Не постојат магии, не знам што е тука дискутабилно. И во православната религија тие што веруваат во магии и амајлии се сметаат за неверници. Ете дури и во минатото кога народот не можел да сфати поинаку религијата ги поучувала на работи од ваков тип. А за злобни луѓе да постојат, постојат. Само не може да ти нанесат штета во вид на магија, туку ќе најдат тие пореални средства за да си ја остварат целта.
Здраво ми треба мислење кога спијам со дечко ми навечер се поти по 5 маици менува ми вика кога е сам не му се случува тоа мене истото ми се случуваше со бивши и он исто таква реакција имаше никад не сум била по бајачки ама не сакам врската да ми пропадне ради тоа
Една другарка нашла денес у станот црвен конец и блузата испрскана со крв. Што значи ова? Се преплаши кутрата , плачи. Се сомнева на една другарка бивша кои беа неразделни. И сега што треба да се направи?
Имам едно прашање до вас феминки. Дали би можело некој да ми направи магија а јас да не приметам? И дали би можело доколку ми завидува некој да не урочи лесно онака само со поглед. Доколку некоја знае нешто повеќе нека ми пиши ЛП
Исто така ми имаат кажано дека можно било магија да ти направат преку слика. Дали таа слика мора лично да им ја дадеш за да го сторат тоа или можат и од нет да симнат моја слика и да ја извадат (испечатат) на пример слика од алманах
Здраво незнам дали е некој адет, измислотина или маѓија разни мисли имам можеби е глупо. Имам две дечиња со второто скоро се породив втор пат веќе кога си го донесеме бебето свекрвата требало да земе од изметот на бебето она требало некаде да ставе без да ни каже што праве каде го носе.
Па да се подзадума човек дали да верува или не ама јас сепак мислам дека ако си со бог магиите не ти можат ништо а напротив тој кој ти прави магии си прави лошо за себе и за фамилијата
Здраво. Обично не сум личност која што верува во маѓии, гатачки и слични работи, но една случка ме замисли. Се работи за пар дечко и девојка кои со кои јас и мојот сопруг сме другари. Една вечер беа поканети кај нас на гости. Дојдоа многу касно видно вознемирени и со претходна расправија меѓу нив. Станаа да си одат во 12 без 5, и покрај наше инсистирање да почекаат да "прекрши" 12 часот. Веднаш по станувањето на креветот видов две шамивчиња и потрчав да им ги вратам, но тие одбиваа да признаат дека се нивни. Пред да дојдат на креветот немаше ништо во тоа сме сигурни. Ги прашавме и останатите членови од нашето семејство, но шамивчињата не се на никој од нашата фамилија. Шамивчињата кои ги оставија беа две едно во друго и извезени како со цветови. Парот кој беше кај нас дома претходно знаеме дека посетувале гатачки.Веднаш ги фрливме шамивчињата.Дали сте се сретнале со ваква работа?