Здраво. Сосем случајно, при перење на перници дома, во една од нив, на која спиев јас порано, а сега само така си стои на кревет ми стана неудобна, мајка ми најде завиткана крпа како плик залепена со трака на двете страни. Такви крпи имаме ние дома. Внатре имало или тревки или коса не можела да оцени што е и трошки леб. Сето тоа веќе е фрлено заедно со перницата. Не верувам во вакви работи, се ужаснувам и морници ме лазат од самата помисла. Дали некој од вас би знаел што би значело ова.Кој и да го ставил намерата не му била добра очигледно.
И маж ми пред 4-5 години уште пред да бидеме заедно има најдено нешто во перница врзувано со конци, не знае ни тој што е. Ја фрлил перницата и никому ништо. Очигледно некој болен во главата мислел дека ќе ти наштети со овие глупости
Lovely- Girl и јас сум заинтересирана за овој човек. Како може да ја добијам неговата адреса? Или напиши тука. .. Ти благодарам и поздрав!
Јас мислам или сонувам дека магиите ако верувате во нив. Дури и ако се сомневате дека можеби фаќа. отворена и е вратата.
И до оваа тема допрев. Има некој ред на настани во животот, магии не постојат . Измислени се за да има лекуваќи што сакаат да мамат и земаат тон парички од луѓето за празен муабет. Епа имал мака некој невидлива некоја. Такви невидливи работи се лекуваат во болница, психолог , психијатар. И обично во ова верува свет кој е побожен да се изразам така. Чуваат како крстена вода незнам што абе вода си е вода не ме заебавај. Што е тоа што постои а не се гледа, за кое не е виновен самиот човек?? НЕ може се да ви е мазно у животот, има и падови, не постое човек што цвета цел век. Доаѓа и ден коа ке се исуши и овене. Прриродата ни дала ум и разум за разлика од животните и интелигенција , кои за жал некои ја користат у спротивна(негативна) насока. Прекинете да си фрлате пари по такви апаши, има што да се купи со тие пари.