В ѓубре? Баба ми ептен веруваше во вакви работи... за то нефаќање со раце, не знаев... ама ми имаше кажано, дека по вода се пуштале 'правени' работи.
Инаку заборавив да кажам дека луѓето што прават, најчесто земаат работи од сандукот на умрен човек (пари, вино) исто и мртовечка вода (нели пред облекување се бриши со крпа колку толку), парче коса, прстен вадат од мртовци, свеќи и конци.. Кукли итн.. Ова не се убави работи ама знам и други случаеви и затоа пазење многу. Имаше случај со моја пријателка каде на времето и дале јајца, и' фалеле три и блиска и' позајмила (можеби имало нешто и на нив) и исто неубави работи. Потоа (до скоро) на плац клучеви куп во нејзина куќа што никогаш и ги немале. Затоа земање, ништо од никого.
Не ги сфаќам луѓето што воопшто пробуваат да наштетуваат на овој начин, не навлегувајќи во дискусии дали постои или не, не е битно. Самата помисла дека свесно оди за да наштети е доволно луда. Верувам само дека работите се случуваат ради некоја причина, судбина, ама ради парче облека или не знам што лоши сили да ми го свртат животот за 360 степени, не знам. Но, секој си има различни мислења, нема тука што да се мешам.
И јас секогаш истото го викам, мора логика да постои, се така се случува што знам. Има и случајности како што претходно реков, но не се потпирам никогаш на вакви работи.
Знам дека има премногу луѓе што одат да прават вакви работи, форумов ( да не беше форумов, да ми кажуваше некој немаше да верувам дека се уште има луѓе што се лажат по вакви рабти)ни е пример за тоа, цело време се бараат некој бајачи, гатачи и верувам во злобата на луѓето да му наштети на некој, со таа цел и се прават вакви работи, ама не верувам во нивното влијание, секој во животот се соочува со тешки моменти, ситуации кои може да траат подолго време, а секој проблем треба да се реши на разумен начин.
Со сигурност ти кажувам дека нема апсолутно никакво логично објаснување. Едит: ако некој има поразлично мислење почитувајте и не убедувајте.
Ај, пред да одиш по гатачки и бајачки, едно логично прашање. Дали кај што ти се сушеле алиштата доаѓаат птици или мачки? Гулаби, чавки итн. се сештојади и јадат и месо. Така што, можно е и некое животинче да ги довлечкало. Мене, кој сум најголем антипушач еднаш ми донесоа птиците отпушок. Ми носеле и конци и други работи.
Па ме интересира затоа те прашав.Ако више постои некаква магија, треба автоматски да те зафати во моментот кога некој ќе те проколне...
Проколнувањето нема врска со магијата. Проколнувањето може да е само со зборови. Магијата прави полоши работи. Ако некој те проколне, не значи дека ќе те снајде баш тоа. Туку се враќа утре-друг ден на поколенијата на тој што изустил клетва.
Ако нешто постои, тогаш тоа постои без разлика дали веруваш во него или си го искусил. Магнетната сила ќе постои и ќе влијае на тебе колку и да не веруваш ти во неа. Има некој магија изолирано или пак во контролирани услови направено експеримент?