ako barate brojce od nekoja bajacka od skopje se lazete,ovie od sk se bagra za pari lazat i te manipoliraat,nadobri gledaci sto starno ke ti go resat problemot se borce i dule od vele,a dule moze i da ti kaze na kakov nacin e napravena magijata i ke ti kaze kade da odis da ja rasturis ako e na muslimanski nacin tie tesko se rasturaat zosto se so dzinovi ili sejtani
Ве молам за помош совет, одговор. Последно време ништо не ми оди "од рака". Досега не верував ни во магии ни во глупости, ама многу гафови ми се случуваат во последно време. проблеми, отсуство, замаеност, хистерични напади на чешање.... денес во алиштата најдов црно сошиено торбе (како чанте) од црн материјал во еден слој. Дали сум параноична, или некој навистина нешто ми прави?! Ве читам, зборувате за некој ДУле од Велес и некоја жена од Дедебалци. Дајте ми совет, кој можи да ми помогни и дали се работи за магија?! Фала, поздрав
Воопшто не е убаво тоа што си го нашла, исто и мене ми се имаше случено такви нешто, и отидов кај неколку гледачи и се едно исто.Едвај чекаат само пари да земат..Послушај ме и оди во црквата Св Горгија во Чаир во Скопје (незнам од каде си) и побарај го отецот што држи предавања во четврток за љубов, за семејство и така натака, закажи си и разговарај со него. Од еден разговор со тој човек, мене животот ми се претвори во розев.И жал ми е што никако не наоѓам време да отидам повторно.Сите љубовни проблеми престанаа од наредниот ден(отидов затоа што ништо од љубовта не ми одеше од рака, и секоја врска ми завршуваше без причина).Едноставно позитивната мисла е најмоќна од се.Доволно е таква личност која сепак проповеда за господ да ти овозможи да си ги отвориш очите. А оние кои прават такви глупости како магија и слично, казната ќе ги стигне кога тогаш.Послушај ме и направи го тоа веднаш.
Значи од тоа што имам слушнато и доживеано, навистина ми изгледа дека овие работи се презастапени во Македонијава. Мислам дека ситуацијава е доста загрижувачка...срамота е во православна земја ова да се случува. Толку злобни луѓе на едно место...страшно! Има, има такви работи, ама за жал секогаш се враќа не на тој што правел туку на најмилото. Така на една шо праеше магии на цела фамилија и` се врати на детето, никако не може да се вклопи, никој не го сака, секој ден проблеми, како да е самo против сите. Колку маки си има со него...баш ми е жал, детето не е ништо криво, ама ете...жената се стопи од секирации, ама ете, пред да направат не размислуваат дека може еден ден и тие да офкаат како оние на кои им аправиле нешто лошо. И јас најдов нешто...не е битно, али значи додека да го најдам последниве 2-3 месеци очи ќе си извадевме со мм, дури разговаравме и за развод и тоа без некоја особена причина, а претходно НИКОГАШ сме се немале скарано. Јас го најдов предметот (не е битно шо) и само што го зедов в рака како некоја сила да ми го зеде од раце и падна долу. Мм праша што е тоа, а јас за да го заштитам му реков „не го гледај, сега ќе го фрлам“ и јасно му беше за што станува збор, не дека ни` е сефте. Тоа, молете се, одете во црква, само Господ од такви работи може да ве сочува, Господ секогаш ќе го победи Нечестивиот само ако силно Му веруваме. И да, за малку ќе заборавев, иако помина Велигден, да си знаете за понатаму: Не давајте вапцани или било какви јајца на луѓе во кои немате целосна доверба. Со јајце најмногу магии се правеле, особено со Велигденско јајце, а од нив има некои кои многу тешко се разбивале.
