Ne se plasi gospot te cuva i da ti posakuvaat loso gospod te stiti .Ne idi po gatacki zaso i ti kje bides kako zolvati i dr .Veruvaj vo gospod nikoj i niso ne ti moze on ne cuva.
Јас никогаш не би тргнала по такви работи ,си верувам во господ и затоа ништо не може да ми се случи ,но само сакав да знам со која цел е црвениот конец зашиен ....
Не верувам во магии а уште повеќе не верувам во растурање на магии. Верувам во насочување на негативна енергија кон одредена личност. Тоа мртвачки води, мртвачки земји .. абе пародии Џабе е све тоа. Пред некоја недела правев натална карта, што редовно правам секоја година. Да видам планетите како ми се поставени, чакрите до каде ми се (иако ги осеќам фала богу инструктор сум, нема шанси да не ми е познато тоа) и чоеков ми вика која е оваа личност таква таква и таква. По описот се чудам, бидејќи иако не ме сака дотичната мислев дека ме пребродела. Ооо кога споивме два и два. Вика оваа по магионичари иде да знаеш. Нормално, ич не допре до мене тоа. Прашав само шо да праам, вели појачај медитација и продолжи да работиш на чакрите да ја тргнеш блокадата од втората. Реално повеќе ме насекира тоа што ми го кажа за човек што ми значи низ што поминува и колку ќе пати ако не му пружи некој рака неголи оваа што оди по магионичари. Луѓе, сериозно сеа. Нема појака сила од самите вас што може да ви наштети. даљњег е ваше
на твое место би ја чувала и ко ќе дојдат на гости ќе ја постелам на земја и со нога ќе избришам паркет, демек чистам не се замарај нишо не ти можат.
Офф божее, со што се занимаваат некои луѓе што имаат вишок време . Со кој памет го шиеле кончето, па мислеле ли толку дека нема да приметиш . Интересно ми е тоа што мислат дека може на ваков мизерен начин некому да наштетат . Се има по светов.
Вака кога зборите за конци ми текна дека еднаш најдов црн конец во мекица. Една роднина баба ни донесе мекици и во една од нив имаше црн подебел конец ама помислив океј, случајно паднал. Тоа беше поодамна и сега си размислувам може стварно намерно го ставила со цел магија.
Прво се потресив но после кога размислив си реков за нив си прават.Му кажав на мм тој ќе му речи на мајка му. Блузата темна а конецот дречи црвен,хаха тешко нив на паметот. Можеби,но ако не веруваш ништо не може да ти се случи,јас не верувам ,прво се изнервирав после се изнасмеавме со мм.
Ми рече дека не верува во такви работи ,прво му беше смешно но после му објаснив и се поклопија коцките со се што прави ,сол што фрла по дома,по гатачки што оди и ова со конецот беше капаче на се. После ми рече ако прават нешто за нив си прават не се замарај со такви глупости.Јас рече после ке ја прашам.И јас реков добро однеси ме покрај река да ја фрлам.Ме однесе ја фрлив блузата и толку.Уште да видиме како ќе изреагира мајка му.
Чим мт ти е поддршка немаш гајле. Ете доказ дека магиите не функционираат Иначе ќе си го свртела синче накај нив.
Имам целосна поддршка од него,јас како што читав на интернет црвен конец било за да те придобие некој или да го сакаш,а ние со золва ми немаме многу иди ми дојди ми па затоа мислеле дека јас наеднаш ќе ги засакам и ќе одам кај нив.Прво мм не сака да живее со нив ,а тие мислат дека јас го терам а јас врска немам со то.Сепак неуспешна беше магијата. Затоа после мм рече обратно им испадна магијата,ниту ти ќе ги засакаш ниту ќе одиме кај нив на гости.
Здраво Најпрво би напоменала дека не верувам во вакви работи но еден коментар ме натера да размислам и сфатам дека наоѓам чудни работи или им се дешаваат чудни работи на моите алишта. Живеам со свекрва која ме изеде психички се неа и смета, се прави мајка на моето дете а сега и веќе мм не ме гледа со исти очи имаме тешки расправии со закани дури заради неа иако знае дека сум во право. но тоа не би било чудно . Чудното е што јас не можам да и вратам збор или ако и вратам одма ми е криво имам паничен напад... Имаме еден пар исти панталони одвнатре им сошила зелен конец на моите за да знаела дека се мои кога пере. На едни други мои панталони на работ превртен ластикот ,, го превртела машината" пробав да го исправам нејќе го распарав гледам сошиен така (шнајдерка е ). Обетки на два пати ми ги снемало па одеднаш се појавиле . Не знам веќе што да направам пекол ми стана животот.
Гледам немаш поддршка од семејството, ниту некаков систем за потпора,а во ммнг ранлива состојба си. Направи две работи- Иди на психолог приватно без никој да знае и зборувај за твојов проблем и иди во црква и побарај муабет со свештеник. Претпоставувам немаш избор и мораш да живееш заедно со сверквава. На крајот кога ќе станеш психички стабилна и решителна (значи ќе имаш опции како да го решиш проблемов- дали свекрвава да живее на друго место итн итн) ќе побараш муабет со сопругот и ЗАЕДНО ќе го решите ова. Ако умот не му е тука и не ги гледа работиве заедно ќе идете кај твојот психолог и свештеник за разговор и совети. И после пак ајде да го решиме проблемов. Ова е идеален тек на настаните, знам дека не е вака едноставно но мора од некаде да се почне, само немој да трпиш и психички да те јадат другите луѓе иначе ке пропаднеш и ќе биде прекасно да најдеш решение. Не биди жртва, бори се за твојот мир и за твоето семејство.
Пробав со психолог но едноставно пред неа сум немоќна , не можам да и поставам граници. Ништо не почитува едноставно а и кога ќе се спротиставам се јадам себе си зошто така...
Не верувам во магии. Верувам дека лоша мисла предизвикува лоши дела и однесување. Така може човек да повреди друг. Е сега верувам дека има луѓе со исцелителна моќ, тоа дали се смета за магиска моќ е прашање. А сум слушала за такви будалштини да направи нешто некој. Еднаш при садење цвеќиња најде свекрва ми цело јајце обично, бело закопано во земјата во дворот и претпостави дека некоја комшивка и прави магии. Тврдеше дека не е нејзино, заборавено, зашто знам дека велигденско јајце си имаше навика да си закопа за бериќет. Не би знаела за што прават такви ритуали во туѓ дом, за убаво не е сигурно. Еднаш слушнав дека таа мртвечка вода ја прават така што ноќта на бдеење оставаат шише со вода под сандакот на мртовецот, цела ноќ. А не со миење..не знам за кои цели ја прават не ме ни интересирало да прашам. Одбивам одма на муабетот.