да не предизвика нескани последици(констипација, несоница и главоболки)? Во секој случај вреди да се проба, можеби ова е еден од начините преку кои дејствува универзумот. Јас лично стојам настрана од вакви рутуали, ако барем еден функционира не знам дали ќе се воздржам да не ја употребам таа моќ.
Па еве ќе ти кажам за тие полесните магии до сега немало ефект, а не знам и јас каде да прашам за некоја покомплицирана и да испробам па да ти кажам. Сигурно ги читаш коментарите и некои имаат пишано се било до психата..... Ами ај да претпоставиме сакаш да се збогатиш и сега целиот твој ум го насочуваш на пари, сонуваш пари, си замислуваш како броиш пари, како ги имаш,,,,, и оп и тоа не функционира. Значи не е ни до тоа само умствено да се насочиш на пари..... многу фактори влијаат, затоа реков такви лесни магии не помагаат, нема ефект, колку и да се залажуваат луѓето дека ќе фатило, нема. Сега остана само да испробаме од тие потешките магии што навистина им го комплицирале животот на некој, баш ме занима како тоа на некој не му идело у живот, како се му било пропаднато и каква е таа магија што им делувала за да дојдат до таков живот? Е таков рецепт, ако ми најдиш да испробам дали ќе има ефект, би ти била благодарна
@baba Rada , не е толку фрлањето на магија колку што јас сакам и имам желба за нешто непознато, нешто мистериозно, сакам сама да откривам, да испитувам. Додека некој се пали на нешто друго, мене такви некои надприродни ствари, нешто што не може да се објасни, страшно ме пали, сакам да трошам време на откривање и читање повеќе за тоа непознатото. Се надевам сега ме разбираш зошто сум загреана толку за овакави теми
Ок разбрав душо..ете јас отворив нова тема- кога последен пат сте направиле нешто ново за прв пат...па ќе чекаме сите овде, кога ти ќе пронајдеш нешто со чири бу чири ба рецепт, да ни пишеш
Овие црни магии и чуда се остаток од некои народни верувања, мислам дека ги има во секоја култура. Тоа дека се зависи од тоа на што ќе го насочиш умот го имам читано низ self-help книги. Добра тактика е за продавање книги бидејќи ти дава надеж да успееш без разлика колку и да е невозможно. Тоа ќе да е некоја силна магија, ќе мора да читнам нешто од Alister Crowley може ќе ископам некоја магија.
Заеби, не е последна, друга ќе најдеш. Следен пат немој да молиш женско, да и се подчинуваш и да губиш самодоверба. Знаеш дека жените се змии лутици , затоа играј мудро Морам да напишам нешто иако ќе бидам офф топик: луѓе не ми пишувајте лични пораки, не правам јас магии, не знам како да ви помогнам ако некој на вас ви направил. Не знам зошто погрешно сум сфатена, јас само реков дека барам некој да сподели од тие магијските рецепти да експериментирам дали ќе фати магијата.