Да ти ја дале да ја пиеш прво ќе си почувствувала дека нешто не е во ред со водата. Зошто ќе е нечиста, матна и мириса на трулеж, додека вкусот кисело - горк. Секундарно, во најлош случај може да добиеш некаква бактерија па автоматски да ти се влоши здравјето. Но, во тоа нема никаква енергија или магија, туку таквата вода е биохемиски (изворно) нечиста. Трето - По миењето на починатиот мртовечките служби водата ја фрлаат во одводна канализација, што значи нема теоретски шанси да дојде истата до тебе. Освен ако во моментот не си во куќа на починат човек па сопствениците ја соберат во шише и подоцна те испрскаат или ти ја дадат да ја испиеш. (За вакво нешто да се случи, треба тие луѓе да се сериозно психички и душевно пореметени, а со такви не смееш да се дружиш). За крај - не сакам да се пишуваат одвратни работи, навистина се извинувам на долгото експлицитно објаснување, но не постои друг начин да ве едуцирам.
Jas ne zboruvav za mene tuku luge shto mislat deka odzitebpomagaat(a gi ima mnogu) i i objasniv shto pravi procueniot odza vo pp. Licno mene ni me interesiraat ni pak sakam da odam.Doma ke se zakaraat i magia mi napravile abesedni zborni vidi vo shto e problemot. I eve ako sakas da educiras kazi mi ajde shto ke si pomislis koga ke ti reci ovaa voda e od grobot na isus???? @Nigredo Odor cekam mislenje
Зошто ама Зошто верувате во вакви работи? Со самото верување сами на себе си наштетувате. За се лошо што ке ви се случи ке барате вина во црната магија која некој ви ја фрлил. Се опседнувате и се оди наопаку бидејки се водите со таа мисла. Се е до психата. Неможе никој да ве маѓепса и пак друг ке ја тргне таа магија. Размислувајте чисто, верувајте во себе, насмевнете се на вакви глупости и продолжете позитивно во животот.
@Rabbit 97 Логично би било да прашаш како е можно да е водата од гробот на Исус кога истиот се наоѓа во стар Ерусалим. Пристапот е отежнат до таму, исто како и полнењето вода од чешмите лоцирани во непосредна близина на неговиот гроб. Тој што ти го кажал ова голема е веројатноста да лаже, и моја препорака е да не зимаш работи кои ти се нудат. Без разлика дали се некакви предмети во прашање, колачи, сокови или вода. Исто така за време на празникот задушница не ставајте во уста сешто ви се дава од хигиенски и здраствени причини. Бакнете ја храната (ради почит), или завиткајте ја и фрлете. Особено лебни земички и стари чоколада. Околу оџите... Тоа се луѓе кои меѓудругото изработуваат, амајли, реликвии и талисмани кои наводно содржат некаква магиско енергетска вредност. Не мислам дека е добра идеја да се има доверба во нив, затоа што нивната работа е илузија. Повеќе препорачувам разговор со сопствената свест, медитација со мирна музика и одмор. Ова се меѓудругото и психолошки техники од кои секогаш се добива позитивен резултат.
Дали некој може да ми даде контакт од Оливера од Дедебалци или било кој друг гатач кој може да „гледа“ и да растура магии? ИТНО МИ Е МНОГУ!!!! БЛАГОДАРАМ!!!
Некоја будала што нема попаметна работа во животот.Злоба. Пробај да ги насочиш мислите во друг правец и да не размислуваш што, како ќе биде и да си набиваш секирации за џабе.Нема ништо да биде , продолжи си како до сега.
Не верувам во магии. Но постојат луѓе што се занимаваат со ова мислејќи оти ќе им наштетат со другите. Пред помалку од 2 години имав една “случка” со не толку близок колега на мм. Во брак се со жена му 10тина години и сеуште немаат деца. Јас тогаш бев бремена веќе 7ми месец. Кон 8 вечерта дојдоа со жена му на местото каде работам. Чудни,тивки, без многу муабет (иако претходно комуницирав со двајцата најнормално) завршија работа и излегоа. По нив влезе друга жена. Ми вика, “еј што е ова? некој го има заборавено) и го прочепка детално по што му го даде на мојот колега. Го отворивме да видиме што е, паковка од игли од оние од пазар, внатре ставени две игли испреплетени со црвен конец некако чудно, и уште нешто не ни памтам што. Ги вратив камерите и видов дека они ми ги оставиле. Толку подло као неприметно, колегава на мм го вади од џеб тоа и ми го става под еден проспект на биро, а пред да излезат ми рече нешто во смисла што е тоа што го пишува во проспектот, да не некој го има заборавено, ваљда да ме натера да одам и да го земам. Злоба владее секаде. Колку и да не ги верувам овие работи знам дека нешто лошо сакаа да направат со тоа, ама не им успеа. Маж ми го фрли во река. Ама се упрпа и он.