Офф незнам дали да верувам дали не,но како што постојат натприродни сили најверојатно постојат и магиите.Мое мислење..
Кога бев малечка боледував од тумор и мајками до кај не ме однесе, сум била по цркви, по џамии, кај секакви доктори и што не други работи. И кажаа на мајками за некоја жена во Гостивар што божем лечела па ајде рековме и таму да пробаме не дели ништо. Јас персонално не појдов кај неа туку мајками со моја слика отиде. Женава и даде вода со шекер да пијам и и кажала дека сум нагазена од клетва поставена во купатило. Воопшто не верував. Една вечер пред да имам снимање утредента никако не можев да заспијам и на сред ноќ видов жена како ме држи на местото каде што имав тумор. Сабајлето и раскажав на мајками како изгледаше жената и испадна дека беше таа каде што мајками одеше. Кога ме снимија од туморот ни трага немаше што и докторите почнаја да се чудат како е можно да се деси. До ден денеска како и да верувам ама како и да не верувам што се деси, но сепак и сум благодарна неа затоа што ме спаси од смрт.
Јас сега ке ви кажам што имам слушнато....Баба ми која ја сакам највеке еднаш запоЧнавме да зборуваме за едни комшии на сестра и....Жената и јас ја познавам со никој не зборува многу е мистериозна...И синот на сестра и на баба ми т.е. мој вујко како млад многу уЧел,рамен му немал..Заврши гиманзија,прв уЧеник во цело школо и се упиша на правен факултет,1година ја поминал одлиЧен,втора година паднал скроз,престанал со уЧењето се заљубил итн.И на мајка му уште не беше јасно што се слуЧува со ова дете се додека не отишле кај една гатаЧка и таа му рекла- кога слезе на автобуска ведна6 си отиде дома?А тој кога се вракјал дома,кмшиката уште на улица го преЧекала и со се куфер го однела кај неа право дома.Затоа што кај неа имало некаква слава за син и.Аво другата соба гореле незнам колку свекји,и таму му ја стопиле маста т.е. успехот и му била украдена книга и фрлена во бунар.А пак ќерка му,моја прва другарка,како мала беше ненормално добар уЧеник а сега се гјаволи,пуши пие,прав гјаол...брат му (другиот ми вујко) е многу добар Човек веке 45 години уште не е женет,исто и тој бил кај гатаЧ и му рекол дека срекјата или незнам што му биле заклуЧени со катанец.... А пак ние кога бевме сбаба ми и дедо тие сезалепени со ЧиЧко му на татко ми со кои сме скарани...стринка му на тато викаат дека е нокја гатаЧица,магиониЧарка итн.итн.Еднаш многу одамна,баба ми стави еден Чар6ав за спиенје да се суши на тераса,и од страната каде што живее таа изсеЧено парЧе од Чаршавот некако на цик-цак,и знам баба ми не прашуваше мене,сестра ми братуЧед ми дали бевме ние ама никој не потвриди и така да....верувам,не мразам никој на како мозела таа зена да му фрли книга во бунар или да му пали свекји за да западне со факсот како не ја гризе совеста??страшно
не верувам но има и такви кои веруваат и тоа се заразени една од мојата улица за да се смири со дечкои какви се магиииите не направи и не и помогна
Верувам но не толку многу.Но од вчера некако се подзамислив. Дечко ми имаше ненормални проблеми со главата, главоболки секојдневни. беше не знам на колку лекари и сите му велеа дека нема ништо, а него главата го откорнуваше.разбравме за некоја жена која работела со био енергија и ,,разбивала,,магии. Кога појде тој кај неа таа почна да припаѓа и му викаше како може да издржи толку силни главоболки. Му кажа дека бил на толку и толку Божји места да бара лек, дека му е направено од жена во години која е болна,кога бил девер на свадба, таа му подметнала маица во бовчите која била миена во отров од змија.ЗАМИСЛЕТЕ!Какви суштества постојат. Потоа му кажа што треба да прави и му вика вечерва ќе се измиеш со крстена вода, што ти стои во кујната во таа и таа фиока. WTF? Кога рече така јас се здрвив. Жената чита од рака и се кажува, не беше нормално тоа. Ние се надеваме дека таа ќе помогне,зошто стварно кога лекарите креваат раце,мора да се наоѓа друго чаре. Плус, моја пријателка одеше за бременост, десет години немаше беебнце, кога појде кај неа за еден месец остана бремена. И ај после не верувај.
Не верувам и никогаш не сум размислувала околу ова за да се предомислам и да си мислам дека нешто вакво сепак постои.Но пред некое време на прељубници гледав нешто вакво и навистинааа не ми се веруваше тоа што го гледав со мои очи,неверував дека може да да постои нешто вакво еве линк па погледајте и вие ....... ако е вистина....ЖАЛНО http://www.youtube.com/watch?v=3iP8dzj0 ... re=related
За емисијава имам слушното дека се е наместено, им плаќале за затоа, а колку стварно е вистина не знам.
