Никола Тесла како ги добил идеите? Отварал портали со шифра 369 самиот има дадено изјава дека тоа бил кодот на универзумот и мудроста а уствари преку свеста се поврзувал со одредени спиритуални сили (демони кои не се баш најдобронамерни ) кои се далеку поинтелигентни од човекот а му помагале во креирањето идеи и како што он тврди имал 3Д визии за неговите иновации.
Да....самиот негов лик и поглед многу кажува....којзнае каков би бил денес светот без неговите иновации на кои цел свет им се поклонува....но за таа икона не смее да се зборува ...
Уфф да, секоја друга спиритуална идеја што не е христијанска е демонска и ѓаволска.Не мислите некој пат дека можеби не е се така црно бело на светов?
Здраво девојки. Имам една комшивка откако е мажена, цело време ни прави некои работи овде. Ја имавме и лично видено каде ни истури некаква жолта течност на сред бел ден и тоа во снег. Имаме појдено и по гледачки и по се што слушнавме и сите ни кажаа дека е таа. На сестра ми и зеде блуза, демек ќе ја носи на свадба, не ја носеше и јас одма другиот ден појдов да и ја побарам, не ми ја даде, ми ја донесе другиот ден, притоа свекрва и ми кажа дека два пати ја испрала блузата, а не ја ни носеше. Ја однесе сестра ми кај една девојка и и кажа дека од блузата има скинато конче, со кое сака да направи нешто. Бидејќи јас и ја побарав блузата, немаше време да ја однеси негде и скинала конче. Има и други куп работи. Денес бев на гробишта, на гробот од дедо ми. Го чистев гробот и има вазна за цвеќе, но беше празна. Додека чистев во вазната најдов јајце, чисто бело, значи не бојадисано. Ја прашав баба ми што бара тука јајце, дали таа го има оставено и ми рече не. Го извадов јајцето и го скршив. Јајцето беше пресно, значи чисто внатре, не беше стоено, не беше расипано. Се сомневам повторно во нејзе, бидејќи гробот од мајка и е во близина на дедо ми. Мислам дека го имаше оставено кај мртовец, за потоа да го закопа во дворот. Со тејман подчадуваме скоро секоја вечер низ куќа, а околу куќа прскаме со солена вода. Ваше мислење и совет како да се откачиме од овие работи...?
Да си најдете некоја полезна работа и нема да мислите дека некој нешто ви прави. И што има да давате свои алишта по комшии .
Да и кажете дека полиција ќе и викнете ако продолжи како лудача да се однесува, да ви влегува во дворови и слично, да престанете да верувате во глупости и да ја игнорирате како да не постои.
Не можам во полиција, мажот и работи таму и џабе ќе биди. Инаку не се глупости, ајде по бајачки одење се глупости, тоа лично што ја видовме, глупост е? И пред да одиме по бајачки, дојде човек кај нас дома и ни рече на сон ми се кажа дека не сте добри цела фамилија. Човекот не е бајач, не е гатач, работи со светци и тој дојде и ни кажа.
Hebrews 13:6 So that we may boldly say, The Lord is my helper, and I will not fear what man shall do unto me.