Ми падна чудно ова што ми се случи.Бев во Петровец, станав рано чекав ред да се запишам во еден список ( Кај што бев таа се вика Маре) и кога дојдов на ред само што влегов рече да излезам дека сум била неверник. Незнам ни дали да им веруваш ни дали не.. А сакам да ми гледаат
се сложувам со Sephora. Иако Вика е создадена во 20 век сепак се базира на принципи од паганизмот која постоела многу долго време пред христијанството, и факт е дека сите т.н модерни религии (христијанство и ислам на прво место) црпат инспирација од паганството и всушност голем дел од т.н ритуали во овие религии се копија на паганските ритуали со тоа што дадено му е објаснување соодветно на религијата ... океј да не забегвам од темата за магии .... да верувам дека се вистина (од искуство) и не се нешто со кое што човек треба да си игра. Треба да се има голема одговорност кога некој ќе реши да прави магија и треба да има на ум дека доколку со магијата предизвикува зло некому, тогаш тоа зло ќе му се врати 3 пати посилно.
Да верувам, заради тоа што ми се случи непријатно искуство, од луге кои се искомплексирани и немаат друга работа во животот освен да се труди да уништи друг. имам наогано пред врата клопче мотано со црни и бели конци, гројзе во форма на крстови, крв на вратата... постои многу злобен народ
Незнам дали верувам или не ... постојат луѓе кои се злобни и кои сакаат да напакостат на други па сакат да го сторат тоа со МАГИИ. A како би го опишале овој збор на пример вие ? Магија-отров за душата кој се пренесува преку предмети ? Од друга страна верувам бидејќи од по страната на мојата мајка биле богата фамилија и живеат во куќа па мојата баба кога беше жива секогаш кажуваше дека нашла некаква коса во дворот,потоа на алиштата на жиците биле поткинувани,крпчиња со крв и слично, е потоа случајно дошла во дворот една жена (улична продавачка) и рекла дека таа куќа и изгледала многу проколнувана па ќе падне некој тешко болен ,по две недели баба ми беше тешко болна и умре.Што беше крајно ужасно на гробот најдовме малечки чаши и ракија (се распрашаа но не се знаеше кој бил) ,подоцна најдов замотани конци .Па АМАН реков жената и почина и на мира не ја оставија страшно бев разочарана .
не верував...но после се она што поминав не знам веќе во што да верувам.....од дома ми снемуваше маици...под чергата пред вратат наоѓав конци.....ми кажуваа дека свекрва ми носи маици од мене по бајачи и гатачи ( и тоа секогаш кога работите ќе тргнеа на подобро....) а една нивна пријателка ми има кажано дека уште како дечко и девојка ми носела слики по оџи за да „ме врзе“....којзнае... но ете бракот ни се распаѓа.... додека бев таму бев мнооогу нервозна, а сега веќе не сум.... можеби едноставно е затоа што мповеќе не сум под стрес...барем јас така сакам да мислам
Ако е таа Маре од Петровец шо мислам, подобро што не си имала работа со неа. Eдна другарка има одено кај неа и има однесено маица една демек оваа да ја пее нз шо да и` прави и да ја носи. Абе оттогаш и здравје и се` и` тргна наопаку на женава. Како таа самата да и` направи магија наместо да и` помогне...
И јас ти препорачувам да се тргнеш од тие злобни луѓе, ништо добро нема да видиш од нив, само ќе ти влеваат депресија, омраза кон луѓе, негативни мисли. Знам која е таа, има слична и во нејзината околина, демек оној од Велес што гледал, му се сонило и она да гледала. Си била неверник? Тоа значело дека не веруваш во нејзината професија-растурач на магии и слични срања, немој да си мислиш дека не веруваш во Господ. И да, така гледала, со бели маички, онаа другата со сол, ќе ти речат да не прекрстуваш нозе, раце, им смета изгледа формата на крст. И сите им викаат, ќе ти помогнам јас дете, ќе ме памтиш ти мене уште многу време. Немој да одиш кај такви, само моли се и живеј убав и праведен живот.