I mene toa mi bese muabetot znam veruvam deka postojat vo tie sto gledaat ne veruvam poznavam mnogu luge koi se zafrknati od takvi raboti. No sepak ako e nesto natprirodno se soglasuvam odi vo crkva pocesto moli se na Gospod .. no i gledackite ne se sekogas za veruvanje
Ќе го споделам мојот проблем поточно... Имав прекрасна врска но преку ноќ се смени се, двајцата станавме нервозни без причина, се оддалечивме премногу, тој се затвори сам со себе дома не сака да разговара со никој и вика дека никој не го сака и дека сите го мразат, а човекот беше секогаш насмеан позитивен и јас исто така, премногу премногу се се смени и само се мачевме цело време, мислев некој период е ќе помине но ништо, ми кажаа некоја жена која "гледала" и бидејки ми е претешко отидов и искрено се зачудив од тоа колку многу некои работи ми ги кажа како да била присутна на настаните, дури ми ја опиша куќата на дечко ми до детал.. Но тоа што ме замисли е што ми кажа дека кога сме оделе некаде заедно сме имале "нагазено" нешто некоја црна магија и дека од тогаш тргнало се вака лошо, дека и мене ми е лошо но поголем дел од тоа зел мојот дечко и затоа тој стана таков... Ми кажа дека тоа може да се растури и исчисти, но мене искрено некако ме фати страв да не има потоа некој полош ефект.. А од друга страна си викам што ако тоа ни помогне да излеземе од ситуацијата што навистина премногу стана неподнослива и тешка...
Јас мислам све е до енергијата , значи постојат луѓе со негативна и лоша енергија и умешно влијаат врз другите и оставаат лоши траги Магија со тие ритуали како во филмовите има само во Африка но нивото на едукација и образование не е на завидно ниво Проблемот е што сите поминуваме низ тешки денови и одма се помислува на магии што не може да значи , обрнете малку на Астрологијата и Астрономијата , бидејќи планетите годинава на никој не ни се наклонети планетите , и затоа сите сме down
Верувај ми мислев само лош период е, ама чудно е премногу зошто се одеднаш се случи така.... А женава некако ме погоди...
Во Африка имало магии велиш ама образованието не им било на завидно ниво, и после велиш да се осврнеме на планетите
Јас колку што знам таквите што демек растураат се само за пари, да те исцедат колку што можат повеќе и толку. Ти кажав и претходно, подобро барај спас во Бог отколку во некоја гледачка, Господ е над сите и поголем и помоќен од сите, неможе некоја си бајачка таму да биде над него. Сепак ова е мое мислење и како јас гледам на работиве, ти сама најдобро си знаеш како сакаш да постапиш.
И покрај се што некако се ми погоди, спомна дека ете имаме нагазено нешто и затоа преку ноќ почна да се случуваат лоши работи, но таа знаела да растура ми напиша еден куп работи што требало да ги однесам и да си платам...
Епа тоа е тоа што сакам да ти кажам, ќе платиш еднаш, после ќе ти рече а од еднаш не помага, и така ќе мота да одиш цело време и да ти ги влече парите, сите тие се исти од интерест за пари, не се лажи.