Јас не верував во магии но последниве неколку години се случува една те иста работа што навистина ме убедува да бидам верник. Влагам во ДМ, решена да купам само едно нешто. Штом го направам првиот чекор внатре, веднаш осеќам како енергијата се менува. Како некој со сила да ме бутка накај рафтовите за кои не сум заинтересирана. Рацете ми се тресат ако корпата не ми е наполнета. Не можам ни да се свртам да побарам помош зошто сите околу мене се во истата илузија. Го гледам секјурити, ме гледа тој мене, уште повеќе се осеќам хипнотизирана. Страв во коски. И така завршувам на каса како избезумена со 10+ продукти кои не ми ни требале, сметката вели 3000 и нешто. Мозокот ми вели „НЕМОЈ ДА СИ ВРАТИЛА НЕКОЈ ПРОДУКТ СЕ ОД ОВДЕ ТИ ТРЕБА ПАРЕ ИДУ И ДОЛАЗУ!“ И така си ќутам и плаќам, па уште им викам кусур не треба. Се вртам ги гледам луѓево позади мене оп цуп чекор напред со ист израз на лицето, како роботи некои. Многу чудна енергија, страшна магија владее во тоа место. Гаќите наопаку следен пат.
И јас истата енергија ја осеќам таму, по рафтови, на каса, ама насекаде. Магија ќе да е и да следен пат не со ѓаќи наопаку, без гаќи ќе влезам, да не фаќаат уроци и магии. Ме пресмеја
Од секогаш сум чувствувала некои чудни ствари, ко можев да проценам дали некој човек е болен или нервозен само ако сум близу него. Некогаш со некои „познаници“ било роднини или соученици неможев да разговарам колку и да сакам, нешто ме тераше да седам подалеку од нив. Откако разговарав за ова со постари баби, ми кажаа дека тоа е само некоја негативна енергија што ја имале тие луѓе. Интересно
Знам да правам магии. Другарки другари роднини ми имаат кажано дека се успешни. Веднаш по моето зборење се осеќала разлика. Можам да направам магија за коронава магионосувам секој ден. И некако тешко ми оди и мислам дека треба да се откажам бидејќи не гледам резултат. Еве тука јавно ќе ја искажам мојата магионичарска дејност. Во името на маската ракавицата оризот гравот грашокот ја проколнувам короната иншалааах. Вала леблебијаа. Теовел буте бершенге обиџуко асламулар Џиџи миџи дилиндарски стварчичи. Џуџу муџу Буш Буш Буш јашааа ој шота шота ој лулие ој лулие туке . Држете ми среќа пријатели ќе успееме. Имам сега некое јако предчуство дека ќе успееме.
Како сакаш другар така проблем не праМ Ја и така и така че магионосувам па како че се фане таке ама че успеи зна ја
Ве молам за инфо за некој оџа од Десово или било кој што помага,за блиски се работи ве молам без коментари кој може нека помогне ..
Значи темава вришти. Верувам во магија. И во прстенот на Арабела. И во сивиот череп, окото на Саурон, Иван исцелител и сличните.. Само не можам да поверувам колку ли наивни луге постојат во светов.
Не ти е срам вака што ми ја рушиш мојата магионичарска дејност? Читај погоре имам кажано дека сум помогнала многу на други луѓе.