Луѓе јас и верувам и не во вакви работи. Ко помала ми баеле од уроци најмногу, но еднашка коа ми гледаше жената која од секогаш ми гледала и на кафе и со бајачки, ми рече дека една комшивка не ми мисли добро и на мајка ми и рече како да постапи за да се биде ок... Истата жена пред 7-8 години и баеше/гледаше на братучеtка ми која имаше неполна година т.е. бебе. Девојчето од нејзиниот 2 месец од раѓање па се дотогаш не престануваше да плаче. Тетка ми каде не ја имаше носено по лекари по бајачи, но детево не престануваше да плаче. И еден де дојдоа кај нас и отидовме кај жената, која инаку ми комшивка и познаничка, и од самата врата коа ја виде малчата бабата рече дека и било шинато рачето со месеци O.o. Таа имаше шум на срцето ко мала и коа ја носеле на снимање тие од рентген и го повредиле несакајки рачето, па така секогаш коа ќе сме ја фателе или стиснеле по шинатото место одма без престан почнуваше да плаче . Исто така жената и гледаше на братучедка ми на кафе на која се и погоди. 2 месеци пред да го запознае дечково со кој што си иде сега веке 4 год: дека и влегол во куќа неколку пати (колега од факс на брат и), дека е единец, неговите добро ситуирани, смеѓ... ) И вака сеа веќе коа се присетив на сево ова забележав нешто Откако престанав да одам кај жената јас еве веќе 2 години сум многу повлечена и затворена во себе. Сакам да кажам дека порано многу сум била и со другарки и во гужва, друштвена бев многу. Сега луѓе од дома не ми се искача се оддалечив од најдобрите другарки и само со дечко ми излагам... Иако премногу се трудам, факултетот не ми оди како што треба, еден лесен предмет кој што еве сеа пети пат ќе го полагам, ако секогаш мислам дека со 7-8 па и 9 дека ќе го положам јас не можам да го положам... :// За глупости прости грешам... а онака и со другите предмети секогаш морам да згрешам и од прва да не го положам. А навистина се трудам учам и концентрирам. Па многу има што на среќа од прочитано само ќе положат од прва, а јас не знам што е работата со мене.. КАКО ДА СТОЈАМ ВО МЕСТО цело време!! Ни излегувам ни факултетот и онака повеќе работи како во место да ми стојат...ко кај мене времето да не тече е така се осеќам...навистина не беше вака со мене до пред отприлика 2 години. Инаку да напоменам дека во учењето и основно и средно јас бев одлична ученичка и навистина самата се чудам што ми се случува сега... Дали таа жената или некоја друга личност која ми љубомори ми направила некој лошотилак или што и да е морам барем да проверам...
Дали има некој/а која гледа и отстранува магии преку телефон? не мислам на овие што се од србија дали има и во македонија?
Јас верувам и до пред 3/4 години многу страдав од магии.. Меѓутоа почнав да одам кај една жена која многу ми помогна, Господ здравје да и даде... До ден денес јас сеуште одам пошто некој сеуште се обидува да ми го загрозува животот ама сега поретко. Тие што прават магии се нека му се враќа дупло на нивните најмили па да видат дали е убаво тоа што го работат!
Јас и верувам(од фамилијарно искуство, а и лично) ама и не верувам зашто едноставно ми нема научна логика воопшто. Како мала многу ме носеле по бајачки против уроци и знам се сеќавам мајка ми ни гореше кибритчиња и ги гасеше во вода и после тоа ни го миеше лицето со таа вода(е незнам дали пиевме од таа вода) на мене и на брат ми секоја вечер пред легнување. И друго искуство(ова татко ми го има кажувано) се враќале од гости мајка ми и татко ми, а мајка ми била бремена со мене ми се чини и тоа во подоцна бременост и таман на излагање од лифт татко ми излегол прв и тргнал да ја отклучи вратата и само што ја отклучил и го поминал прагот како да му се пресекле нозете и паднал доле на земја, едноставно како да снемал сила да стои. И виканал на мајка ми да не поминува и он успеал некако да се крене и да го тргне чергичето од пред врата и нашол некои конци и ги шутнал и одма му се вратила силата Кога слушам вакви приказни ми се ежи кожата
Клеопатра е пророчица, нешо такво, не мислам дека има врска со магии.. Како и да е, не верувам во нејзините претскажувања, се ми е тоа лажги.. Може грешам ама не верувам дека Клеа знае се..
Ако ти е за магии имам слушнато дека кажувала дека имаш некоја магија ама не кажувала кој ти паравел, ова она туку само дека има. А дали верувам, верувам само еден-Бог.