zainteresirana sum za brojot od ovoj covek, ke mozes li da mi go napises vo licna poraka? bratucedka mi si ima golema maka sekoj lekar se otkaza od nea a spored ova sto go citam ovde sigurno nesto i e napraveno, nie ne veruvavme isto vo vakvi raboti ama od maka covek sekade trazi pomos.
Немој никако кај такви да одите,уште поголема беља ќе си направите.Кај нас во Ислам така не се лекува од тие Џини (демони).Кај нас само со Рукја се лечи од магии,уроци,ограх.Таа што пишала за тој тоа е врачар.Он соработува со Демони и му помагаат да ги лаже така луѓето тие амајлии тоа се магии испишуваат нивни знаци.На болната особа ќе и се чини дека се излечила ама понатака ќе има уште повеќе проблеми.Има и демек оџа се представува а праваат магии кај нас се вика сихир.Кога ви бараат облека,слика,кокошка,катанци и да ви прават амајлии тоа се врачари никаков оџа не е тоа.Кај нас нема никакви Баба тоа се Дервиши секта и они се молат на гробови на нивни поглавари не на Господ они одат во теќија се молат.
Кај нив се викаат Баба кај нас Сунити тоа го нема.А за такви работи има во секоја вера што прават.Затоа и пишав никаков оџа нема да прави такви работи исправен што е во вера.Девојката што пишала сигурно била кај некој Дервиш сихирбаз.Се знае кој е кај нас поглавар на Исламска заедница.
Ептен ја продлабочуваш работава без никаква потреба. За мене тој поглавар е битен колку и ланскиот снег, го множам со 0 ама тоа е друга тема.
Зошто бе правете магии!!?? Не е битно дали е бела или црна. Сеедно е магија. Каде ли ќе ви одат душите бе луѓе.
Што мислите за живо јајце во дупка од оџак? Онаа дупка долу што се чисти оџакот најдов јајце живо од кокошка и беше цело однадвор, а внатре веќе суво. Не е пуштено одозгора зошто нема оџак не е ѕидано после кров.
Читам многу луѓе од мака се залетуваат по што и да видат, слушнат, прочитаат па мислењево ќе го оставам и во оваа тема и е за оџа каде што оделе паталци мислејќи дека е решение: Ова што го опишувате ниту е гатање ниту е баење. Не се занесувајте по вакви работи и не си играјте со кармата. Овој пример што го прочитав е (како што и си пиша) магии со тоа што значи дека некој друг ќе заглави со вашата мака - значи вие не сте решиле ваш проблем туку сте си натрупале на вашата карма. Така да, ако слушнете вакво нешто - бегајте подалеку и барајте друга опција.
Дали сте чуле што значи крв измачкана на прагот? Пред некоја година видов пред мојата врата и тоа на излегување со децата бев...и инстиктивно ми дојде се затрчав јас да преминам наместо некое од децата. Последниве години имам лош брак, со сопругот од ништо кавга станува. Се си го враќам сеќавањето на тој ден и толку време се обидував да си речам ништо не ми може, јас сум јака но работиве никако не се оправаат. За себе можам да кажам дека не верувам во тие работи но не можам да си објаснам како ми се влоши бракот
Крв измачкана на прагот јас мислам дека значи дека можеби некое животинче повредено поминало покрај него и оставило крвави траги. Причината за лошиот брак и несогласувањата барајте ги во вас двајцата а не во крвави знаци и глупости. Немаш пишано детали за тоа што ви се случува во бракот ама прв чекор во подобрување на истиот е комуникацијата! Само вие двајца знаете зошто и како тргнало наопаку и верувај дека ништо не се случува туку така преку ноќ. Разговор и само разговор.
Се согласувам, но веќе избегнувам разговор оти после разговор уште полошо станува. Последниот разговор е остануваме заедно само да ги израснеме децата. Без интима без нежности без љубов... страшно е до каде дојдовме. Инаку живеам на 5ти кат...
не и не,мислам кој век сме и каде одиме со технологии и се за да веруваме или да се бавтаме и да го замараме мозокот со такви ствари
оди си во црква ако си верник и верувај во бог,а со сопругот разговор за дали можете понатаму заедно или не и не си го опседнувај мозокот со такви мисли како магии итн